Амбасадата на САД во Бугарија се извини за инцидентот за време на воена вежба


Американската амбасада во Софија се извини за инцидентот пред повеќе од две недели, во кој американски војници упаднаа во производствен погон во близина на старата воена единица на затворениот аеродром во Чешнегирово. Во соопштението за медиумите од американската амбасада се наведува дека тие добиле информација за инцидентот дури вчера. Во соопштението се вели дека на […]

Лето


ЛЕЈЛА САБИТ По третиот бран на Ковид-19, сите сакаме да не заплисне морски бран. Место по улици, да газиме по мек песок, потпетиците да ги замениме со боси нозе, деловната облека, со завиткани ногавици, а автомобилите, моторите и велосипедите –со душек или чамец под силното сонце. Никогаш не е рано или доцна, во сезона, или […]

Откриен птичји грип на пет фарми во Косово, истребена живината


Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово (АХВК) објави дека во пет живинарски фарми во четири косовски градови е откриено присуство на птичјиот грип Х5Н8, по што живината од истите е истребена, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на АХВК, во уште две други фарми, сите семејни стопанства, во тек е дијагностицирањето и […]

Турција ќе доставува лекови со дронови


Турскиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) развива модел на управување за да им овозможи на беспилотните летала да работат за цивилни цели, информираат турските медиуми. Овој модел има за цел ефикасно и безбедно користење на турскиот воздушен простор. Тој центарлно ќе го контролира движењето на воздушните коридори, во кои ќе се користат повеќе од […]

Заев не очекува поскапување на струјата оваа година


Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата заради соодветните политики што ги правиме за да направиме меко спуштање во либерализацијата во време кога приватните компании веќе се на слободниот пазар на електрична енергија и не можат да покријат дел од трошоците на домаќинствата. Ова го најави премиерот Зоран Заев во своето обраќање при […]

Заев: Целиот наш фокус е кон Бугарија


Целиот наш фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, пред сѐ претседателот на Бугарија господинот Радев, но и премиерот Стефан Јанев, и министерот за надворешни работи, парламенгтот и сите институции. Се надеваме дека навистина во јуни ќе дадат поддршка да го направиме следниот чекор во интегративните процеси на С. Македонија. Ова го изјави денеска […]

Во водите на Охридското Езеро се удави ракометниот голман Никола Д. (26)


Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Д., голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим. Беживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин. Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата. Поради […]

Тајвански милијардер сака да купи пет милиони дози од вакцината на БиоНТек


Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек. Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од […]

Дивоградбите од „Скопје 2014“ нема да се легализираат, вели Заев


Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на самите вакви објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека соодветно […]

Од Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани нови 33 случаи


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19, што изнесува 0,8 отсто од примероците. Оздаревеле 92 пациенти, а починаа 11.   Новите дијагностицирани случаи се во Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – […]

Попова Шапка на лето може да се користи како голф центар, вели Османи


При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам. -Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање […]

Ребаланс на Буџетот во јуни или во јули


Во следните десеттина дена ќе ги знаеме деталите за ребалансот на Буџетот. Во овој период Министерството за финансии треба да финишира со разговорите со сите институции со цел во јуни или првата половина на јули ребалансот да влезе во собраниска процедура, најави денеска премиерот Зоран Заев. -Новиот ребаланс на буџетот значи развој, но исто значи […]

Заев најави инвестиции од над 8 милијарди евра до 2027 година


Давање на зимскиот центар Попова Шапка под концесија од 99 години на позната европска компанија, изградба на дистрибутивен центар на Лидл во Скопје и отворање повеќе маркети на овој познат малопродажен синџир, 30 нови инвестиции во економските зони, изградба на нови фабрики, патишта, гасни централи, фотоволтаици се дел од проектите кои во наредните години треба […]

Пораст на бројот реинфицирани во Србија, виновник е британскиот сој


Случаи на заразување со корона вирус по втор пат, според светскит еизвештаи, веќе не се ретки, а бројот на реинфекции константно се зголемува. Како што пренесуваат српските медиуми, кај нив е регистриран пораст на стапката на реинфекција за 25,7 отсто по почетокот на доминацијата на британскиот сој. Реинфекцијата всушност значи дека лицето кое се разболело, […]

Во три одделни сообраќајки повредени повеќемина


  Во три одделни сообраќајни незгоди што се случиле низ Македонија вчера, повредени се повеќе лица, кои завршиле во болница. Имано, на локалниот пат Зрновци – Лески вчера околу 11 часот, трактор „имт-540“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(68) од село Зрновци излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката […]

Реконструкција на пристапната улица кај Билната аптека


Општина Центар ги информира граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека во понеделник, 31 мај, ќе започне втората фаза од проектот за реконструкција на коловозните и на пешачките патеки на кракот на улицата „11 Октомври“. Со претходно изведените градежни активности се уредуваше долниот строј и беше направена демонтажа на старите рабници и постојните бехатон елементи, […]

Милановиќ ја поништи одлуката за одземање на воените одликувања на осомничениот за воени злосторства над Србите во Осиек, Бранимир Главаш


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, ја поништи одлуката за одземање на воените одликувања на осомничениот за воени злосторства над Србите во Осиек, Бранимир Главаш, беше објавено денеска во Загреб. Како што е наведено во образложението на одлуката објавена во Службен весник, тоа е во согласност со одлуките на Уставниот суд од 2015 година и на […]

Германија анкета: Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со Ковид-19


 Повеќе од половина Германци се и понатаму  незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени. Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките […]

Русија забрани цртан филм на „Дизни“ затоа што главниот лик е геј


  Рускиот државен регулатор за комуникации Роскомнадзор ја предупреди компанијата „Дизни“ во петокот дека во таа земја не смее да се прикажуваи да се промовира краткиот филм „Аут“ чиј главен лик е геј затоа што во Русија е забрането да се прикажуваат содржини кои се оценети како штетни за децата. Роскомнадзор сооптши дека упатиле писмо […]

Интересот за вакцинација се зголемува, досега се пријавиле речиси половина милион граѓани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани, информираат од Минитерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 233.844 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани, […]