Отворање изложба на фотографии „Урбана архитектура во двојна експозиција“ на Виктор Поповски во МКЦ


Изложба на фотографии насловена „Урбана архитектура во двојна експозиција“ од Виктор Поповски вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во МКЦ (Галерија 2).

„Урбана архитектура во двојна експозиција“ е втора самостајна изложба на Поповски. Првата ја реализирал во просторот „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија. Тој учествувал на повеќе групни изложби.

Професионалното искуство го стекнува работејки како фоторепортер за неколку редакции како „Фокус“, „Точка“, „Лице в лице“ и други, но и како соработник со неколку поголеми маркетинг-агенции.