Бугарското обвинителство бара докази од Вашингтон за санкциите


Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев

Бугарското обвинителството ќе побара од Министерството за финансии на САД повеќе информации за коруптивните постапки на шестемина за кои се воведени санкции, рече портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева, во петокот. Во меѓувреме, обвинителството ќе ги анализира старите досиеја за Пеевски. Досега ниту еден државен орган не нашол криминални постапки кај Пеевски, а особено не обвинителството.

Позицијата на обвинителството речиси иста со позицијата на партијата на Пеевски. Ден претходно, ДПС објави дека очекуваат „факти и докази“ од Соединетите Држави што го мотивирало нивното министерство за финансии да воведе санкции.

„Обвинителството ќе побара од нашите партнери за спроведување на законот да ги специфицираат и прошират информациите што ги дадоа“, рече Милева.

Од изјавата на Милева не беше јасно што точно ќе се бара од Соединетите Држави, бидејќи самото државно обвинителство тврди дека американскиот извештај е напишан врз основа на сработеното од истражителите во Бугарија.

Бугарските медиуми пишуваат дека обвинителството ја искористи тактиката на поранешниот премиер Бојко Борисов, кој во четвртокот објави дека со месеци работел со американски партнери на овие теми и навести дека однапред бил информиран што ќе се случи. Осврнувајќи се на состанокот со американската амбасадоркаХеро Мустафа на денот на објавувањето на санкциите, Борисов рече дека не чувствува оти има недоверба кон него.