Унгарија го презема банкарскиот сектор во Словенија


Унгарската групација ОТП банка потпиша договор за стекнување целосен удел во НКБМ, втора по големина банка во Словенија, за да стане водечки банкарски играч на словенечкиот пазар. ОТП ја купи банката од Аполо, американски приватен капитален фонд и Европската банка за обнова и развој. Вредноста на договорот не е обелоденета, но се вели дека е […]

Гордана Михаилова-Бошнакоска со нова поетска книга- „Куќа во куќа“


Во рамки на 30-годишниот  јубилеј од основањето, „Матица македонска“ ја објави поетската книга „Куќа во куќа“ од современата македонска поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска. Стихозбирката содржи четириесет и две песни, поделени во три циклуси кои сочинуваат тематска целина. – Гордана Михаилова-Бошнаковска вешто ги обликува лирските слики и ја поедноставува поетската порака со асоцијации прифатливи и податливи за […]

Сашко Насев ќе го претстави својот роман „Средби со ѓаволот“ во Софија


Бугарија – Македонскиот писател Сашко Насев ќе го претстави својот роман „Средби со ѓаволот“, смешно-тажна, светло-иронична балканска верзија на „Мајсторот и Маргарита“, на 2 јуни во 18 часот во литературниот агол на Пазарот на пролетни книги, паркот пред Националниот дворец на културата во Софија. Според бугарските издавачи, „Средби со ѓаволот“ е модерна, балканска верзија на мотивот […]

За време на пандемијата Французите заштедија 142 милијарди евра повеќе од нормално


Франција– За време на пандемијата Французите заштедија 142 милијарди евра повеќе од нормално,а владата се надева дека тие во голема мерка ќе ги потрошат овие заштеди на производи или услуги во Франција за поддршка на активностите, јави дописникот на МИА. Со здравствената криза заштедите во Франција достигнаа рекордни нивоа. Ова зголемување се должи со затворањето […]

Нов Зеланд потписник на вселенскиот договор со НАСА


Нов Зеланд – Нов Зеланд стана потписник на планот за вселенска соработка што ги поддржува плановите на американската вселенска агенција за враќање на луѓето на Месечината до 2024 година. Оваа држава денеска објави дека потпишала договор за вселенска соработка со НАСА, во време кога вселенската индустрија на Нов Зеланд почнува да добива на интензитет. Нов Зеланд стана […]

Кои се знаците на долг Ковид?


Англија– Студиите покажаа дека секоја десетта личност со Ковид-19 развива симптоми на долга манифестација на болеста, но формалните насоки за дијагностика за потврдување на долг Ковид не се уште подготвени. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и некои други здравствени установи работат на тоа, но сè додека не се изготват упатствата, секој што […]

Нема препорака да се мешаат вакцините, и првата и втората доза треба да бидат од ист производител, вели Филипче 


Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој […]

Маск: Цените на возилата на „Тесла“ растат поради недостиг од чипови


Цените на возилата на „Тесла“ растат поради доцнење во синџирот за снабдување во автомобилската индустрија, особено на суровините, напиша извршниот директор на Тесла, Илон Маск на Твитер. „Цените растат поради високиот притисок во синџирот за снабдување во целата индустрија, особено на суровините“, напиша Маск како одговор на пораката за несогласувањето со зголемувањето на цените на […]

Од денеска почнува со работа првото ЕУ обвинителство


По години преговори меѓу земјите и институциите на Европската Унија, од денеска за првпат станува оперативно првото обвинителство на ниво на ЕУ со задача да истражува и гони криминал поврзан со злоупотреба на буџетот и фондовите на Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел. Главна обвинителка е Романката Лаура Ковеси, која изутринава од Луксембург, каде […]

ЕУ креира дигитален паричник за безбеден пристап до услугите за граѓаните во 27 земји


