Стапица на Орбан за мечот Германија – Унгарија


Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, изјави дека денес ќе побара од УЕФА да го осветли градскиот стадион во бои на виножито во среда, кога Германија игра со Унгарија на Европското првенство – тоа е месец на гордост, нешто што сериозно се сфаќа во главниот град на Баварија, град на либералните општествени норми. Резолуцијата, поддржана од […]

Филипче: Не планираме рестрикции поради индискиот сој


Откако во Македонија се појавија два случаи со индискиот сој на корона вирус, министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема да се воведат дополнителни рестрикции, поради варијантата на вирусот која во Европа се заканува да донесе уште еден бран на пандемијата. „Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, […]

Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат свидетелства, особено во година со онлајн настава


Сојузот на средношколци бара Државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите од направените инспекции во училиштата за кои имаше тврдења дека на учениците им наплаќале пари за свидетелства. Од Сојузот бараат и училиштата да им ги вратат парите на учениците и нагласуваат дека е срамно да се напаќаат свидетелства, особено во година која, како […]

(Видео) Потпишување на договор со Европската инвестициска банка за 100 милиони евра евтини кредити


Проследете ја прес-конференцијата по повод потпишувањето на договор со Европската инвестициска банка во вредност од 100 милиони евра за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија. Договорот ќе го потпишат министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, во присуство […]

Бундесбанк: Германците во текот на пандемијата повеќе користеа готовина


Побарувачката за готовина се зголеми во Германија за време на пандемијата во 2020 година и покрај широкиот спектар на опции за плаќање, покажа истражувањето на централната банка. Вкупната вредност на банкнотите издадени во 2020 година се зголеми за 9,5 проценти, објави Бундесбанк. Тие исто така забележуваат дека побарувачката драстично се зголемила на почетокот на пандемијата […]

Шведскиот парламент изгласа недоверба на владата


Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен беше соборен oд функција денеска откако парламентот изгласа недоверба на неговата влада. Ова е првпат се случува во политичката историја на Шведска. Левен има една недела да поднесе оставка или да распише нови избори. Повеќе од 180 пратеници гласаа против премиерот.  

Во угостителството и туризмот недостигаат 50 проценти од потребниот кадар


Ситуацијата во угостителскиот сектор, што го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата е алармантна. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите, информира Синдикатот на угостителство и туризам. Од […]

Македонските атлетичари соборија три државни рекорди на Европскиот куп


Три  национални рекорди соборија македонските атлетичари на Европското екипно првенство што изминатиот викенд се одржа во Лимасол. На завршниот ден од Европскиот куп, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во дисциплината 3.000 метри, истрчувајќи ја патеката во време од 8:06.66. Македонскиот атлетичар мина трет низ целта, зад Џордан Гусман од Малта (7:53:70) и Србинот Елзан […]

Истражување: Онлајн наставата е ефикасна исто колку и летниот распуст


Германија – Студија на Универзитетот Гете во Франкфурт заклучи дека учењето од далечина, воведено како резултат на епидемиолошките мерки, не ги донесе посакуваните ефекти, туку довело до уназадување на учениците. Преку анализата, научниците дошле до заклучок дека „учењето од далечина било исто толку ефикасно како и летен распуст“. – Просечниот развој на учениците за време на […]

Неколку совети за природна заштита од комарците


За „одбрана“ против летните напади од комарци, има и природни начини. Порталот „Н1“ објави неколку од нив… Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе […]

Жените заостануваат зад мажите и во бројот и во износот на добиени кредити


Ангеловска-Бежоска на Глобалниот форум на позајамувачи и инвеститори во обрзници – Поголема финансиска вклученост на жените до поголеми економски придобивки Машката популација има полесен пристап до финансиите. Четириесет и пет отсто од вкупниот број индивидуални кредитокорисници се жени, додека 55 отсто се мажи, а во однос на обемот на кредити само 38 отсто од вкупно […]

Попладне невреме со пороен дожд и грмежи, од утре топол бран


УХМР најавува дека околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со невреме, интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. – Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, потсетува УХМР. Од […]

Само вакцинирани навивачи на Мундијалот 2022 во Катар 


Катар – Вакцинација против коронавирус ќе биде задолжителен услов за странските навивачи на Светското првенството фудбал што идната година ќе се одржи во Катар, соопштија денеска организаторите. Катарскиот премиер шеик Калид бин Калифа бин Абдулазиз АлТани посочи во изјава за локалните медиуми дека оваа заливска држава ќе се обиде да обезбеди еден милион дози вакцини за навивачите, кои сакаат да присуствуваат на […]

„Порше“ гради нова фабрика за акумулатори во Штутгарт


Германија– Производителот на автомобили „Порше“, со своите деловни партнери, најави производство на високо ефикасни акумулаторни ќелии. Како што јави ДПА, фабриката за акумулатори ќе се гради во околината на Штутгарт и ќе биде со капацитет од 100 мегават-часови годишно. Тоа значи акумултори за 1.000 автомобили годишно. Производството треба да започне во 2024 година. „Порше“ поседува […]

Од 1 јули проекции на концерти во Кинотека снимени од „Croatia Records“


Кинотека од 1 јули и потоа секој следен четврток во месецот, на летната сцена, во летното кино „Мирно лето“, ќе прикаже по еден концерт од богатата BLU RAY програма на „Croatia Records“. Програма ќе почне со концертот на Влатко Стефановски – Live at Lisinski, од 17 април 2018 година, кога во Загреб беше промовиран неговиот […]

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)


Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина. -Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис. И од […]

Ресторанот „Дукат“ од Скопје го доби првиот златен сертификат за „КОВИД-19 безбедна зона“


Ресторанот „Дукат“ од Скопје е првиот македонски ресторан кој покрај спроведувањето на сите национални и глобални препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, воведе и дополнителна заштита на своите гости со прочистувач на воздухот HEALTHPROTECT од производителот Blueair кој целосно го елиминира вирусот КОВИД-19 поради што го доби првиот златен сертификат кој гарантира дека […]

Усеин Болт стана татко на близнаци


Легендарниот спринтер и неколкукратен олимписки победник, Усеин Болт и неговата партнерка Каси Бенет вчера објавија дека станале родители на близнаци. Добиле две момчиња – Тандер Болт и Сент Лео Болт. Атлетичарот од Јамајка ја објави среќната вест на Инстаграм, со семејна фотографија, токму на Денот на таткото, дополнета и со нивната ќерка Олимпија Лајтнинг, која […]

Шведскиот парламент денеска може да го смени премиерот


Стефан Лофен може да стане првиот шведски премиер кого ќе го смени парламентит, откако обидите на неговата влада во текот на викендот да постигне договор за повторно да добие поддршка од левата партија не вродија со плод. Таков расплет би го оставил Лофен една недела или да поднесе оставка или да свика предвремени избори, што […]

Избори во Ерменија: Премиерот кој ја изгуби во војната победи на изборите


Партијата на премиерот Никол Пашинијан освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Опозицијата не го признава резултатот   Партијата на премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, освои 53,9 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, свикани во обид да се смири политичката криза по војната со Азербејџан, покажуваат официјалните резултати. Алијансата предводена од неговиот ривал, екс-лидерот […]