Турција ни донира 30.000 вакцини од „Синовак“
Турција ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот „Синовак“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, вечерва.
„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот ‘Синовак’. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, напиша министерот за здравство Венко Филипче, кој вечерва заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на работна вечера во Турција.