Европската унија (ЕУ) денеска треба да објави планови за воведување дигитален паричник ширум блокот од 27 нации, по барањата на земјите-членки да се најде начин за граѓаните безбедно да пристапат до јавни и приватни услуги преку Интернет, пишува „Фајненшл тајмс“. Апликацијата ќе им обезбеди на граѓаните ширум ЕУ безбеден пристап до низа приватни и јавни […]

Општина Аеродром бесплатно изнајмува велосипеди


Од денеска граѓаните можат бесплатно да изнајмат велосипед од Општина Аеродром во периодот од 8 до 16 часот секој работен ден. За таа цел, општината става на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата.  „Со бесплатното изнајмување велосипеди за граѓаните, како […]

Хрватска од денеска почна со издавање ковид сертификати


Хрватска од денеска почнува со издавање на ковид пасоши, односно зелени сертификати, а одлуката за тоа ја донесе владата на телефонска седница. Покрај олеснувањето на движењето на граѓаните при преминување на хрватските гранични премини, но и граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори, ковид пасошите можат да се користат […]

Состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце е добра, потврди Филипче


 Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и оти сите параметри се добри. – Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени заклучно со денес, се добри и сите се во фаза на подобрување. така што очекувам дека денес може постепено […]

Стефан Јанев: Нашата главна задача се фер и транспарентни избори во Бугарија


Одржувањето фер и транспарентни избори е нашата главна обврска, изјави денеска бугарскиот премиер Стефан Јанев, пренесе БГНЕС. -Првата и непосредна задача за која сите сме одговорни во име на извршната власт и соодветните региони и области за кои вие сте одговорни е да одржите фер и транспарентни избори, им кажа привремениот премиер на презентацијата на […]

Ангеловска-Бежоска: Постојната монетарна стратегија е најоптимална за македонската економија, денарот e стабилен


Постојната монетарна стратегија за одржување на стабилноста на домашната валута во однос на еврото е најоптимална за македонската економија, имајќи ги предвид нејзините карактеристики како мала и отворена економија. Оваа оцена на Народната банка ја споделува и Меѓународниот монетарен фонд, којшто секоја година врши оценување на усогласеноста на курсот со фундаментите на нашата економија или […]

ФФМ: Поради протоколите, не сме во можност да организираме прием за лица од државните институции


Фудбалската федерација на Македонија денес преку соопштение се заблагодари кон сите кои искажуваат честитки кон репрезентативците пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпреварите од Европскиот шампионат. Сепак, од ФФМ информираат дека согласно протоколите од УЕФА, […]

Филипче: Споредбата на нашиот клинички со српскиот е споредба на баби и жаби


Изградбата на нашиот клинички центар и клиничкиот центар во Белград се две различни работи бидејќи во Белград веќе постои изграден објект кој не е во функција, рече министерот за здравство, Венко Филипче прашан за став по тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека најавениот клинички центар кој треба да се гради кај нас е неколкукратно поскап од […]

Трудо се заложи за „конкретна акција“ по откривањето масовна гробница со домородни ученици


Канадскиот премиер Џастин Трудо ја изрази тагата на земјата откако беа откриени остатоци од 215 домородни деца во стар интернат за присилна асимилација и воедно вети „конкретна акција“ за поддршка на домородните заедници. – Како татко, не можам да замислам како би се чувствувал моите деца да ми бидат одземени, рече Трудо на прес-конференција. – […]

Албанија од денеска со полесни ковид-мерки, пристигна нова пратка вакцини „Фајзер“


Албанските граѓани од денеска се поослободени од дел од анти-ковид мерките, по речиси седум месец од нивното воведување. Полицискиот час наместо во 22 ќе почнува во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот, заштитните маски на лицето повеќе не се задолжителни на отворен простор, се отвораат стадионите, театрите и кината, […]

Угостителската комора не сака ограничување за гласноста на музиката


Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти. Оттаму реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи. – Доколку се точни медиумските најави за нови […]