Мицкоски ќе го урива Заев, ја повикува опозицијата да се обедини


На вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ подава рака на секоја опозициска партија и сила да се приклучи во конечен пораз на Заев и победа над мафијата на власт, како и дека повеќе нема изговори, а време е за обединување, затоа што се […]

Утре прв самит на НАТО со Македонија како полноправна членка


 Утре во Брисел се одржува првиот Самит на НАТО на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. – Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колективната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!, напиша Заев на неговиот ФБ. 

Уште една препорака „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години


Европската медицинска агенција (ЕМА) во неделата соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за оние над 60 години од страв од ретка појава на згрутчување на крвта. ЕМА смета дека АстраЗенека е безбедна за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за млади или ја ограничуваат […]

Барди: Сите ќе видат колку добар фудбал играме


Фудбалерот за врска во македонската репрезентација Енис Барди, за официјалната веб-страница на УЕФА изрази уверување за добар настап на на ЕВРО 2020. – Се чинеше дека сме во бајка, докажавме дека имаме силен тим. Верувам дека сите ќе видат колку е добар фудбалот во нашата земја, истакна Барди. Македонскиот национален тим попладнево со почеток во […]

На Грција и пречи кратенката „МКД“ на Европското првенство


 Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по повод учеството на Северна Македонија на Европското фудбалско првенство, испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ“ или „РНМ“ наместо „МКД“, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од […]

Пандев и репрезентацијата ги наполнија француските медиуми со написи за Македонија


Учеството на македонската фудбалска селекција на ЕП, најубавата и најголема реклама за Северна Македонија во франкофонскиот и францускиот печат   Како никогаш досега од независноста на Македонија, не се пишувало толку многу и на позитивен начин за неа во француските и франкофонските медиуми. Благодарејќи на фудбалската селекција, која успеа по прв пат да се избори […]

Завршија 58. Рацинови средби со доделување на признанијата на годинашните лауреати


Со доделување на Рациновото признание на Милован Стефановски за „Теорија за кучешката година“ и на Почесното Рациново признание на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист, за нејзиниот придонес за афирмација на македонскиот јазик и литератира во светот, синоќа во Велес завршија 58. Рацинови средби. Програмата на Рациновите средби траеше во изминатите два дена, а […]

Швајцарците на референдум ги отфрлија предлозите за забрана на пестициди


Швајцарските гласачи денеска со големо мнозинство ги отфрлија предлозите за забрана на вештачки пестициди, покажуваат првичните прогнози на резултатите од денешното гласање на референдумот. Според предвидените резултати на „ГФС Берн“, 61 отсто од гласачите ги отфрлија двете јавно предложени владини иницијативи, што ќе наметне внатрешна забрана за синтетички пестициди во рок од следните 10 години […]

Путин очекува самитот со Бајден да помогне во воспоставување дијалог


 Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува неговиот самит со американскиот претседател Џо Бајден да помогне во воспоставување дијалог меѓу двете земји и лични контакти, соопштија денеска руските медиуми. Путин и Бајден ќе ја имаат својата прва лидерска средба во среда, на 16 јуни, во Женева, во ек на затегнати билатерални односи, а на средбата […]

Брнабиќ: Со Курти нема разговори и договори


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека со премиерот на Косово, Албин Курти, „нема разговори и договори и нема да има ниту заеднички договор“, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ повтори дека состанокот во Тирана пред неколку дена бил „многу бурен и тежок“ и дека станува збор за подготвителен состанок за 15 јуни во […]

ВМРО-ДПМНЕ бара да бидат слушнати газдите за недела да биде неработен ден


Главната опозициска партија побара владата прво да ги сослушала стопанствениците пред да ја донесе одлуката недела да биде неработен ден од октомври оваа година. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа бил популистички потег на власта. „Многу пати досега сме кажале дека популистичките мерки кои што Социјалдемократскиот сојуз ги презентира […]

Нема починат од Ковид-19, прв пат по 10 месеци


За прв пат по 10 месеци нема регаистрирано починат од корона вирусот, соопштува Министерството за здравство. Тоа е е еден од најважните податоци во неколкунеделното намалување на бројот на инфицирани од Ковид-19. Има само осум новозаразени од 3.068 тестирања, што е само 0,2 отсто од сите примероци. „Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме […]

„Скопје прајд“ на 26 јуни под слоганот „Вон ѕидовите!“


  Втората Парада на гордоста (Skopje Pride) во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), под слоганот  „Вон ѕидовите!“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на парадата, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително соопштени во текот на идната недела. Организаторот наведува дека Парадата на гордоста е […]

Денес илјада граѓани трчаа низ скопските улици


Денес се одржа традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, на која учество земаа околу 1.000 тркачи. Оваа трка, како единствена градска брза трка, е мотивација на сите учесници, кои го даваат максимумот од себе, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави навики.    Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка е Дарио Ивановски, со истрчано […]

Протест за сечата: „Тука неодамна, постоеше дрво!“


Повеќе граѓани, жители на Дебар Маало во Скопје, денеска на пладне, протестираа против ненајавената сеча на дрвја на улицата „Орце Николов“, која се реконструира веќе неколку месеци. Со транспаренти во рацете, испишани на картон, се собраа на раскопаната улица, на местото каде до завчера стоеја дрвјата, сега веќе исечени, под оправдание дека биле стари, без […]

Популарноста на француската извршна власт останува стабилна


Шефот на француската држава забележа значително зголемување на популарноста кај лицата од 18-24 години и кај оние над 65 години, но покажа пад од шест поени кај младите од 25-34 години, според испитувањето на Ифоп за Журнал ди Диманш, јави дописникот на МИА. Популарноста на Емануел Макрон и Жан Кастекс е стабилна веќе еден месец, […]

Трамп со критики за искрениот однос и разбирање меѓу Макрон и Бајден


 На поранешниот американски претседател Доналд Трамп не му се допадна  искрениот однос и разбирањето што на самитот Г7 во Корнвол, Ангија, го покажаа претседателите Емануел Макрон и Џо Бајден, поради што тој реагираше преку соопштение за јавноста, јави дописникот на МИА. Реакцијата на Трамп почнува со цитатот на Макрон до Бајден од самитот на Г7 дека „е […]

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје и да се обратам на собраниска Комисија


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието. Побара од пратеникот Антонио Милошоски, претседател на Комисијата да ја закаже и седницата и да бидат избрани новите амбасадори. -Ќе ги […]

Полицаецот по кој се трагаше во Делчевско, пронајден мртов


Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага. Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето […]

Аргентина: Уапсен чилеански полковник од времето на Пиноче


  Во Буенос Аирес уапсен е чилеански полковник, обвинет за крчење на човековите рава во време на власта на чилеанскиот диктатор, генералот Аугусто Пиноче. Полковникот Валтер Клуг Ривера, обвинет е за исчезнување и ликвидација на 23 работници во 1973 година, откако Пиноче изврши државен удар и го симна од власт тогашниот претседател Салвадор Аљенде, пренесе […]