ЕУ одби пристап до содржината на словенечкиот нон-пејпер за Балканот


По формално новинарско барање преку воспоставените правила за достап до информации за увид во содржината на словенечкиот нон-пејпер кој ја разбрани балканската јавност пред еден месец, службите на Советот на ЕУ одбија, но потврдија дека документот постои, јави дописничката на МИА од Брисел. Во одговорот на генералниот секретаријат на новинарското барање за увид во словенечкиот […]

Од јули нема да има македонски војници во Авганистан


Нашите трупи во Авганистан се таму уште навистина кусо време и очекуваме најголемиот дел од силите да бидат повлечени до јули. Сето тоа се прави со многу внимателно организирана воена операција која што ќе има една единствена цел, а тоа е сигурноста на сите припадници на НАТО-мисијата, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На […]

Шекеринска: Наместо да обвинува, опозицијата барем еднаш да помогне


Со Софија разговараме како да го надминеме впечатокот кој тие го имаат дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на посакуваното ниво, и да добиеме поддршка за почеток на преговорите, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Мислам дека сите овие прашања се прашања коишто треба да ги поставите на луѓето коишто се вклучени во […]

Приведен Парижанец кој седум години го чувал трупот на својата мајка за да ја добива нејзината пензија


Еден 47-годишен маж со српско потекло бил уапсен во вторникот во Париз, откако се пријавил во полиција дека го сокривал трупот на својата мајка за да продолжи да ја добива нејизната  пензија. Како што објави денеска весникот „Ле Паризиен“, во вторникот околу 7:30 часот, човекот отишол во полициска станица за да ја открие својата страшна […]

Бугарското обвинителство бара докази од Вашингтон за санкциите


Бугарското обвинителството ќе побара од Министерството за финансии на САД повеќе информации за коруптивните постапки на шестемина за кои се воведени санкции, рече портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева, во петокот. Во меѓувреме, обвинителството ќе ги анализира старите досиеја за Пеевски. Досега ниту еден државен орган не нашол криминални постапки кај Пеевски, а особено не […]

Филипче: Се очекува мирно лето, но сепак треба да бидеме претпазливи


Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Претстојните летни месеци, според проценките, епидемиолошката ситација ќе биде мирна, вели министерот за здравство венко Филипче, кој додава дека сепак граѓаните треба да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би […]

Разногласие во Јапонскиот олимписки комитет поради Игрите во Токио


Членот на Управниот одбор на Јапонскиот олимписки комитет Каори Јамагучи ги обвини организаторите на претстојните Игри во Токио за игнорирање на јавното мислење во земјата, кое се противи на одржување на најголемиот светски спортски самит во јапонската престолнина. Испитувањата на јавното мислење во Јапонија покажуваат дека огромно мнозинство од населението е против одржување на летната […]

Отворање изложба на фотографии „Урбана архитектура во двојна експозиција“ на Виктор Поповски во МКЦ


Изложба на фотографии насловена „Урбана архитектура во двојна експозиција“ од Виктор Поповски вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во МКЦ (Галерија 2). „Урбана архитектура во двојна експозиција“ е втора самостајна изложба на Поповски. Првата ја реализирал во просторот „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија. Тој учествувал на повеќе групни изложби. Професионалното искуство го стекнува […]

ОН: Цените на храната на глобално ниво зголемени најмногу во последните 10 години


Глобалните цени на храната се зголемија за 39,7 проценти во мај, што е најголемо месечно зголемување од октомври 2010 година, покажуваат податоците на Обединетите нации. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ги следи цените на различните видови храна, вклучувајќи житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќери. Сите […]

Босанскиот репрезентативец Граџан уште една година во Еурофарм Пелистер


Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го продолжи за следната сезона договорот со босанскиот ракометен репрезентативец Елмир Граџан. – Еурофарм Пелистер постигна согласност за продолжување на договорот со Елмир Граџан за уште една сезона и интернационалецот од Босна и Херцеговина ќе го носи дресот на нашиот клуб и во сезоната 2021/22, соопшти денеска битолската екипа. – […]

