Активни 416 случаи со Ковид-19, вакцинирани 274.710 граѓани


Активни со Ковид-19 се 416 случаи во државава, од кои 158 се во Скопје. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, од направени 3.680 тестирања регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19, двајца починати и 14 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројот на оздравени пациенти […]

Mакедонските фудбалери го одржаа првиот тренинг по пристигнувањето во Амстердам


Амстердам од денеска е новата база на македонските фудбалери, кои попладнево го одржаа првиот тренинг во холандскиот град спроти дуелот против домашната репрезентација во рамки на ЕУРО2020. По двата порази во Букурешт против Австрија (1:3) и Украина (1:2), македонската репрезентација в понеделник против Холандија го игра натпреварот од последното трето коло во групата Ц. За […]

Ериксен излезе од болница


Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен, ја напушти денеска болницата во Копенхаген, една недела откако доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на ЕУРО2020. Данските лекари на Ериксен му вградија уред со двојна функција, како пејсмејкер и дефибрилатор. Дваесет и деветгодишниот Ериксен беше хоспитализиран во саботата, по десетминутна реанимација на тревникот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. […]

Македонците може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ во Србија само во градот во кој примиле прва доза


Државјаните на Северна Македонија кои овие денови доаѓаат на ревакцинација во Србија, и кои пред три месеци, на 27 и 28 март, ја примија првата доза на „Астра Зенека“ ќе можат да се ревакцинираат само во градот во кој ја примиле првата доза, јави доспиникот на МИА од Белград. -Сите оние кои прв пат се […]

Руски научници открија нова опасна мутација на Ковид-19


Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата. – Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките […]

ЕУРО2020: Хрватска и Чешка одиграа нерешено во Глазгов


Хрватска ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата на ЕУРО2020, откако вечерва одигра 1:1 (0:1) против Чешка во Глазгов, во рамки на првиот натпревар од второто коло во групата Д. Чешка дојде во водство преку Патрик Шик, откако двојниот стрелец во триумфот во воведното коло против Шкотска беше прецизен од белата точка во 37. […]

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на ГП Табановце, каде што задржувањата се околу 40 минути, соопшти Автомото сојузот. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и […]

Саливан: САД сега имаат „јасни ориентири“ кон Русија


Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, изјави дека по самитот со претседателот на Русија, Владимир Путин, САД формирале „јасни ориентири“ и очекувања кои ќе го одредат прогресот во билатералните односи. – Резултатите од посетата се дека изработивме општа стратегија со сојузниците и установивме некои јасни ориентири околу Русија, некои јасни очекувања, изјави Саливан на брифингот […]

Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум повика на повеќе соработка и поголема солидарност


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“, во рамки на неговото учество на Анталија дипломатскиот форум, што се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, соопштија од неговиот Кабинет. Претседателот Пендаровски се осврна на состојбата предизвикана од […]

Каратистката Јованоска седми македонски спортист на ЛОИ во Токио


Македонската каратистка Пулексенија Јованоска ќе настапи на претстојните летни Олимписки игри во Токио, откако доби вајлд карта од Меѓународниот олимписки комитет. Јованоска е седмиот спортист, кој ќе настапи под македонското знаме на Олимписките игри, соопшти Македонскиот олимписки комитет. Каратистката Јованоска, која во 2019 беше избрана за спортист на година, на Игрите во Токио ќе настапи […]

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината КјурВак


Главниот научник во Светската здравствена организација, Соумија Сваминатан изјави денеска дека резултатите од клиничките тестирања на вакцината КјурВак биле разочарувачки. Германската биотехнолошка компанија КјурВак се покажала ефикасна во 47 отсто случаи во текот на тестирањата. – Беше разочарувачко да се видат резултатите од тестирањето на КјурВак, изјави Сваминатан на прес-конференција. Европската агенција за лекови (ЕМА) […]

Судска одлука против Астра Зенека за неиспорачаните вакцини


Првостепениот суд во Брисел денеска одлучи дека фармацевтската компанија Астра Зенека има рок до 27 септември да ги испорача ветените дози вакцини до земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Станува збор за 50 милиони дози, од кои 15 милиони Астра Зенека мора да ги испорача до 26 јули во девет часот […]

Победниците на Вимблдон ќе добијат речиси 28 отсто помала награда во однос на 2019


Наградниот фонд на годинешното издание на грен-слем турнирот во Вимблдон е намален и победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,4 милиони долари, што е за речиси 28 отсто помалку во споредба со 2019 година. Како што соопштија организаторите на лондонскиот грен-слем турнир, намалувањето на наградниот фонд, пред сè, се должи на редуцираниот […]

Голем пораст на бројот заразени во Москва, властите го обвинуваат нихилизмот


  По рекордниот број нови случаи на зараза со корона вирус во Москва, Русија, Кремљ наглиот пораст го препиша на неспремноста на луѓето, чија причина е припишана на нихилизмот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песко, рече дека претседателот Владимир Путин ја следи ситуацијата. Прашан да го објасни големиот скок во бројот новозаразени, Песков ја наведе лукавата […]

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека очекува Владата на Гвинеја утре да прогласи крај на епидемијата на ебола. – Благодарејќи на лекциите кои ги научивме од епидемијата, благодарејќи на новите средства, вклучувајќи ги и вакцините, Гвинеја успеа да ја сузбие епидемијата за само четири месеци и да спречи ширење […]

Србија и Црна Гора од идната недела ќе преговараат согласно новата методологија на ЕУ


Србија и Црна Гора ќе ги одржат своите први Меѓувладини конференции со ЕУ во рамки на новата преговарачка методологија на ЕУ усвоена минатата година, јави дописничката на МИА од Брисел. Новата методологија предложена од страна на Европската Комисија беше одобрена и усвоена во март 2020 за идните земји кандидати што ќе започнат преговори со ЕУ, […]

МЗ: Вчера се аплицирани 7.720 вакцини, вкупно вакцинирани 274.710 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани, а вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се посочува, се одвива непречено на сите пунктови низ […]

Од КОВИД-19 починаа две лица, регистрирани 19 нови случаи и 14 оздравени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите […]

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш


Генералното собрание на ОН го именуваше денеска актуелниот генерален секретар на светската организација Антонио Гутереш за втор петтогодишен мандат. Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година. Советот за безбедност на ОН на 8 јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција, со што му препорача на Генералното собрание, кое има […]

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија


Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип. – Од страна на лекар од Итна медицинска помош […]