Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик


Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Северна Македонија“ истакна по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнаа на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Според него со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси […]

Милошоски не го препозна ВМРО-ДПМНЕ во заканите на Бајден


Поранешниот шеф на дипломатија и пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за декретот на американскиот претседател Џо Бајден, со кој на „црна листа“ се ставаат противниците на Преспанскиот договор, за „Слободен печат“ изјави дека станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси. – […]

И бензинските пумпи под лупа за квалитетот на горивата


Направени се контроли и кај пет бензински пумпи. Откако ќе бидат завршени сите постапки и процедури, ќе бидат објавени имињата, доколку се утврдат неправилности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој посочи дека контролите се направени кај бензински пумпи на најголемите компании кои работат со нафтени деривати и оти првичните анализи се правени во […]

Бектеши: Нема измени во јавниот повик за ваучери за туризам за граѓаните со ниски приходи


Јавниот повик за доделување ваучери за туризам за граѓаните со ниски приходи ќе се реализира како што е објавен и нема да има никакви измени, а ако е потребно во наредниот период ќе објавиме нов повик како што сме правеле и во минатото, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ние не можеме без процедури […]

Фатени двајца крадци од Скопје, најдени и украдени банкарски картички


СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде […]

Николовски: Наредбата на Бајден е порака до тие што не го почитуваат Преспанскиот договор


Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден во која е наведено дека сите граѓани кои нема да ги почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор и што ќе работат против интересите на Западен Балкан ќе бидат ставени на црна листа и нема да им биде дозволен влез во САД, мислам дека е порака за сите што ги […]

УХМР предупредува да не се стои на отворено, опасност од громови


Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за изолирана појава на град. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните два дена нестабилно ќе биде на повеќе места, а се очекува локално процесите да бидат […]

Со монтажни заменети осум пунктови на „Комунална хигиена“


Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, денеска го посетија новиот пункт на Претпријатието лоциран во близина на Скопското Кале. „Една од нашите најголеми заложби е да им обезбедиме соодветни услови за работа на вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто го носат главниот терет во извршувањето на дејноста […]

За угостителите уште шест милиони евра помош


За една од најпогодените стопански дејности – угостителството, ќе се обезбеди нова транша економска помош од државата. Владата предвидува 5,77 милиони евра директна финансиска помош од шестиот економски пакет. Таа ќе можат да ја искористат над две илјади компании од угостителската дејност. Мерката важи за сите оние коишто беа затворени во периодот од 6 до […]

Сојузот на стопански комори издава меѓународeн сертификат „Safety Travel Stamp“


Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.  Со овој меѓународно признат сертификат се потврдува дека објектите во целост ги  […]

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид, прва на удар „Куба Либре“


  Под силно полициско обезбедување, денеска почна најавуваната акција за уривање на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид, јави дописникот на МИА. За почеток се отстранува и демонтира платформата во езерото пред „Куба либре“, една од најатрактивните плажи и локации на источниот брег на Охридското Езеро.Акцијата беше очекувана, со оглед што […]

Анкета: Домашните банки сè повеќе нудат „зелени кредити“


Повеќе од половината од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти. Во однос на дел од предизвиците од корона-кризата, банките имаат укажано, во најголем дел, на зголемување на степенот на автоматизација и дигитализација […]

(ВИДЕО) СДСМ: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл


 Костадин Костадинов од СДСМ оцени денес дека протестот на ВМРО-ДПМНЕ вчера доживеал дебакл и дека се потврдило дека  граѓаните  не сакаат блокади. -Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите […]

Случај нелегален мазут: казни за седум компании, наодите доставени до Обвинителството


Седум компании заработија прекршочни пријави и казни поради нелегален увоз, складирање и продажба на мазут, соопштија денес на прес конференција вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши. Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана […]

За обложувалниците неработна недела значи 30 отсто помалку вработени и намалени приходи во буџетот


Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија (АСОМ-Скопје) денеска реагира дека неработна недела за обложувалниците значи отпуштање на 30 отсто од вработените и намелени приходи во буџет отокако вчера на прес – конференција во Владата беше соопштено дека се предвидува недела да биде неработен ден за повеќе дејности.     АСОМ реагира на предлог измените на законот кој ги опфаќа и спортските обложувалници и упатува […]

Годинава раст на БДП од 3,6 отсто, предвидува Светска банка


Светската банка во најновиот извештај предвидува раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто, следната година растот е проектиран на 3,5 проценти, а во 2023 на 3,4 отсто. За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 […]

Долгата рака на Нуланд стигна на Балканот


Наредбата на Бајден треба да ги замисли сите лидери на политички партии во Македонија кои во своите изборни програми напишаа дека ќе го спорат Преспанскиот договор, а и сите кои ја користат политиката за да ја скријат корупцијата   Слободанка Јовановска  Претседателот на САД, Џо Бајден, доцна синоќа ги стресе политичките елити на Балканот, вклучувајќи […]

Драмски театар ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески


Драмски театар Скопје  в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „#Драмски за Конески“. – Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС. Учесници во овој проект се првенците на Драмски: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја […]

Блинкен: Извршната наредба е клучна за борбата против корупцијата на Балканот


Американскиот држевен секретар, Ентони Блинкен, во посебна изјава ја дообјасни извршената наредба на претседателот Џо Бајден околу оние што ја загрозуваат демократијата, мировните договори и ја промовираат корупцијата во регионот. Блинкен нагласува дека наредбата го модернизира режимот на санкции со вклучувањето на Преспанскиот договор, но клучот во неа е силната најава на Вашингтон дека ќе […]