Бразилскиот претседател Болсонеро казнет за неносење маска


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е казнет со 108 долари за учество на мотоциклистички настан во државата Сао Паоло, на кој не носеше маска и не ги почитуваше другите превентивни мерки. Илјадници моторџии учествуваа вчера на собирот „Да забрзаме за Христа“ во Сао Паоло. Претседателот на екстремната десница излезе на чело на поворката со отворен шлем […]

Најмалку 16 загинати во напад врз болница во сирискиот град Африн


Најмалку 16 лица, вклучувајќи и 11 цивили, се убиени во вчерашните напади врз градот Африн во Сирија, каде е бомбардирана болница во секторот под контрола на антитурските бунтовници, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права. Лекар, три медицински лица, три жени и едно дете, како и еден бунтовнички командант се меѓу жртвите на бомбардирањето, […]

Разликите со Бугарија остануваат, каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не може да каже точно каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ и дали Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата во јуни, оти остануваат разликите со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, порачува дека нашата позиција е јасна: ние сме […]

Продолжува трендот на мал процент позитивни од тестираните на Ковид-19, вакцинацијата се одвива непречено


Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4.370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани вчера. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 101 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на […]

СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7


Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат. -Им кажав на лидерите на Г7 дека нашиот предизвик е – за навистина да […]

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, […]

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 21 […]

Бугарија нема да попушти под ничиј притисок, вели Кирил Топалов од историската комисија


Ни Макрон, ни Меркел, ни Америка не може да извршат притисок врз Бугарија да носи нелогични одлуки… Македонските историчари ги читаат фактите и истражувањата од бугарската и странската историографија како што ѓаволот го чита Евангелието, вели Кирил Топалов   Доколку се суди по изјавата на Кирил Топалов, бугарски член на мешовитата историска комисија, резултати од […]

Мајка фрлила две деца од прозорец, уморна од тоа што е сама


Мајка од Бруклин, САД, на возраст од 24 години, своите две деца ги фрлила од прозорец, а потоа и таа се фрлила по нив, соопшти њујоршката полиција. Како што пренесоа медиумите едното бебе е во критична состојба. Жената, која тврдела дека е „уморна од тоа што е сама“ ги фрлила од вториот кат, прво четири […]

Се пресметувале со пиштоли на Бит пазар, полицијата интервенирала


Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 02.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле приведени Р.Х.(32) и Х.Ц.(61), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик. Според полицискиот билтен вчера околу 23.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека П.С.(33) бил со […]

Плати 28 милиони долари за лет во вселената со Безос


Местото во ракетата со милијардерот Џеф Безос продадено е во саботата на аукција за 28 милиони американски долари, со што заврши едномесечното наддавање за излет во вселената со „Блу ориџин“ идниот месец. Идентитетот на лицето кое го платило тој износ не е објавено. Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата која е одржана по […]

Грција не успеја да го смени името на ФФМ


  Грција вчера до УЕФА испрати писмо во кое бара да биде сменето логото на Македонскиот дрес во кое стои ФФМ, а никаде ја нема додавката Северна. На ова со реакција се јавија и од МНР. Одтаму велат дека ФФМ не подлежи на тоа да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор. „Фудбалската Федерација на […]

ЕУРО2020: Дебитантот Финска ја изненади Данска во Копенхаген


Финската фудбалска репрезентација, која заедно со македонската, се единствените дебитанти на ЕУРО2020, приреди вечерва големо изненадување совладувајќи ја Данска во Копенхаген со 1:0 (0:0) во натпревар од првото коло во групата Б. Првиот гол во историјата за Финска на Европските првенства го постигна Јоел Похјанпало по еден час игра на стадионот „Паркен“. Заслугите за големиот триумф на […]

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките партнери, но и националните интереси


ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски […]

Продолжи натпреварот Данска – Финска


Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот во финишот на првото полувреме. На барање на двете репрезентации, откако пристигнаа вести дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, УЕФА даде согласност по вечерашниот итен состанок […]

Азербејџан размени ерменски заробеници за мапи за нагазни мини


Азербејџан ослободи 15 ерменски воени заробеници во замена за мапи кои прикажуваат локации на 100.000 нагазни мини на територии што Ерменија ги окупираше за време на речиси тридеценискиот конфликти околу регионот Нагорно Карабах, според договорот објавен во саботата. Договорот, со посредство на САД и ЕУ, означи редок помирлив гест меѓу двата горчливи непријатели во Јужен […]

Невреме во Грција, еден загинат во Солун


Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек […]

Монсунски дождови во Букурешт спроти дуелот на македонските фудбалери против Австрија


Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати попладнево романската престолнина предизвикувајќи им големи проблеми на УЕФА и романските организатори спроти утрешниот натпревар меѓу македонската и австриската репрезентација во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020. Австријците денеска пристигнаа во Букурешт и според планираното требаше во 15:30 часот да го одржат својот прв и единствен тренинг на […]

Московскиот градоначалник прогласи пет неработни денови заради раст на бројот на заразени со Ковид-19


Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, поради наглото зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, денеска соопшти дека деновите од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни, а ќе им бидат платени на сите вработени. На својот официјален блог градоначалникот напиша дека „тоа е долг неработен викенд од вкупно девет дена“, што ќе почне од денеска, јави […]

Во Кинотека прикажан дигитално реставрираниот филм „Мирно лето“


Дигитално реставрирана копија на македонската комедија „Мирно лето“ беше преставена синоќа во летното кино на Кинотеката, именувано токму по овој филм на режисерот Димитрие Рули Османли. Проекцијата на „Мирно лето“ можеше да се следи и онлајн и преку лајв-стриминг на профилите на социјалните мрежи на Кинотеката и на кинотечниот јутјуб-канал. Како што соопшти Кинотеката, филмот […]