„Во затвор во Минск секоја ноќ ме слекуваа до гола кожа“


Александар Бураков, новинар на Дојче веле (ДВ), кој беше уапсен во мај во Белорусија, откри како изгледале неговите затворски денови во земјата на Александар Лукашенко. Бураков мина 20 дена зад решетки на „воен затвор“ како што тој го опиша, за време на кое време стражарите не му дозволиле да спие. Во текот на ноќта, вршеле […]

САД ќе донираат 750.000 дози вакцини против коронавирус на Тајван


САД ќе донираат 750.000 дози вакцина против коронавирус на Тајван како дел од планот за дистрибуција на вакцините во светот, изјави американската сенаторка Тами Дакворт. Тајван се соочува со зголемен број заразени, но и со недостиг на вакцини. Земјата вакцинираше само три проценти од 23,5 милиони жители, а повеќето ја примија само првата доза на […]

Поддршката за земјоделството реална, предизвик климатските промени, откупните цени, инфраструктурата…


Климатските промени, нереалните откупни цени, инфраструктурата и натаму се клучните предизвици што ги наведуваат земјоделците. Поддршката, како што велат е реална, преку многу проекти, субвенции, програмите од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), мерката „Рурална жена“, но препреките со кои се соочуваат се доволно големи за да ја поттиснат заинтересираноста за оваа гранка. […]

Избори за регионален парламент во германската покраина Саксонија-Анхалт


Гласачите во германската источна покраина Саксонија-Анхалт денеска ќе гласаат за нов парламент, на последното истражување на јавното мислење во Германија пред парламентарните избори во септември, што може да им нанесе удар на надежите на конзервативецот Армин Лашет за наследник на канцеларката Ангела Меркел. Анкетите покажуваат мала предност за демохристијаните (ЦДУ) Лашет и Меркел, но крајно […]

Јагода Пачемска единствен цветен моден креатор во земјава


Секоја девојка и жена е среќна кога ќе добие букет со цвеќе, макар и еден цвет, цвеќето e прекрасно за очи и шири пријатни мириси, ама цвеќето е уште подрагоцено затоа што е симбол на љубовта – кон тие што ги сакаме и тие што нас не сакаат, симбол на убавината, на пролетта. Месеците мај-јуни […]

Џонсон ги повика лидерите на Г7 да се посветат на вакцинирање на целиот свет


Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ги повика лидерите на Групата седум богати земји (Г7) да се посветат на вакцинирање на целиот свет против Ковид-19 до крајот на 2022 година и тоа да го сторат до состанокот на Велика Британија следната недела. Џонсон ќе биде домаќин на првиот самит „во живо“ по скоро две години, по […]

Лани на патиштата загинале 125 лица, се изработува мапа на црни точки


Вкупно 125 лица загинале на патиштата во РС Македонија во текот на 2020 година, што според МВР е најмала бројка во историјата на државата. Истовремено, во периодот од јануари до декември минатата година се случиле вкупно 7.223 сообраќајни незгоди. Во споредба со 2019 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за шест проценти, додека во […]

„Ова сме јас и мама“ – девојка од Сараево по 29 години се препозна на фотографија на грчки фоторепортер од периодот на војната


Ноември 1992 година. Сараево. Мајка, ја држи во прегратка расплаканата ќерка во автобус, кој поради војната заминува за Чешка. Фотографијата пред неколку дена, на социјалните мрежи ја објави еден од најпознатите грчки фотографи Димитрис Месинис, „чепкајќи“ во неговата лична архива од периодот на војната, без воопшто да помисли дека ќе следи невообичаена и трогателна разврска, […]

По подолго време под илјада активни случаи на Ковид-19


После подолго време во државава, под 1.000 е бројот на активни случаи позитивни на корона вирусот, но речиси двојно повеќе беше вчерашната бројка на нови случи позитивни на Ковид-19 за разлика од претходниот ден кога беа регистрирани 16 лица. Од направени 3.856 тестирања, вчера беа регистрирани 29 нови случаи позитивни на коронавирусот. На инфективните одделенија […]

