Велика Британија: Наместо фарма со канабис, во полициска акција откриен „рудник“ за биткоин


Полицијата во Велика Британија била убедена дека е на траг да открие фарма за нелегално производство на канабис, но во спроведената полициска акција нивното изненадување било големо кога наместо дрога, во напуштена фабрика наишле на „рудник“ на криптовалути, јавуваат агенциите. Сепак, нивната акција не била залудна, бидејќи се открило дека за рударењето, компјутерите нелегално биле […]

Бојко Борисов: Не сум дал наредба за прислушување


Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов изјави дека не дал наредба да се прислушкуваат политичарите во земјата, оценувајќи дека тоа според него би било многу погрешно и никогаш не размислувал за тоа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека не е формирана редовна влада во Бугарија со цел да се исполнат „валканите […]

Успешни иселеници ќе добиваат МКкарта за полесно водење бизнис во нашата држава


Граѓаните од дијаспората кои се успешни во земјите каде што живеат ќе добијат МКкарта чија цел е приближување до државата. Картата ќе ја издава МНР, а кој ќе ја добие ќе одлучуваат вработените во дипломатските претставништва. Целта е да се создаде мрежа на тие видни и успешни личности со што одливот на мозоци од земјата, […]

Мал авион се урна во езеро во САД, нема преживеани


Седум лица, кои се наоѓале во мал авион, загинаа откако леталото се урна во езеро во американската сојузна држава Тенеси, а властите денеска соопштија дека нема преживеани. Авионот „Цесна С501“ се урнал вчера во езерото Перси Прист во близина на градот Смирна веднаш по полетувањето, соопштија властите. Тие денеска по деноноќната истрага објавија дека повеќе […]

Пониски провизии за електронските плаќања и за македонските граѓани со развој на финтек-секторот


Пониски провизии за електронските плаќања на трговците кон давателите на платежните услуги се очекуваат со развојот на финтек секторот, а што се овозможи со донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и влезот на финтек-компании. Очекувањата се тоа да се случи во 2022 година, а она што се применува во Европа да […]

Германија: Пасошите за вакцинација се најбарани за фалсификување


Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи. Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока“. Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат. – Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени […]

Симон Трпчески со концерт во Софија пред министрите Стефоска и Минеков


Бугарија– Во најпрестижната сала за класична музика „Бугарија“ во Софија, денеска концерт ќе одржат четворица македонски и бугарски изведувачи, кои се дел од Софиската филхармонија. Дел од групата која ќе го одржи концертот, е светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров ќе диригира на концертот. Како што јави дописникот на МИА од […]

Најмалку шест мртви на протести во Колумбија, сè почна од даночните реформи


  Најмалку шест лица загинаа во протести во колумбискиот град Кали, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Тиемпо“ наведува дека се работи за шест лица, додоека радиото РЦН објави дека имало седум жртви. Претседателот на Колумбија Иван Дуке во петокот прати дополнителна воена помош на полицијата во округот Вале дел Каука, каде беше епицентарот на демонстрациите во […]

Тигањ: Северна Македонија спроведе болни реформи, заслужува  преговори за членство во ЕУ што е можно побрзо


Северна Македонија спроведе бројни реформи, од кои некои навистина беа и болни. Затоа сметаме дека Северна Македонија заслужува отворање преговори колку што е можно побрзо. Би сакале тоа да се случи уште за време на португалското претседателство – да се одржи првата меѓувладина конференција, односно формалниот почеток на пристапните преговори, изјави во интервју за МИА […]

„Блумберг“: ЕУ и САД подготвуваат одговор на „непријателските акции“ на Русија


САД– Европската унија му испрати на Вашингтон нацрт заедничка изјава за самитот ЕУ-САД на 15 јуни, во која се предлага двете страни да одговорат на „непријателските акции“ на Русија, објави американската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на документ. Самитот ЕУ-САД ќе се одржи еден ден пред состанокот на претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден […]

Филипче : Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја


Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти, објави министерот за […]

Мери Џ. Блајџ доби ѕвезда на „Аполо патеката на славните “ во Њујорк


САД – Мери Џ.  Блајџ има девет Греми награди, осум платинести албуми, две номинации за Оскар, а сега, текстописецот има и ѕвезда на Патеката на славните на театарот „Аполо“. Блајџ, позната и како кралица на хип-хоп соулот со милиони фанови низ целиот свет, беше примена на Патеката на славните во петокот, непосредно пред легендарната концертна […]

Скопје се надева на бугарска поддршка во јуни


Комуникацијата на релација Скопје – Софија се интензивира во пресрет на Самитот на ЕУ на 22 јуни на кој македонската страна се надева на поддршка од Бугарија за следниот чекор во процесот на евроинтеграциите –  одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ односно официјален старт на пристапните преговори. Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за […]

Почина Димитар Николов-Таки, поранешен директор на „Браќа Манаки“


На 63 годишна возраст, почина поранешниот директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Димитар Николов-Таки. Тој беше познат културен деец, филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија “КТ-филм и медиа“. Димитар Николов-Таки е роден на 10 февруари 1958 година во Скопје. Заврши гимназија во „Цветан Димов“, во скопската населба Чаир, каде што и живееше. […]

Малта потрошила повеќе од половина милион евра за да победи на Евросонг


Малта ја тресе голем евровизиски скандал – нивната претставничка Дестини со песната „Je Me Casse“ со недели беше на врвот на обложувалниците, а минатата сабота ја дочека студен туш кога од гледачите доби само 47 поени. Во драматичната завршница на 65. Евросонг во Ротердам, со гласовите на публиката победи Италија, а Франција и Швајцарија се […]

„Ареа“ се врати на сцената со нова песна и спот како најава за шестиот студиски албум


Гостиварскиот рок-бенд „Ареа“ преку социјалните мрежи ја промовираше песната „Отсекогаш“, со која го најави шестиот студиски албум. Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот. Тие снимија и видео за новата песна, на неколку локации, а повеќето од нив […]

Презентација на МКарта – проект на МНР од областа на дијаспората


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе го претстави проектот МКарта. -Проектот е реализиран во рамките на надлежностите на Министерството за надворешни работи кои се однесуваат на дијаспората и е наменет за истакнати наши граѓани кои живеат во странство и кои со својата работа и посебни достигнувања […]

Кина се стреми да ја преземе доминацијата во вселената


Кина има големи планови за освојување на вселената, но прашање е дали може наскоро да преземе доминантна улога. Земја која „само“ пред дваесет години го испрати својот прв астронаут во вселената, полека но сигурно оди кон врвот на најголемите светски сили, а неодамнешните успеси на Кина укажуваат дека постои основа за претпоставка дека порано отколку […]

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, отворена и страница за пријавување на лицата кои се вакцинираа во странство


Интересот за вакцинација против корона вирусот секојдневно се зголемува, оценуваат од Министерството за здравство. Од вчера е отворена и веб-страницата за ревакцинација, за пријавување на лицата кои се вакцинирале во странство. Драстичниот пад на бројките на новозаразени лица, како и се поголемиот број лица кои ја примиле вакцината за надлежните дава голема надеж за конечно […]