Заев најави интензивирање на средбите со бугарските власти пред јунскиот Самит на ЕУ


Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција. Заев, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и […]

Македонските производи би можеле да станат дел од ЛИДЛ маркетите


Македонските производи би можеле да станат дел од синџирот на набавка на ЛИДЛ маркетите. Преговорите со оваа компанија, која најави инвестиција во земјава, се во тек. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА открива дека се разговара и за тоа дали постои можност македонските производи да станат дел од овие маркети. – […]

Николовски: За 18 проценти зголемена транспарентноста на институциите во однос на 2016 година


Општините, министерствата и Владата стануваат транспарентни институции. За 18 проценти е зголемена нивната активна транспарентност споредено со 2016 година, односно нивната транспарентност изнесува 63 отсто, за разлика од 2016, кога била 45 проценти. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на која […]

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште една седмица


Правилата за влез во Грција што предвидуваат задолжителен PLF формулар и една од трите опции: сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, продолжени се за уште една седмица и важат до 14 јуни 2021 година, а Северна Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за […]

Мајкрософт го цензурирал Кинезот што стои пред тенковите од 1989 година


„Мајкрософт“ тврди дека било „случајна човечка грешка“ тоа што неговиот  пребарувач Бинг одредено време не ја покажувал иконската фотографија на која се гледа Кинез како стои пред колоната тенкови во Авенијата на вечен мир на плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 5 јуни 1989 година. Таа беше направен по бруталната акција на кинеските власти против демократските […]

Регионалната конкурентност на Западен Балкан е излезот од кризата, вели Битиќи за МИА


Регионалната конкурентност на Западен Балкан е излезот од кризата, можноста што пандемијата ни ја има дадено. На европската економија и треба партнер, место кое е блиску и кое знае да креира продукти кои се важни во нивниот вредносен ланец, смета вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестициите Фатмир Битиќи. Тој во интервју […]

Вкупно 123 пациенти се лекуваат во ковид центрите во земјава, слободни 420 болнички кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид центрите. Двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа. Вкупно […]

Тетовци возат најмногу над дозволената брзина


Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа, се покажа дека тоа е масовна појава, бидејќи беа санкционирани дури 778 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на […]

Во Салвадор биткоинот ќе стане официјално средство за плаќање


 Претседателот на централноамериканската држава Салвадор, Наџиб Букеле (39) преку видео порака на конференцијата за биткоини во Мајами објави дека следната недела ќе предложи закон според кој биткоинот ќе стане законско средство за плаќање во таа земја. Тој смета дека овој потег може да му помогне на Салвадор да оди напред. – Следната недела ќе испратам […]

Федерер размислува да се повлече од Ролан Гарос


Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека може да се повлече од Ролан Гарос со цел да му пријде на Вимблдон во најдобрата можна форма. – Сега треба да одлучам дали ќе продолжам да играм или овој товар е преголем за мене. Можеби сега е совршено време да се опуштите. Мора да одлучам што ќе биде најдобро […]

Во Калифорнија регистрирана серија од 152 земјотреси


Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот земјотрес беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми. Земјотресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. – Регистрирани се 152 земјотреси од сите размери, изјави сеизмологот Пол Карузо, […]

НАТО ги предупреди Москва и Минск да не се закануваат на членките на Алијансата


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги предупреди Русија и Белорусија да не се закануваат на членките на Северноатлантскиот сојуз откако белоруските власти насилно приземјија патнички авион што леташе во рамките на ЕУ, се вели во соопштението објавено денеска. „Секако, во итен случај, ние сме подготвени да го заштитиме и одбраниме секој сојузник од каква било […]

Почина Џејмс Пердју, човекот што помогна да се склучи Охридскиот договор


Американскиот дипломат кој помогна во завршувањето на конфликтот во 2001 и во склучувањето на Охридскиот договор, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објави весникот „Арканзесонлајн“. Причината за смртта не е наведена. Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како […]

Претседателот на Европскиот парламент повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристап кон ЕУ


Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристапување кон Европската унија, нарекувајќи го проширувањето „позитивен проект за мир и просперитет“, јави ДПА. „Проширувањето може да донесе огромни придобивки и за регионот и за Европа како целина и да помогне да се обезбеди стабилен, просперитетен и мирен […]

Битиќи: Императив во кризата ни беше да ги сочуваме работните места


Императив во кризата ни беше да ги сочуваме работните места. Успеавме да спасиме околу 80 илјади работни места. Имавме пад на БДП од 4,5 проценти, а ако не беа мерките, нашиот пад би бил 8,7 проценти. Мерките ги дадоа очекуваните резултати, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во […]

Барди: Благодарам за поддршката, се гледаме на Европско


Фудбалерот за врска во македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, преку социјалните мрежи се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период кога беше во изолација поради позитивен тест на коронавирус. – Благодарност до сите кои ми испративте пораки со поддршка овие денови. Се чувствувам одлично. Ќе се видиме на Европско во многу скоро време. […]

Данска противник на македонските одбојкари во финалето на Европската сребрена лига


Македонската одбојкарска репрезентација денес во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска. Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарците совладувајќи ги со 3:1 во сетови. Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата […]

Ракетен напад во Јемен, 17 загинати


Јеменските бунтовници Хути истрелаа балистичка ракета во градот Мариб, контролиран од владата, при што загинаа најмалку 17 лица. Меѓу нив е и петгодишно девојче, соопштија официјални извори. Ракетата погоди бензинска пумпа во областа Равда во Мариб и сите жртви се цивили, изјави претставник на локалниот гувернер. Десетици луѓе беа ранети во експлозијата на ракетата, а […]