Путин го потпиша повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој официјално се потврдува повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“, меѓународен договор што овозможува невооружени летови за набљудување над териториите на земјите потписнички. Администрацијата на Бајден во мај ја извести Москва дека нема повторно да склучи договор, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД […]

„Караван за здрави заби“ во градинките низ Центар


Денеска во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ започна проектот „Караван за здрави заби“ за оралното здравје и хигиената кај децата што се реализира во соработка со Стоматолошкиот факултет и Катедрата за превентивна и детска стоматологија во Скопје. На настанот присуствуваа проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, претставници од Општината и од градинката, специјализанти и […]

Јанакиевски и Канчевска договарале свирчиња и труби за протестите што кулминираа на 27 април


 Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиевски и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот „Организаторите на 27 април“. Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година. Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиевски и Качевска – Милевска, […]

На пунктот за масовна вакцинација во Велес денеска и утре се вакцинира со „Астра Зенека“


На пунктот за Масовна вакцинација против Ковид-19 сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес  денеска и утре со прва доза од „Астра Зенека “ се вакцинираат лица постари од 60 години кои се пријавиле на вакцинација,мк.За овие два дена добиени се 600 вакцини информира за МИА, д-р Марина Тодоровска координатор на пунктот […]

Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани


Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како […]

Правописот на македонскиот јазик ќе стане достапен со пребарување и без надомест


Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавање, на пробив, на препознавање, на кодификација и на признавање, и тој денес е признаен во целиот свет. Неговата посебност впишана во личната карта на нашата држава во големото семејство на народи и на земји-членки на Обединетите Нации, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук. На денешен ден, додава, […]

Македонија е во европскиот врв по бројот на пушачи


Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Грција се на црната „тутунска листа“ во Европа. Сите тие имаат потрошувачка од над 2.350 цигари по лице годишно   Македонија треба сериозно да преземе нова анти-пушачка агенда затоа што се наоѓа во врвот на земјите во Европа според бројот на пушачите. Реномираното медизинско списание „Лансет“ неодамна објави големо […]

Семејство од Швајцарија донираше апаратура за кислородна поддршка за потребите на делчевскиот здравствен дом


 Семејството Ангеловски од Делчево кои долги години живеат и работат во Швајцарија донираа концентратор на кислород кој ќе се користи за потребите на делчевскиот здравствен дом. Донацијата беше предадена на користење на Итната медицинска помош каде од денес ќе биде ставена на располагање за потребите на граѓаните на Делчево.   -Имајки ја во предвид ситуацијата […]

Петрушев: Потребна едукација за последиците од прекинувањето на „ладниот ланец“ на дистрибуција во обезбедување квалитетни млечни производи


Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите не се почитуваат, некогаш од дистрибутерите, некогаш од крајните продавачи или потрошувачи. Токму затоа, важно е самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет. Доколку дојде до прекин на „ладниот ланец“, […]

На рочиштето за „27 април“: Јанакиески и Канческа – Милевска договараат Владо Јовановски да зборува на протест


Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот „Организаторите на 27 април“. Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година. Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиески и Качевска – Милевска, […]

Истражување: Наставниците и учениците задоволни од онлајн наставата


Наставата е поорганизирана и подобро спроведена во учебната 2020/2021 година споредено со последните три месеци (март-јуни) од минатата 2019/2020 година кога, со почетокот на пандемијата, образовниот процес беше втурнат во нови услови и начини на реализација. Тоа го покажува истражувањето „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на […]

Одземени 148.000 евра на македонски државјанин на преминот Прешево-Табановце


На 72-годишен државјанин на РС.Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во РС Македонија за време на викендот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил […]

ВМРО-ДПМНЕ утре на протест, бара да се објави за што се преговора со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, рече денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски на средба со новинарите. Протестот ќе […]

Изборот на уставните судии „на пауза“


Поради недоволно познавање на процедурите од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на судии на Уставен суд, беше побарана пауза од еден час на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ова денеска за МИА го изјави претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Костадин Костадинов. -Не може […]

„Рамстор Мол“ го слави својот 16ти роденден!


Месец јуни го одбележува доаѓањето на летото, големите попусти и радости, а воедно и месецот во кој „Рамстор Мол“ го слави својот роденден. Оваа година „Рамстор Мол“ слави 16 години постоење на македонскиот пазар. Во пресрет на роденденската прослава, во текот на јуни, за посетителите „Рамстор Мол“ обезбеди големи попусти, акции, промоции, како и многу […]

Бојан Илиевски прво засилување за Работнички


Работнички го доведе првото засилување во пресрет на новата сезона. Дефанзивецот Бојан Илиевски е нов фудбалер на „Романтичарите“. Тој во Градски парк доаѓа од редовите на Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на тимот. – Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на Работнички. Се работи за еден од […]

Шпанија ги отвора своите граници за вакцинираните патници


Шпанија ги отвора од денеска своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, во обид да го оживеат својот туристички сектор. Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против Ковид-19. Од денеска ќе бидат дозволени крстарења од пристаништата. Шпанската министерка за […]

Паркингот на Водно викендот го искористиле 334 возила


Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 334 возила според бројот на испратени СМС пораки, соопшти Град Скопје и апелира граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на […]

Словачка втора држава во ЕУ што почна имунизација со Спутник В


Словачка е втора држава во Европската унија што почна со имунизација со руската вакцина Спутник В, која се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози. Досега само 5.000 луѓе се пријавија за Спутник В, а првата земја на ЕУ […]

Реал подготвен да организира збогување со Рамос


Прашањето со заминувањето на дефанзивецот Серхио Рамос од Реал Мадрид е блиску до решавање. Мадридскиот клуб се подготвува да се збогува со фудбалерот. Претседателот на Реал, Флорентино Перез има намера да го контактира Рамос за да организира збогување со него овој месец. Идејата на Реал Мадрид е Рамос да се фотографира со дваесет и двата […]