Утре без струја неколку скопски улици


Во текот на утрешниот ден од 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Киро Фетак“ бр.14, 14а, 14б, 16, 57, 59, 61, 63, 65 и 71 како и сите останати објекти приклучени на тој извод. Како што информираат од Центарот за управување со кризи на Град Скопје, од 08 до 13 часот, […]

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар


За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95и Еуросупер БС-98 и дизелот, а екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.   Од полноќ новата цена на Еуросупер БС – 95 е 68 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 70 денари, дизелот – 60,50 денари, а екстра лесното масло 60 денари за […]

Регистриран еден нов случај со Ковид-19, тројца починати, 204 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај со Ковид-19 од Куманово. Пријавени се вкупно тројца починати пациенти од кои по еден од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови. Регистрирани се 204 […]

Дигитално реставрирана копија на филмот „Мирно лето“ во петок во Кинотека


Во летното кино на Кинотеката во петок во 20.00 часот ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ на режисерот Димитрие Османли, од 1961 година. Петочната проекција на „Мирно лето“ истовремено ќе биде пренесувана во живо на јутјуб каналот преку линкови објавени на кинотечната страница „Фејсбук“ и на веб-страницата на Кинотеката. […]

Русија ја обвини УЕФА за „политика на двојни аршини“


Членот на Државната дума, Дмитриј Свишчев ја коментираше одлуката на УЕФА за одобрување на дресовите на украинската репрезентација за Евро 2020. – Ова е политика на двојни аршини. Она што се случува сега со обликот на Украина е неприфатливо. Украина изразува политички став кој е некомпатибилен со Руската Федерација. Штом УЕФА донесе ваква одлука, тоа […]

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро


По повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, и во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“ Македонско – хрватското друштво и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ спроведоа еколошка акција и нуркачки активности во Маврово и го чистеа Мавровското езерото. Членовите на МХД и ЕД „Пена“ во […]

Утре оглас за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на еколошки уреди во возилата


Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Државата ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за вградување на ваков уред во возилата, но не повеќе од 18 илјади денари или 300 евра […]

Прво адултно прскање против возрасни комарци во гевгелиско


Во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, според одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, денеска почнувајќи од 20 часот до 4 часот следното утро,ќе се изврши првото адултно прскање по земјен пат против возрасни комарци, доколку дозволат временските прилики. Од локалните самоуправи, апелираа ообено до сопствениците на пчели, во најавениот интервал за […]

На неколку дена пред ЕП – Шпанците одат во изолација, Бускетс е позитивен на корона


Европското првенство започнува во петок, а првата криза поради корона вирусот веќе се појави Донекаде неверојатна вест пристигнува од Шпанија на само пет дена пред почетокот на Европското првенство во фудбал. Серхио Бускетс е позитивен на КОВИД-19 и мора да помине десет дена во изолација, што значи дека сигурно ќе го пропушти првиот натпревар со […]

На болничко лекување 126 ковид пациенти, слободни 500 кревети во ковид центрите


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има двајца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. – […]

Арсенал ја одби понудата на Рома за Џака


Рома не може да се договори со Арсенал за трансфер на играчот за врска Гранит Џака, со кого веќе е договорена 4-годишна соработка. Римјаните понудија 14 милиони евра за 28-годишниот играч на швајцарската репрезентација, плус три милиони во бонуси, но лондонскиот клуб одби. Според новинарот Николо Шира, Арсенал очекува да добие 23-25 ​​милиони долари од […]

(Во живо) Прес на Крешник Бектеши


 Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши за Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Проследете ја во живо:

Дигиталната настава е подобра оваа година, отколку минатата


Сите учесници во образовниот процес (директори, наставници и ученици) оценуваат дека наставата на далечина е поорганизирана оваа учебна 2020/21 година споредено со второто полугодие од 2019/20. Клучни промени се: доследна организација на наставата според распоред на часови и користењето на платформа за видео-конференциски повик за реализација на предавањата и часовите. Ова беше соопштено на денешната […]

Со „Man Rec” и „Не ми ги допирај очите“ вечер се затвора Танц Фест 2021


 „Man Rec” на французинот Амала Дианор и „Не ми ги допирај очите“ на македонската кореографка Адријана Данчевска вечер ќе го крунисаат годинешното издание на Танц Фест Скопје. Со почеток во 21 часот, во Домот на армијата, ќе се заокружи една недела извонреден современ танц, на кој беа претставени повеќе премиери на танцови претстави, танцови филмови, […]

Концерт „Звукот на идната генерација“ во Филхармонија


 Концертот „Звукот на идната генерација“ со студентите од државните факултети за музичка уметност ќе се одржи в четврток, во 20 часот во Филхармонија. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел. Како солисти ќе настапат студентите од трета и четврта година на Факултетот за музичка […]

Објавена биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес


„Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, во која раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата […]

МЗ: Кај пациент кој се вратил од Ирак детектиран „индиски“ сој на Ковид-19


Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2, соопшти денеска Министерството за здравство. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило […]

Јутарњи лист: Французите од Хрватска бараат аванс од 150 милиони евра за авионите


Франција, според првиот нацрт договор за набавка на 12 борбени авиони „Рафале Ф3Р“, бара од Хрватска аванс од 150 милиони евра, пишува загрепски „Јутарњи лист“. Повикувајќи се на своите извори, „Јутарњи“ пишува дека француската техничка делегација доаѓа во Загреб овој месец на состанок со членовите на хрватскиот тим, кога официјално ќе започнат преговорите меѓу Хрватска […]

ОЈО Куманово поведе постапка против двајца Индијци и двајца Пакистанци​


 Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1,  а еден од нив и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе […]

Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни


Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава. -Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, […]