Маричиќ: Партиите блиску до договор за имлементација на препораките на ОБСЕ/ОДИР во Изборниот законик, останува прашањето за изборниот модел


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека париите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Тој потенцираше дека за какви било промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има […]

Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини


Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа состанок со претседателот на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова и со претседателот на Здружението на приватните лекари, Лилија Чолакова Дервишова, како и со координаторите на региони на здружението од градовите низ целата држава. На средбата, соопшти Министерството за здравство, се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на […]

Пет починати и 28 нови случаи со Ковид-19


Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1. Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по […]

Заев: Секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата


Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата е порака – сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме веднаш се се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог […]

Приоритет е реорганизација на државната администрација


Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денес учествуваше и им се обрати на работните групи на семинарот за Реорганизација на државна администрација и менаџмент на промени во Република Северна Македонија и семинарот за ефикасност на јавните институции во Република Северна Македонија. Учесници на овие два семинари беа претставници од сите министерства и странски […]

Барди: Подготвен сум за настап на ЕП


Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Енис Барди рече дека е подготвен за настап на Европското првенство. За потсетување, Барди пропушти поголем дел од подготовките во Скопје поради позитивен тест на коронавирус. – Ми беше тешко во карантин и мислев дека ќе го пропуштам Европското првенство. Среќа добро се заврши. Тренирав индивидуално и кога […]

Во Вашингтон акција: Прими вакцина, добиј џоинт


Бесплатен џоинт марихуана ќе добијат возрасните во Вашингтон откако ќе се вакцнираат против корона вирусот. Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави Њујорк тајмс. За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе […]

Утре се пуштаат во употреба реновираните улици „Драмска“ и „Тасино Чешмиче“


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во завршните градежни работи од реконструкциите на улицата „Драмска“ и крак од улицата „Тасино Чешмиче“, кои од утре ќе бидат веќе пуштени во употреба. Со овој зафат, на коловозот на улиците, на вкупна површина од 1129 метри квадратни, се заменува стариот и оштетен слој со нов, висококвалитетен […]

ОРМ: Да се јакне социјалниот дијалог во интерес на сите


Унапредување на претприемачката култура, подигнување на угледот на работодавачите, како и постојана работа за унапредување на социјалниот дијалог се работите на кои постојано треба да се работи во државата за да се овозможи економски раст, но и почитување на правата на работниците, сметаат од Организацијата на работодавачи на Македонија. Сите сме на иста страна, порачаа […]

„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден


Класична манипулација е законот недела неработен ден за работниците, оцени Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип, кое како здружение низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден. Освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни […]

Самостоен синдикат на Клинички центар: Да се реализира ветувањето за 40 отсто зголемување на платите во јавното здравство


Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар соопшти дека очекува да се реализира ветувањето на СДСМ во изборната кампања за 40 отсто зголемување на платите во јавното здравство, односно по 10 отсто секоја година. Кандидатот на ДУИ за претседател на Влада, Насер Зибери, посочуваат од Синдикатот, вети плата на медицинските сестри од 600 евра. – Овие ветувања […]

Во 2020 година помалку новороденчиња


Бројот на живородени деца во 2020 година е намален за 4,1 процент во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година се родени 19.167 деца од кои 19.031 се живородени, а 136 мртвородени. Поголем е процентот на родени машки деца (51,5 проценти), а најголем број раѓања се забележани во […]

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ го изменија распоредот на јавниот сообраќај


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека денеска, среда (9.06.2021 година), во период од 15 до 17 часот, поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. По изменета траса ќе сообраќаат: Линии 2 и 2А *во правец од Автокоманда кон Сарај, од Гази […]

Филипче: Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција


Денеска пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Вакцините, посочува министерот, во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата. -Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за […]

Ангел Димитров: Недела неработен ден, добар компромис меѓу синдикатите, Владата и работодавачите


Законското решение недела да биде неработен ден што вчера Владата го усвои на седница е добар компромис, кој е постигнат преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар, оцени денеска досегашниот претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров. – Во […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Трифонов речиси изедначени


Доколку сега се одржат изборите во Бугарија во новиот парламент повторно би влегле истите партии што беа во распуштеното собрание, со тоа што постои можност главните националистички партии да го поминат прагот откако се согласија за коалиција. Според анкетата на агенцијата „Алфа рисрч“, како што објавуваат бугарските медиуми, разликата меѓу ГЕРБ на Бојко Борисов и […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на Ребалансот на буџетот, подготвува амандамани


ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на предложениот Ребаланс на буџетот, изјави денес на прес конференција Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. „Преку конкретни амандмани ќе дадеме соодветен одговор во насока на креирање продуктивен ребаланс, што ќе биде во интерес на граѓаните и компаниите“, рече тој. Муцунски, кој е и претседател на матичната собраниска Комисија за […]

Во СОСУ „Илинден“ се отвора нова паралека со 25 ученици во прва година за компјутерски техничари


Од 14 до 17 јуни 2021 година во Средното општинско стручно училиште „Илинден” ќе се одржи првиот уписен рок за запишување на учениците во прва година, во учебната 2021/2022 година. Од наредната учебна година во прва година ќе бидат запишани 93 ученици во три паралелки за Електротехничка струка, наместо како во изминатите осум години кога […]

ВМРО-ДПМНЕ се пожалил кај меѓународните преставници за изборот на уставните судии


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги известила меѓународните фактори во Македонија дека двајцата можни кандидати за членови на Уставниот суд, Цветанка Иванова  и адвокатот Талески од Битола кои се од СДСМ се во судир со  членот 111 од Уставот  доколку бидат предложени и избрани. -Членот 111 е многу јасен и вика дека функцијата на […]

За ВМРО-ДПМНЕ и Левица наредбата на Бајден нема значење – остануваат против Преспанскиот договор


За ВМРО-ДПМНЕ и Левица нема значење извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе бидат подложени на санкции сите оние што не го почитуваат или го загрозуваат Преспанскиот договор. Човекот кој како министер за надворешни работи ја потпиша Декларацијата со САД за стратешко пријателство и соработка со Македонија во 2008 година, Антонио Милошоски, вели […]