Заев: Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели за пазарите во ЕУ станува реалност


Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност. Упатувам честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук. […]

По шокантните сцени на ЕП 2020: УЕФА извести дека Ериксен е во болница и е стабилен


На фудбалскиот натпревар на ЕП 2020 меѓу Данска и Финска, капитенот на данската репрезентација Кристијан Ериксен падна на теренот и лежеше неподвижен. Лекарите веднаш започнаа да го реанимираат и се чини дека успеааја во тоа. Навивачите, но и играчите на двете репрезентации беа видно шокирани, додека девојката на данскиот капитен веднаш слезе од трибините на […]

ЕУРО2020: Швајцарија и Велс поделија по бод


Репрезентациите на Швајцарија и Велс одиграа попладнево во Баку нерешено 1:1 (0:0) во вториот натпревар од воведното коло во групата А на Европското фудбалско првенство. По неколку пропуштени шанси за гол во првото полувреме преку Харис Сеферовиќ и Фабијан Шар, Швајцарците поведоа во 49 минута со голот на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Брел Емболо. Швајцарија продолжи да доминира во […]

Полицијата трага по 51-годишник од Делчево


Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово. Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” […]

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот


Со признанија за сегашни и поранешни вработени, како и за партнерите на локално и национално ниво кои дадоа значаен придонес за успехот на компанијата во изминатиот период, САСА денеска ја одбележа 15-годишнината од рестартирањето на рудникот. На 12 јуни 2006 година САСА повторно го обнови производството на олово-цинкова руда, откако претходно во 2003 година беше […]

Саудиска Арабија ќе овозможи аџилак во Мека за 60.000 свои вакцинирани верници


 Саудиска Арабија, во најголемото муслиманско верско светилиште во Мека, следниот месец ќе им овозможи аџилак на 60.000 свои граѓани кои се вакцинирани против коронавирусот, соопшти денеска Министерството за аџилак, пренесе агенцијата СПА. Поради пандемијата лани одењето на аџилак им беше дозволено само на десетици илјади верници кои живеат во Саудиска Арабија, додека во 2019 година […]

Џонсон: Ширењето на короната, сериозно, сериозно загрижува


  Растечките бројки на заразени и хоспитализирани поради Ковид-19 се „сериозна, сериозна загриженост“, рече денеска британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека е помалку оптимистичен околу отворањето на земјата отколку во мај. „Јасно е дека индискиот сој е позаразен и исто така е вистина дека бројките растат и дека нивото на хоспитализирани се во пораст“, рече […]

Османи: ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор


Логото и кратенката на името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое стои на националниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство не е во спротивност со Преспанскиот договор, одговори попладнево Министерството за надворешни работи во Скопје на вчерашната реакција на официјална Атина до УЕФА. – Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е […]

„Марш за слободи“ против екстремната десница во 140 градови во Франција


Повеќе од 100 организации, синдикати, еколошки активисти, невладини организации, денес организираат демонстрации на кои сакаат да ги осудат „нападите врз слободите“, кои според нив се зголемуваат со засилувањето на крајната десница, но и законите кои ги ограничуваат слободите.   По една и пол година од здравствената криза „Маршот за слободи“ нуди еден вид голема реакција […]

Жителите на Ново Лисиче заедно може да навиваат за Македонија утре, во паркот „Нирнберг“


Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020. Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт. Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден […]

Г7 со глобален инфраструктурен план ќе контрира на кинескиот „Појас и пат“


На самитот на лидерите на Г7 во Корнвол денеска беше поддржан новиот глобален план, инициран од САД, за помош на сиромашните земји во градење инфраструктура, како обид да и се одговори на кинеската иницијатива „Појас и пат“, соопшти Белата куќа. Британските медиуми јавуваат дека лидерите на Г7 денеска го одобрија стартот на планот „Изгради подобар […]

Во понеделник почнува уписот во средно образование, слободни се 30.053 места во 109 училишта


Од понеделник почнува запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно изготвен распоред од страна на училиштето.  Во јунскиот уписен рок […]

Во првиот квартал од годината албанските иселеници испратиле 169 милиони евра


Во првиот квартал од годинава забележан е раст на депозитите на албанските иселеници за 11 отсто, споредено со истиот период минатата година Според Централна банка на Албанија дознаките изнесуваат 169 милиони евра, што е за 17 милони повеќе во однос на споредбениот период, кога изнесувале 150 милиони. -Пандемијата услови иселениците да користат се повеќе и […]

Македонскиот дрес најубав на ЕУРО2020 во избор на ЕСПН


Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН. – Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека […]

Во текот на вчерашниот ден аплицирани 11.431 вакцини


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информира Министерството за здравство. – На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, […]

Бочварски: Инвестираме во патната мрежа за да создадеме подобри услови за живот на граѓаните


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски денеска извршија увид на реконструкција на патниот правец до село Двориште кој се реализира преку проектот за „Поврзување на општините со локални патишта“. Проектите за развој на модерна инфраструктура во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци […]

МНР испраќа економски советници во седиштата на СТО и ФАО и во Брисел, Чикаго и Софија


Министетството за економија ќе прати тројца свои професионалци како економски советници во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева, потоа во Брисел – кој ќе биде задолжен за земјите од Бенелукс, и еден во Генералниот конзулат во Чикаго, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе прати во седиштето на Светската организација на храна […]

Бајден по самитот со Путин сам ќе настапи пред медиумите


Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе одржи самостојна прес-конференција по самитот со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи „тоа е најсоодветната форма на директна комуникација со слободните медиуми“, изјави денеска претставник на Белата куќа. Бајден ќе се сретне со Путин на 16 јуни во швајцарска вила од 18 век со поглед на Женевското езеро, кога […]

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите


Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година,  соопшти Министерството за образование и наука како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и допломите за завршено средно образование. МОН посочува дека педагошката документација потребна […]

Ковид-19 потврден кај 21 лице, еден починат и седуммина оздравени


Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4.370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.   Шест од новодијагностицираните се од Кичево, по четворица од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден нов случај имаат Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид. […]