Отворени плажите во Грција, без музика и со растојанија меѓу лежалките и чадорите


Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од […]

СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи Клиничкиот центар


СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека не се откажуваат од блокада на законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години. -Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски,  со лаги, конструкции и преку парцијални документи го саботира овој закон и […]

Пораст на температурата во наредните денови, в среда попладне локално дожд и грмежи


Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда, претежно во попладневните часови, ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Како […]

Во болниците низ земјава има 806 ковид-пациенти, 340 се во Скопје


Вкупно 806 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ целата земја – 340 во Скопје и 466 во болниците во другите градови. Има околу 864 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, Тетово – 11,  Велес –  59, во […]

Напад со дрон во Ирак врз база со американски војници, нема жртви


Ирачка воена воздухопловна база, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало при што е предизвикана само мала штета, но нема жртви, соопштија ирачката армија и коалицијата предводена од САД. Во нападот е оштетен хангар, објави портпаролот на коалицијата полковник Вејн Марото на Твитер и додаде дека истрагата е во […]

Милевски: Го подобруваме квалитетот на животот на лицата со посебни потреби преку социјализирање и инклузија во Југоисточниот регион


Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи министерот за […]

Карпош со повеќе пари за зеленило и јавна хигиена


Со измените на буџетската Програма од областа на екологијата и енергетската ефикасност, општина Карпош повеќекратно ги зголеми средствата за подигнување на зелени површини, хортикултура, јавна хигиена, обновување и одржување на урбана опрема, реквизити по детски и спортски игралишта. Поточно, на 56. седница на Советот беа направени неколку измени. Така, за подигнување на нови тревни површини, […]

Бислимоски: Скопјани може да очекуваат поевтино парно греење во следната грејна сезона


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски очекува скопјани да плаќаат поевтино парно греење во следната грејна сезона. -Актуелната грејна сезона заврши пред малку и до крајот на јуни, како што е вообичаено, компанијата „БЕГ снабдување“ ќе треба да направи порамнителни сметки за да видиме дали авансните сметки што досега […]

Дончиќ четврт најмлад кошаркар во историјата на НБА со постигнати 5.000 кошеви


Словенецот Лука Дончиќ со 22 години и 67 денови стана четвртиот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 5.000 кошеви. Словенечкиот кошаркар во синоќешниот триумф на Далас над Кливленд (110:90) имаше ефект од 24 поени и осум скокови со што ја мина границата од 5.000 кошеви во настапите во НБА. Само Кармело […]

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска нема ни ден стаж како судија, но има во политиката


ВМРО-ДПМНЕ повторно реагира на изборот на Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет, што според нив е уште еден показател дека власта  максимално го партизира судството. -Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија , а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија.Истата таа Црвенковска можеби нема искуство […]

СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“


Светската здравствена организација ја одобри вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ за итна употреба. Вакцината e една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство. Taa е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“. СЗО досега […]

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, 372 санкции за неносење маска


 Од 23.00 часот (07.05.2021) до 5 часот (08.05.2021) полицискиот час не го почитувале 21 лице. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени […]

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија 


Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Како што нотира агенцијата, рејтингот на РС Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Како што соопшти Министерството за финансии, агенцијата […]

Кибер напад врз најголемата американска компанија за пренос на нафта


Најголемата американска компанија за пренос на преработена нафта во САД, „Колонијал пајплајн“ ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопшти седиштето на компанијата. Во соопштението се вели дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени и дека интернетот е исклучен за да се реши проблемот. Компанијата ангажирала експертска фирма […]

Ангеловска-Бежоска за признанието од „Централ бенкинг“: Народната банка не е еден човек, таа е институција


Нефункционалните кредити се сведоа на историски најниско ниво, додека депозитите продолжија да растат. Ова се едни од причините поради коишто „Централ бенкинг“ ја издвои Анита Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот, коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со ковид-19. Ова го истакнуваат од „Гласот на Америка“, во интервју со гувернерката на Народната банка.  […]

Злоупотребата на Конески: Венко Андоновски – Политиката сѐ повеќе ќе ги ограбува дијамантите од овие трезори


Во актуелниот миг, исполнет со меѓународно-политички искушенија за постоењето на македонскиот јазик, но и политичката (зло)употреба на домашен терен, 2021 година е посветена на Блаже Конески, зашто нашата култура денес и секоја помисла на Македонија со право се врзуваат со името на Конески, бидејќи тој ги осветлуваше и афирмираше пред своите современици и пред лицето […]

Полицијата во Скопје изрекла 129 сообраќајни прекршоци, 32 за брзо возење


На територија на град Скопје полицијата вчера изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, соопшти МВР. Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал односно црвено светло, три санкции […]

НБА: Меч на кариерата за Богдановиќ, 48 поени на Хрватот за нов триумф на Јута


Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера, предводејќи го синоќа тимот на Јута до триумф на домашен терен над Денвер со 127:120. Богдановиќ уфрли 48 поени, реализирајќи притоа осум тројки од 11 обиди, а додаде и осум скокови и две асистенции. Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот […]

Индија: Рекорден број починати за 24 часа од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Индија се регистрирани рекорден број смртни случаи – 4.187 од Ковид-19, а веќе трет ден по ред бројот на новозаразени е поголем од 400 илјади. Во државата Тамил Наду од денеска на сила е нов локдаун. Со вчерашните 401.078 потврдени случаи вкупно има 21,9 милиони заразени во таа држава додека […]

Ивана Петровска од Тетово-меѓу ретките научници кои ја истражуваат планетата Земја, добитничка на „Инженерски прстен“


Младата тетовчанка Ивана Петровска е меѓу ретките луѓе во С. Македонија која се занимава со истражување на површината на планетата Земја преку слики од сателитски платформи, вклучувајќи ги тука и продуктите на американската вселенска агенција НАСА. Таа е магистер по технички науки од областа на геодезијата и специфичните истражувања ги спроведува како стручен соработник на […]