Усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година, соопштија од НБ. Стрaтегискиот план на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто со флексибилни, соодветно осмислени и навремени одлуки, во време на брзи промени и дигитална трансформација, придонесува за повисок животен стандард […]

Спасовски ја прими втората доза на „Синофарм“ во Куманово


На вакциналниот пункт во Куманово утрово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19. – Ве повикувам да го сторите […]

Стефан Јанев: Корупцијата во Бугарија ни го урива меѓународниот авторитет, политичкиот систем и демократијата


Корумпираната средина во Бугарија не само што го урива меѓународен авторитет на државата, туку го поткопува и политичкиот систем, темелите на демократијата, правејќи ја нефункционална и неефикасна. Тоа го нагласи бугарскиот технички премиер Стефан Јанев на состанокот на Советот за безбедност. Не можеме да имаме стабилен политички систем, просперитетна економија или функционален социјален систем без […]

Почина Давид Душман,„херојот од Аушвиц“, последниот прежиеван ослободител на конц-логорот


Давид Душман, последниот преживеан војник кој учествуваше во ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта во Аушвиц во 1945 година, почина на 98-годишна возраст. Тој почина во клиниката во Минхен во петокот вечерта, соопшти во неделата градската еврејска заедница ИКГ, опишувајќи го како „херој на Аушвиц“. Душман, војник на Црвената армија, кој подоцна стана меѓународен мечувалец, […]

Ердоган сака улога во бугарската политика


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прими во неделата (6 јуни) делегација на бугарската партија Движење за права и слободи (ДПС) околу која гравитираат бугарските Турци. Делегацијата на ДПС беше предводена од лидерот Мустафа Карадај, а во неа беше и европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Македонија во Европскиот парламент. Средбата беше во замокот […]

Авионот во кој беше Камала Харис се врати поради дефект, на аеродромот


  Авионот во кој беше Камала Харис мораше да се врати поради технички проблеми додека американската потпретседателка патуваше за Гватемала, на своето прво меѓународно патување. „ДОбро сум, добро сум“, уверуваше Харис дигајќи два прста во воздух и насмевнувајќи се по слетувањето, сепак додавајќи: „Сите кусо се помоливме, но добро сме.“ Потпретседателката со друг авион замина […]

Маж на избори во Мексико донесе отсечена глава


  Непознат маж фрли отсечена глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, во Мексико, а во близина се пронајдени пластични вреќи полни со делови од тело, додека Мексиканите ширум земјата гласаат на избори. Властите соопштија дека мажот погебнал и дека на тоа подрачје најдени се пластични вреќи со остатоци од човек и отсечени раце. […]

Поранешни светски лидери бараат земјите-членки на Г-7 да издвојат околу 50 милиони долари за вакцини за сиромашните земји


Повеќе од 100 поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Г-7 да платат две третини од 66 милијарди долари потребни за вакцинирање против Ковид-19 во најсиромашните земји. Во писмото, во кое Гардијан имаше увид, се наведува дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да […]

Без струја денеска дел од Сарај, Ѓорче Петров, Сопиште, Кисела Вода, Чаир, а без вода „Рузвелтова“


Без електрична енергија денеска во периодот од 5 до 9.30 часот ќе бидат корисниците во селата Љубин, Горно и Долно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје и Кондово ( општина Сарај ) Кучково и дел од корисниците од Волково (општина Ѓорче Петров). Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја денеска во периодот од 9 […]

Тренерот на Клиперс ги доби сите четири „мајсторки“ во неговата кариера


Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Далас со 126:111 во решавачкиот, седми натпревар од првото коло од плејофот во 2021 година и се пласираа во полуфиналето на Западот. Тренерот на Клиперси, Тајрон Лу повторно победи во седмиот натпревар од плејоф-серијата и продолжува да има совршени четири победи без ниту еден пораз во „мајсторките“. Лу […]

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора


Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија и црногорската Национална туристичка организација. Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ. […]

Стоев: Очекуваме конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение


 Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во однос на европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета, јави дописникот на МИА од Софија. Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври […]

Поради индискиот сој на Ковид-19 можно е да не бидат укинати рестриктивните мерки во Велика Британија


Во Велика Британија е зголемена загриженоста поради новиот индиски сој на Ковид-19, кој според истражувањата е за 40 отсто позаразен од претходиот британски вид, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Ширењето на варијантата Делта, првпат идентификувана во април во Индија сега е доминантна во Велика Британија, поради што најверојатно нема да се укинат дел […]

Никола Ѓорѓиев: На турнирот во Струмица не го покажавме тоа што го знаеме


По крајот на финалниот натпревар од завршниот турнир во Европската сребрена лига видно беше разочарувањето кај нашите одбојкари поради поразот од Данска со 3:1 во сетови. Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, смета дека репрезентативците на турнирот во Струмица не го покажале тоа што го знаат. – Колку што видов од статистиката двајца играчи […]

Пендаровски за „Политика“: За македонскиот идентитет не може да се преговара


Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори. Нашиот идентитет и македонскиот јазик се резултат на културен и научен факт, резултат на долгогодишниот историски и културен развој. Впрочем, процесот на развојот на нашиот идентитет и јазик по ништо не се разликува од развојот на јазиците и […]

Најмалку 50 загинати во железничка несреќа во Пакистан


Најмалку 50 луѓе загинаа денеска во судир на два брзи воза во јужен Пакистан, соопштија властите. Дел од повредените се во критична состојба.Несреќата се случила во регионот Готки. Според првичните информации, еден воз излетал од шините и потоа во него удрил друг воз.  Во возовите со околу 14 вагони, имало околу 1.100 патници. 

Мастерклас на хрватскиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ на фестивалот „Литера“


Големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ ќе учествува на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Легендата на некогашната југословенска илустраторска школа ќе го сподели своето искуство преку мастерклас вечер (18 часот) на зум-платформата. Работилницата ќе трае два часа и е наменета за сите студенти, млади илустратори, уметници и сите вљубеници во оваа дејност, […]

ЕП неделава ќе гласа за укинување на патентите за вакцини против Ковид-19


Европскиот парламент неделава ќе гласа за предлогот за резолуција со која се повикува Светската трговска организација да ги отфрли патентите за вакцините против Ковид-19. Во дискусијата за тоа прашање во мај, ЕП беше едногласна во барањето за укинување на патентите, а во меѓувреме ЕК предложи мерки за проширување на производството на вакцини без да се […]

АХВ организира дебата по повод Светскиот ден на безбедна храна


Новата европска стратегија за безбедност на храната, перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, се дел од темите на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – „Безбедна храна […]

Собраниските комисии ќе расправаат за избор на уставни судии, кризната состојба, евроинтеграциите…


Утврдување  предлог за избор на уставни судии е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањето, а пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог одлуката на Владата за продолжување на рокот за постоење кризна состојба до крајот на годинава. Во Собранието ќе заседава и Националниот совет за […]