(Видео) Пожар во пристаништето во Сплит, огнот голта бродови
Вечерва околу 20.30 часот, во Сплит, Хрватска изби пожар во пристаништето кој многу брзо се прошири.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, огнот избувнал на еден од бродовите, односно се работи за 15-метарска јахта, по што се проширил на упте десетина едрилици закотвени во близина.
Густи облаци црн чад се издига над градот, а сите противпожарни сили се на терен за да се спречи ширењето на огнот на уште повеќе бродови.