Оваа недела дијалог за постепено укинување на јагленот на Западен Балкан и премин кон одржливи извори на енергија


Иницијативата за регионите со јаглен во транзиција на Западен Балкан и Украина ќе одржи годишен состанок на 23 и 24 јуни за поддршка на отворен дијалог на повеќе засегнати страни за постепено исфрлање на јагленот и правичен премин кон одржливи извори на енергија во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Украина. […]

Во Британија лани повеќе се вложувало во крипто-валути отколку во акции


Во Велика Британија, минатата година, седум  проценти од возрасните граѓани инвестирале во криптовалути, додека пет проценти инвестирале во традиционални берзански средства и инвестиции засновани на капитал (ИСА), покажува истражувањето на британската инвестициска компанија AJ Бел. „Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од […]

(Видео) Американската морнарица во океан детонира бомба, предизвика потрес


Експлозијата што ја предизвика американската морнарица била толку силна што предизвикала потрес. ЀИмено, американската морнарица објави снимка која го прикажува моментот во кој бомбата од 18.134 килограми активирана е недалеку од брегот на Флорида. Експлозијата е изведена под вода во склоп на тестирањата на можностите во воени околности, а бродто на американската морнарица се наоѓал […]

Даниловски: Децата треба да се вратат во училишните клупи од 1-ви септември


Епидемиологот Драган Даниловски смета дека сите вакцини штитат од индискиот сој на корона. „Меѓутоа не знаеме колку проценти се тоа. Заразување е можно и можно е некој вакциниран да го фати и да го донесе. Сепак мислам ризикот е дека мал, со оглед на тоа дека на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или […]

Веќе не е тајна: Екссопругата на Вајнстин ја потврди љубовта со Адриен Броди на црвениот килим


САД– Џорџина Чепмен (45) прв пат се појави на црвениот килим со новиот човек во нејзиниот живот, оскаровецот Адриен Броди (48). Двојката се прегрнуваше додека позираа пред фотографите на премиерата на филмот на Броди „Clean“ на филмскиот фестивал во Трибека во саботата, само неколку дена откако судијата во Њујорк донесе одлука поранешниот сопруг на Чепмен, […]

Саливен: Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација“ доколку не соработува за потеклото на коронавирусот


Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан изјави дека Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација“ доколку не соработува за време на понатамошните истраги за потеклото на коронавирусот. Саливан го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден што им рекол на своите колеги од Г7 да ја „притиснат“ Кина да дозволи отворена истрага за потеклото на […]

ЕУРО2020: Македонските фудбалери денеска против Холандија за достојно збогување на Пандев


Македонската фудбалска репрезентација за последен пат со капитенот Горан Пандев во составот денеска против домаќинот Холандија во Амстердам во 18 часот го игра завршниот натпревар на ЕУРО2020. Две децении по дебито во националниот дрес, Пандев вчера официјално објави збогување со националниот дрес во кој спроти денешниот натпревар собра рекордни 121 настапи, заминувајќи во историјата и како најдобар […]

Научни истражувања: Аспартамот не е штетен по здравјето


Вештачкиот засладувач аспартам е предмет на контроверзии уште од неговото одобрување, 1981 година… Тоа, поради тврдењето дека може да предизвика рак, но и други заболувања, како што е Алцхајмеровата болест. Повеќе истражувања покажуваат дека нема основа за лажни тврдења против аспартамот. Но, и покрај тоа, тој постојано се провлекува во, според многумина – псевдо-научни и […]

Во март го пофалија, сега го отповикаа – Бранко Азески повеќе не е почесен конзул на Црна Гора


Во информацијата во весникот „Дан“ се наведува дека разрешувањето на Азески било на предлог на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ   Владата на Црна Гора го отповика почесниот конзул во Скопје, Бранко Азески, јавија црногорските медиуми. Владата го објасни потегот со изјава дека отповиканиот конзул се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти […]

Шведска изгласа недоверба на премиерот


  Шведскиот парламент изгласа недоверба на премиерот Стефан лофен, што на социјалдемократскиот лидер му дава една недела да отстапи од долѓноста и да го препушти местото на нов мандатар или да распише предвремени парламентарни избори/ Националистичките шведски демократи ја искористија приликата да организираат гласање за доверба откако поранешната комунистичка Лева партија престана да ја поддржува […]

Азески – ми беше чест што бев почесен конзул на државата Црна Гора


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во соопштение до медиумите вели дека му било чест што бил почесен конзул на државата Црна Гора. „Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда,заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна […]

Потпишување договор со ЕИБ – нови 100 милиони евра за мали и средни претпријатија


Владата на Северна Македонија и Европската инвестициска банка денеска ќе потпишат договор за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија во висина од 100 милиони евра. Договорот ќе го потпишат министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, во присуство […]

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој


Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус во главниот град на Португалија, Лисабон, се должат на варијантата Делта, што за првпат е откриена во Индија, јави ДПА, повикувајќи се на Националниот здравствен институт. Поради стравувањата од зголемување на заразените со тој сој, Лисабон од петокот е во блокада, што ќе заврши утрово. За […]

Промоција на Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами 


Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовиран Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами, издаден од Книгоиздателство Ми-Ан. Во Речникот статиите се дадени во азбучен редослед на доминантата која избира антонимиски пар, кој се употребува најчесто и има најнеутрална симетрија во поглед на стилот и на семантичкиот полнеж. При […]

Ќе продолжи ли трендот на помалку заболени од Ковид-19, под лупа на надлежните индискиот сој


Во државата веќе неколку денови по ред се бележи тренд на намален број на новозаболени од Ковид-19. Во вчерашната статистика од Министерството за здравство беа регистрирани осум новозаболени, а немаше починати пациенти. Вкупно 3.265 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од осумте новозаболени, тројца заразени се во Скопје, во Струмица двајца, a Куманово, […]

ЕУ: Од следната година задолжителна црна кутија во автомобилите


Од следната година, во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде обврзна црна кутија, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила регистрирани за првпат. Црна кутија е уред што треба да открие до најмалите детали се што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага […]

Границите на САД со Канaда и со Мексико ќе бидат затворени до 21 јули


Копнените граници на САД со Канада и Мексико ќе останат затворени за непотребни патување најмалку до 21 јули, соопшти Министерството за внатрешна безбедност на САД. Продолжувањето од 30 дена уследи откако Канада во петокот објави сопствено продолжување, што требаше да истече в понеделник и е во сила од март 2020 година, поради пандемијата со Ковид-19. […]

Со концерт на оркестарот на НОБ „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови ќе биде отворено „Скопско лето“


Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“. Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Од НОБ информираат дека […]

Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седницата на Комисијата за финансирање и Буџет. Членовите на оваа комисија треба да го разгледаат и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на […]

CreatINNES – Како до развој и брз раст на креативни бизниси и стартапи


Како до развој и брз раст на креативни бизниси и кои се можностите за поддршка на креативни бизниси и стартапи, на овие прашања одговор ќе дадат домашни експерти кои ќе учествуваат на денешниот онлајн настан „CreatINNES“ што го организира Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Експертите ќе го споделат своето искуство преку презентација на различни […]