Сончево и топло, попладне дожд грмежи и ветер


Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во […]

Турција ни донира 30.000 вакцини од „Синовак“


Турција ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот „Синовак“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, вечерва. „Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот ‘Синовак’. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и […]

Почнува изградбата на брзата пруга Белград – Ниш, наскоро тендер за првиот дел


Делегацијата на Европската унија во Србија објави прелиминарно известување за објавување на тендер за реконструкција на постојната и изградба на нова пруга на делницата Сталац-Јунис, на пругата Белград-Ниш. Како што е наведено во известувањето, Министерството за финансии на Србија побарало од Европската инвестициска банка да обезбеди финансирање за железничкиот проект Белград-Ниш. Клиентот е инфраструктурата на […]

Македонските одбојкари се пласираа во финалето на Европската сребрена лига


Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе настапи во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра денеска и утре во салата „Парк“ во Струмица. Нашите одбојкари во првиот полуфинален натпревар ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 3:2, по сетови 15:25, 25:19,25:22,21:25 и 15:12. По лошиот влез во натпреварот и водството на Хрватите со […]

(Видео) Фрејзер-Прајс со втор резултат на сите времиња на 100 метри


Јамајканската спринтерка Шели–Ен Фрејзер – Прајс постигна втор најдобар резултат на сите времиња на 100 метри, истрчувајќи ја патеката за 10:63 секунди на националните олимписки квалификации во Кингстон. Двократната олимписка и четирикратна светска шампионка на 100 метри ја потврди одличната форма на Националниот стадион на Јамајка, подобрувајќи го својот личен рекорд за седум стотинки. Само […]

Заев го покани Ердоган да дојде во Македонија


    Премиерот  Зоран Заев за време на еднодневната работна посета на Турција се сретна со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.На работната вечера во Истанбул, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев и претседателот на Турција Ердоган разговараа за взаемните пријателски односи исполнети со динамична соработка во повеќе области. Премиерот […]

Јанушев: Единствено зелено кај ДУИ е бојата на еврата


Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ, е зелената боја на еврата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Игор Јанушев во однос на ребрендирањето на владејачката партија ДУИ, на чело со Али Ахмети кој денеска истакна дека во фокусот на неговата партија ќе биде зелената […]

Христо Иванов: Борисов е латиноамерикански диктатор во балканска верзија


Бојко Борисов е латиноамерикански диктатор во балканска верзија, оцени копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, во интервју за бугарскoто Дарик радио. Тој го посочи лидерот на ГЕРБ како најголем извор на нестабилност во Бугарија. Според Иванов, стратегијата на поранешниот премиер е „По мене потоп“, која тој ја опиша како крајно опасна за земјата. „Постојат многу […]

Акција на ЈП „Комунална хигиена Скопје“ за генерално чистење на кејот на Вардар


Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска спроведуваат акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на животната средина. Во реализирањето на активностите се ангажирани 40 работници на терен, додека од  механизацијата се употребуваат три автоцистерни, три специјални комунални возила-метларки, две специјални комунални возила-патарки и едно […]

Албанија се „збогува“ со Ковид-19, само два нови случаи, пет дена без починат


По повеќедневните едноцифрени бројки кои се движеа од пет до девет новозаразени, во последното деноноќие во Албанија потврдени се само два нови случаи со Ковид-19, од направените 3.593 тестирања, што е 0,05 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана. Во исто време не е регистриран ниту еден починат, што е петти ден по […]

„Книга за Чинго“ на авторите Пандев и Димоски


Во издание на општина Охрид од печат излезе „Книга за Чинго“ , што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во ова капитално дело на 357 страници поместени се бројни прилози на еминентни имиња, научни трудови, есеи, записи, спомени, осврти и други жанрови низ кои се претставуваат вредностите на делата на Живко Чинго, еден […]