Облачно од пладневните часови со врнежи од дожд


Времето претежно облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. УВ=5 Во Скопје […]

Нови протести против епидемиолошките мерки во Брисел


  Ститици луѓе без маски протестираа денеска против епидемиолошките мерки воведени како заштита од Ковид-19 во близина на институциите на Европската Унија во Брисел, извикувајќи: Слобода! Протестот почна во градскиот парк, од каде учесниците се упатија кон плоштадот околу кој се наоѓаат канцелариите на функционерите на ЕУ, меќу кои и седиштето на Европската комисија. Полицијата […]

Челзи ја освои Лигата на шампиони, Манчестер сити во очај


Фудбалерите на Челзи го освоија вечерва пехарот во Лигата на шампиони, совладувајќи го во овогодишното англиско финале Манчестер сити со 1:0 (1:0). Челзи, кој по трет пат играше финале во елитното клупско натпреварување, го повтори успехот од 2012 година и го остави Сити без трофеј во првото финале. Тимот на Томас Тухел беше подобар на теренот во […]

(Видео) Пожар во пристаништето во Сплит, огнот голта бродови


Вечерва околу 20.30 часот, во Сплит, Хрватска изби пожар во пристаништето кој многу брзо се прошири. Како што пренесува „Слободна Далмација“, огнот избувнал на еден од бродовите, односно се работи за 15-метарска јахта, по што се проширил на упте десетина едрилици закотвени во близина. Густи облаци црн чад се издига над градот, а сите противпожарни […]

ФФМ ги послуша навивачите – на Европско ќе се игра во црвено-жолтите дресови


Фудбалската федерација на Македонија со старите дресови ќе дебитира на големата европска сцена, откако новите, кои беа промовирани вчера, не наидоа на позитивни реакции кај фановите. Особено негативни реакции предизвика првиот дрес кој беше во бордо боја, без ниту еден мотив кој потенцира на Македонија, освен, речиси скриениот рис. Вториот дрес беше жолто-бел, а третиот […]

Бојко Борисов мисли дека ќе биде уапсен


Откако ги отфрли обвинувањата изнесени против него од министерот за внатрешни работи, поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјави дека мисли оти може да биде уапсен. „Тие фабрикуваат. Тие избезумено бараат бизнисмен. Тие мора да излажат“, изјави лидерот на ГЕРБ. Неговата реакција уследи откако министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков, синоќа објави дека ќе поднесе […]

Пад на нови случаи и починати од вирусот во Италија и Франција


Италија објави 83 смртни случаи поврзани со корона вирусот во саботата во споредба со 126 смртни случаи претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Дневниот биланс на нови инфекции се намали на 3.351 од 3.738, пренесува Ројтерс. Италија регистрираше 126.002 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е втора најголема бројка во Европа по Велика Британија и […]

Нов протест за ослободување на осудените за 27 април


Повеќе илјади граѓани вечерва се собраа на нов протест на кој бараат ослободување на осудените за настаните на 27 април, кои ги нарекуваат „уставобранители“. Протестот почна пред Владата во 18:30 часот под мотото „Правда за уставобранителите“. Насобраните потоа се упатија кон Собранието. Меѓу нив е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и повеќе функционери на партијата. […]

Вашингтон го подготвува списокот на санкции за Белорусија


Администрацијата на Бајден соопшти дека подготвува список на насочени санкции против клучните членови на белоруската влада, кои принудно слетаа на патнички авион и уапсија новинар. Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, во петокот рече дека Соединетите Држави исто така го суспендираат договорот од 2019 година меѓу Вашингтон и Минск, со кој им се дозволува на […]

Денот без автомобили во Скопје со затворање на една улица во Аеродром


Под мотото „Улици за луѓе“, утре (30 мај), Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили на кој 12 часа затворена за автомобилски сообраќај ќе биде улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром. Улицата ќе биде затворена од 8 до 20 часот, а на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ ќе се случуваат […]

Облакодер со над 150 катови ќе се гради во Русија


Русија – Шкотската архитектонска фирма „Кетли Колектив“ ги објави плановите за изградба на вториот највисок облакодер во светот, кој ќе се наоѓа во рускиот град Санкт Петербург. Лакта Центар 2 ќе биде висок 703 метри, а највисоката зграда на светот Бурџ Халифа во Дубаи со 828 метри. За споредба, сегашната втора по височина зграда во светот […]

Д-р Софијанова: „Фајзер“ е безбедна вакцина и за помладите


-Се утврди дека „Фајзер“ создава доста јак имунитет кој е потребен за создавање на овој колективен имунитет кој ќе нѐ заштити сите. Токму оваа „Фајзер“ ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации. Таа создава т.н селективен имунитет кон конкретниот проблем –  Ковид-19 и заради тоа е препорачана и кај децата и […]

„Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе отвори маркети во осум града


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека германскиот синџир на маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обрска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот. „’Лидл’ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку […]

Кејт Мидлтон се вакцинираше против Ковид-19


Англија-  Кејт Мидлтон ја доби својата прва доза на вакцина против Ковид -19, можност за која беше „огромна благодарна“. „Вчера ја примив својата прва доза на вакцина КОВИД-19 во лондонскиот Музеј на наука“, напиша војвотката од Кембриџ (39) во денешниот пост на Инстаграм. „Јас сум  благодарна на сите кои работат на ширење на вакцините – […]

Северна Кореја тврди дека 700 сирачиња доброволно се јавиле за работа во рудник


Севернокорејските државни медиуми тврдат дека во таа држава сирачиња доброволно се пријавиле за работа во државните рудници и на нивите, пренесува Би-би-си. Државната новинска агенција КЦНА јави дека повеќе стотини деца „во цветот на младоста одважно и мудро“ одбрале да извршуваат физички работи за државата. Нивната возраст не е објавена, но според фотографиите може да […]

Тепачки низ Македонија, татко нападнал ќерка


Повеќе тепачки се случиле низ републикава во последното деноноќие, а нападнати се непознати лица, татко тепал ќерка, се тепале пред обложувалница, сендвичарница, пред училиште… Во, 21.40 часот во СВР Скопје, Р.А.(24), О.Ј.(25) Л.Е.Ј.(21) и С.Н.А.(20) пријавиле дека на плоштад на подрачје на Центар биле физички нападнати од неколку лица при што едно од лицата со […]

Нови 33 заболени од Ковид-19, починаа 11 лица


Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1. Регистрирани се 92 оздравени пациенти од: Охрид – 41, Скопје – 15, […]

Лилјак предизвика паника во авион за САД, се вратиле во Индија


Авион на „Ер Индија“ на пат кон САД бил присилен да се врати во Њу Делхи, откако патниците доживеале блиска средба со лилјак, објавено е во саботата. На индиските друштвени мрежи се шири видео-снимка која стана вирална: посадата и шокираните патници во неверување гледаат во лилјакот кој лета низ „боингот 737“. Авионот од Делхи тргнал […]

Митинзи против абортусот во Хрватска


Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Хрватска за да го изразат својот став против абортусот. Според нив, сè повеќе се загрозуваат репродуктивните права на граѓаните. Демонстрантите во главниот град Загреб, од кои повеќето не носеа маски, пееја патриотски песни и носеа транспаренти на кои пишуваше „И неродените животи се важни“. – Наша должност е да […]

Во пожар во неговата куќа, повреден старец


Во петокот, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„Роберт Кох“ во стан сопственост на Ј.С.(71) настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а со повреди се здобил сопственикот на кого му е укажана лекарска помош од итна медининска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.