Тепачки низ цела Македонија


  Повеќе тепачки се пријавени во полиција во изминатото деноноќие, а една жена нападнала и полицајци. Во СВР Велес вчера во 14.30 часот Д.Д.(43) од Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица. Во 21.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил […]

Во Вардар кај Велес најден човечки труп


Во соопштението од МВР стои дека вчера во 11.50 часот било пријавено дека во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен од реката. Извршен бил увид на местото од страна на увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено […]

Во Хрватска уште 1.342 новозаразени, починаа 36 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 1.342 случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи денеска е 10.705. Меѓу нив 2.016 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 235. Починаа 36 лица, а досега вкупно 7.424. Одффевруари лани, досега забележани се 343.829 заразени, а оздравеа 325.700. До вчера потрошени […]

Британија од 17 мај на своите туристи ќе им дава ковид пасоши


 Британските туристи од 17 мај ќе добијат ковид пасоши, под услов да ги примиле двете дози на вакцината. Министерот за транспорт Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан“. Луѓето кои ја немаат апликацијата ќе можат да побараат […]

ЕУ и „Фајзер“ потпишаа нов договор за набавка на 1,8 милијарди дози вакцини


Европската Унија потпиша нов договор со „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19 од 2021 до 2023 година, кои ќе ги покриваат залихите, донациите и препродажбата на дозите, објави Европската комисија. „Среќна сум што можам да објавам дека ЕК штотуку го одобри договорот за загарантирани 900 милиони дози (+900 милиони можни) со […]

Мишел: ЕУ скептична во врска со укинувањето на патентите за вакцини


 Европската Унија е скептична во врска со корисноста од укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините против Ковид-19 како начин за борба против пандемијата, но е подготвена да разговара за конкретен предлог, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Според него, вистинскиот начин за борба против пандемијата е да се произведат повеќе вакцини што […]

Макрон: САД да овозможат слободен извоз на вакцини


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 и компонентите за нивно производство. Обраќајќи се на самитот на Европската унија во Португалија, тој рече дека богатите земји мора да го споделат својот капацитет за вакцини и на тој начин […]

Под 200 случаи на зараза од 3.108 тестирања, починати 12 лица


Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 12 починати лица, а оздравени 333 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Од новозаразените, во Скопје се 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – […]

Вакцинирани над 97 илјади граѓани, повеќе од 250 илјади се пријавиле на „vakcinacija.mk“


Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани, […]

(Видео + фото) Гарванлиев со прва проба на Евросонг: Што може Македонија да очекува во Ротердам?


Полуфиналните вечери ќе се случат на 18 и 20 мај, додека финалето е закажано на 22 мај. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред Првата проба на Гарванлиев со “Here I stand” на Евросонг во Ротердам се случи денес и веќе се очекуваат попрецизни прогнози околу пласманот на учесниците, но искуството покажало дека не […]

И покрај Ковид, шансите за летување се зголемуваат


Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Европа се намалува, бројот на вакцинирани се зголемува. Многу земји се надеваат на туристи и почнаа со разлабавување на мерките Европските земји полека се отвораат пред почетокот на летната сезона. Како во моментов изгледа ситуацијата со рестрикциите и нивното разлабавување, погледнете во галеријата:  Линк до целиот текст на Дојче […]

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус


Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и најтрофејниот италијански клуб Јувентус се соочуваат со можна забрана за настап во Лигата на шампиони (ЛШ), откако трите екипи основачи на пропадната Супер лига одбија да потпишат „договор за реинтеграција“ со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Постапката против трите екипи ќе ги водат дисциплинските тека на УЕФА, кои ќе донесат одлука […]

Портпаролка на ЕK: Брзата пруга Белград-Северна Македонија е суштински дел од Трансевропската транспортна мрежа на ЕУ


Инфраструктурниот проект – брзата пруга Белград – Северна Македонија што беше најавена за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел е дел од железничкиот коридор 10 за кој ЕУ веќе има определено средства од 135 милиони евра, изјави за белградскиот весник Данас, Ана Писонеро Хернандес, портпаролка на Европската комисија, јави дописникот на […]

Бочварски очекува до крајот на мај да се пушти првата делница од експресниот пат Штип-Радовиш


Новиот експресен пат Штип-Радовиш првата делница од мостот на реката Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена за сообраќај кон крајот на месецов, најави денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. -Оваа пролет ќе биде пуштена првата делница на патот Штип-Радовиш. Во моментов се прават последните извештаи на Надзорните органи, пред пуштањето […]

Младите со порака до ЕУ: Македонија заслужува преговори


Министерството за надвореши работи денеска во песрет на Денот на Европа организираше настан на кој младите од земјава упатија пораки до ЕУ дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од европското семејство и оти сега ЕУ е на потег. Во своето обраќање на настанот, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека денеска им […]

Мицкоски ја оцени како дволичност изјавата на Пендаровски по средбата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање во Делчево дека изнел различен став од она што било дискутирано на вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, порача дека се работи за дволичност и очигледен  притисокот врз Пендаровски, иако на средбата имале усогласени ставови. -Генерално ние внатре се сложивме за се, како што кажав и во […]

Ангеловски: Намален бројот на сообраќајни незгоди и жртви во 2021 година


Министерството за внатрешни работи продолжи со спроведување на засилени акциски контроли на делницата од Штип до Берово. Како што истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес – конференција во Делчево, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 133 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. – Од овие санкции, 117 се надвор од […]

Османи: Северна Македонија ги исполни сите критериуми, дури и ги надмина за почеток на преговори со ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави оти не мисли дека Република Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздовени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка […]

Чешка побарала од државите од ЕУ да протераат по еден дипломат на Русија


На неформалниот самит во Португалија, чешкиот премиер Андреј Бабиш побара од земјите членки на Европската унија да протераат по еден руски дипломат во знак на солидарност со Чешката Република во нејзината дипломатска војна со Русија. -Ние секогаш мора да претпоставиме дека кога е нападната една земја-членка, всушност, сите ќе бидат нападнати. Исто така, ги замолив […]

Остатоци од кинескиот сателит може да паднат во Италија


Италијанската цивилна заштита ги предупреди жителите на јужните региони Умбрија, Лацијум, Абруцо, Молизе, Кампанија, Базиликата, Апулија, Калабрија, Сицилија и Сардинија да останат „во затворен простор“ ноќта на 8 кон 9 мај, бидејќи постои можност остатоците на кинескиот сателит, кој паѓа на Земјата без контрола, да завршат во делови на токму тие италијански региони. Според зборовите […]