Законските измени за недела да биде неработен ден, месецов на владина седница


Владата ги подготви законските измени кои ја дефинираат недела како неработен ден. Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во […]

Ден на победата над фашизмот


Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната […]

Стивнува ли заразата – вчера позитивни шест отсто од тестираните, до неодамна беа и над 25 отсто. Вакцинацијата зема замав


Бројките покажуваат стивнување на епидемијата со коронавирусот. Вчера од направени 3.108 тестирања само 198 биле позитивни, што е шест отсто од тестираните. Пред извесно време тој процентот се движеше над 25. Се намалува и бројот на починати. Вчера се регистрирани 12 лица кои не ја добиле битката со Ковид-19. Најмладиот е на 37 години од Крушево. Регистрирани […]

Садик Кан реизбран за градоначалник на Лондон


Лабуристичкиот пратеник Садик Кан е реизбран за градоначалник на Лондон. Кан освои 55,2 проценти или 1,2 милиони гласови, додека конзервативниот кандидат Шон Бејли доби 44,8 проценти од гласовите. Ова ќе биде втор мандат на Кан како градоначалник на Лондон.

Сончево и топло до 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

ЕУ би ги разводнувала вината со вода за да го намали уделот на алкохол – Италијанците се побунија


Италијанската винска индустрика остро се спротивставува на плановите на Европската Унија за можно разредување на вината со вода за во нив да се смали уделот на алкохол. Според италијанските медиуми, во Европа се разгледува осмислување на производството на вино без алкохол или вино со помал процент на алкохол, а крајната цел на таквиот предлог е […]

Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи


Седум лица загинаа денеска во две лавини на француските Алпи, соопштија властите, кои вчера предупредија за нестабилност на снежните покривки поради затоплување. Првата смртоносна лавина започна доцна наутро во општина Валоар, на превојот Галибие, на надморска височина од 2.642 метри. Четири лица на возраст од 42 до 76 години од областа Гренобл ги загубија животите. Две […]

Бесими: До 5 отсто економски раст преку нови развојни фондови и инструменти за финансирање


Формирање на развојни фондови, како на пример можност за воспоставување на Фонд за поддршка на извозни компании, Фонд за инвестиции, Фонд за зголемување на средства, Фонд за ризичен капитал,  Стратешки инвестициски фонд, како и користење на инструментот краудфандинг или групно финансирање, се дел од Планот за финансирање на заздравување и забрзан економски раст. Планот има […]

Папата го поддржа откажувањето од патентите за вакцините против Ковид-19


Папата Франциско ја понуди својата поддршка за откажување од патентите за вакцини за корона вирусот за да се зголеми снабдувањето во посиромашните земји, во видео порака на концертот „Вакс во живо“. Аргентинскиот понтиф го поддржа „универзалниот пристап до вакцината и привременото суспендирање на правата на интелектуална сопственост“ на снимката направена на неговиот мајчин шпански јазик. […]

(Видео, фото) Одиме на Европско: СКОПСКО со поддршка за македонската фудбалска репрезентација


Пивара Скопје и СКОПСКО постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули оваа година. СКОПСКО, како докажан пријател на спортот и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, пред и […]

Деловите од кинеската ракета ќе паднат на Земјата во недела наутро


ШАНГАЈ – Остатоците од најголемата кинеска ракета лансирана минатата недела се очекува да поминат низ атмосферата доцна во сабота или рано во недела, соопштија во саботата европските и американските центри за следење. Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека повеќето остатоци од ракетата ќе изгорат при повторното влегување и многу веројатно нема да […]

Пендаровски и Мицкоски: Љубовта заврши уште пред да почне


Последната средба во четири очи со јавен спектакл покажа дека од вакви разговори може да има повеќе штета отколку корист, затоа што парцијалните толкувања не градат мостови   Она што изгледаше како почеток на една воздржана политичка љубов изгледа дека се распадна уште пред да почне. Но двајцата актери – Стево Пендаровски и Христијан Мицкоски […]

Гарванлиев за „Независен“: Ќе дадеме се од себе на Евросонг


-Задоволен сум како помина првата проба, воодушевени сме од реакциите и пречекот во Ротердам. Арената Ахој вибрира со позитивна  енергија и насмевки и покрај сите протоколи за заштита и рестриктивните мерки. Пресреќен сум што конечно сме тука и следните две недели ќе дадеме се од себе да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Тимот и […]

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио


Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија. Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во […]

Меркел ги повика САД да дозволат извоз на вакцини


 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повтори своето противење на укинувањето на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против коронавирус и ги повика САД да го отворат „пазарот“ и да дозволат извоз на вакцини и нивните состојки. „Се надевам дека сега кога голем дел од американското население е вакцинирано, можеме да имаме слободна размена на […]

Албанија: За првпат во едно деноноќие не е хоспитализиран ниту еден ковид пациент


За првпат во 14- месечната битка со Ковид-19 во Инфективната клиника во Тирана во последото деноноќие нема ново хоспитализирано лице заразено со опасниот вирус, јави дописничката на МИА од Тирана.   Исто така, според Топ чанел, денеска не може да се забележат блиски на болни кои чекаат во кругот на клиниката.   – Во последните […]

Протести на разединети полициски синдикати со исти барања


Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Оттаму се спротивставија на, како што неофицијално дознале, […]

Учител повлекол за коса 9-годишен ученик, му го одделил скалпот и предизвикал крварење во главата


  Учител во централна Кина наводно повлекол за коса деветгодишен ученик толку силно, што делумно му го одвоил скалпот и предизвикал внатрешно крварење во главата. Лекарите велат дека скалпот на момчето и главата биле речиси целосно одвоени, а од него е извлечен речиси литар крв со помош на игли во тек на сеудм операции, пренесе […]

За четири месеци во Албанија бонус добиле околу 13 илјади бебиња


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во првите четири месеци од годинава околу 12.766 новороденчиња добиле бонус за бебе, јави дописничката на МИА од Тирана.   Со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра), за второродено 80 илјади, а за третородено дете по 120 илјади леки. […]

НАСА објави звучна снимка од летот на мини хеликоптерот на Марс


  НАСА објави прва аудио снимка од четвртиот пробен лет на мини хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс изведен ан 20 април, соопшти американската веселенска агенција. Звукот на елисата на хеликоптерот која се врти со повеќе од 2.500 вртежи во минута едвај може да се слушне, затоа што хеликоптерот е тежок само 1,8 килограми, а бил оддалечен […]