Ковачевски најави 350 милиони евра инвестиции на АД ЕСМ за зелена енергија во Битола и регионот


АД ЕСМ за Битола и регионот најави три нови проекти – изградба на гасна електрана, фотонапонски електрани и топлификација за градот Битола, инвестиции со вкупна вредност од 350 милиони евра. Според генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, целта на сите овие проекти е да се засили енергетската трансформација која е во тек и за […]

Новиот градоначалник на Загреб ја презеде должноста


Новоизбраниот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ денеска стапи на должност и изјави дека примопредавањето е отворено и конструктивно. Заменик-градоначалничката на покојниот Милан Бандиќ, Јелена Павичиќ Вукичевиќ му предаде досие со речиси 2.000 страници финансиски извештаи и сите преземени обврски на Градот Загреб. Томашевиќ рече дека добиле 2.000 страници извештаи и дека финансиската состојба не е […]

Германија: ЦДУ се мачи со популистите од АфД на изборите во Саксонија Анхалт


Конзервативците во Германија се подготвуваат за она што веројатно ќе биде резултат со многу лузни на регионалните избори во неделата во источната држава Саксонија Анхалт, каде според анкетите крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) треба да освои повеќе од една петтина од гласовите. Најновата анкета за радиодифузерот ЗДФ предвидува AfD да добие 23 отсто од гласовите […]

Премиера на трејлерот за новиот македонски акциски серијал BLACK OPS


Во Скопје утре премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена BLACK OPS. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски). -Квалитетната актерска екипа, составена од David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој […]

Германскиот министер Шпан ги обвинува Балканците за вториот бран на короната


    Патувањата за посета на роднините на Балканот и во Турција во минатото лето се причина за иницирање на вториот бран на ковид-19 во Германија, тврди министерот за здравство, Јенс Шпан. Весникот „Die Welt“ детално ги анализирал бројките и го демантирал заклучокот на Шпан, пренесува „DW“. – Извлековме поуки од минатото лето – рекол […]

Ѓерлек: Државјаните на БИХ можат да се вакцинираат во Србија без пријава


Државнот секретар во српското Министерство за здравство Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека на граѓаните на Босна и Херцеговина не е им е потребно повеќе да се пријавуваат за вакцинација против коронавирус во Србија преку е-управа, и да тие можат директно да дојдат до било кој вакцинален пункт во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. […]

Белорусија: Во интервју, притворениот опозициски блогер го фали Лукашенко, родителите веруваат дека бил принуден


Во Белорусија, државната телевизија по првпат емитуваше долго интервју со затворениот владин критичар, младиот блогер Роман Протасевич, јави ДПА. Во интервјуто за радиодифузерот ОНТ, што беше емитувано синоќа, 26-годишниот блогер призна дека организирал протести против претседателот Александар Лукашенко. Во исто време, тој рече дека му се восхитува на Лукашенко. Неговата мајка Наталија Протасевич, која живее […]

Ванг: Изјавата на Блинкен за Тиенанмен е мешање во внатрешните работи на Кина


Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска како „мешање во внатрешните работи“ ги оцени коментарите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на годишнината од масакрот на плоштад Тиенанмен. -Изјавата на Бликен претставува мешање во внатрешните работи на Кина, рече Ванг на редовната прес-конференција. „На 4 јуни е 32-годишнината од крвавото задушување на […]

Ќе се отвори пункт на граница за ревакцинирање на граѓаните што примија вакцина во Србија


Македонските и српските власти разговараат за отворање пункт блиску до границата каде што би се ревакцинирале сите македонски државјани кои пред три месеци ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ во Србија. Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека утрово разговарал со српскиот министер Златибор Лончар и наскоро ќе објават каде ќе биде […]

Британските компании со најголем број вработувања од 90-тите години


Британските работодавачи во мај во постојан работен однос примија најмногу вработени, откако тие податоци започнаа да се собираат кон крајот на 90-тите, што е уште еден показател дека економијата се опоравува од пандемијата на Ковида-19. Растот на привремени работните места исто така се зголеми, на највисоко ниво во последните шест години, според Британската агенција за […]