По вакцинирањето чувствувате болка во раката? Постои едноставно објаснување


Кога Шерил Рецинос и нејзиниот сопруг во август лани се пријавиле како учесници за клиничко испитување на вакцината „Фајзер“, веднаш знаеле дека не добиле плацебо. Не само што го чувствувале местото на убод во раката, туку навистина ги болеле цели раце. „Чувствував како да ме удрил камион“, вели Рецинос, лекарка од Лос Анџелес, додавајќи дека […]

ЕУ ги запира нарачките од вакцините на „АстраЗенека“ по јуни 


Причината е што „АстраЗенека“ не го почитувала договорот за набавка и сигурна испорака   Европската унија нема направено нови порачки за вакцините на „АстраЗенека“ по јуни кога ќе заврши нивниот договор, рече во неделата европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, откако ЕУ потпиша договор со „Фајзер/Бионтек“. Бретон исто така рече дека очекува трошоците за […]

Царовска: Инвестираме во инфраструктура и опремување на училиштата, за успешен старт на реформата на основното образование


Министерството за образование и наука интензивно инвестира во реконструкција, доградби и изградби на училишта како и во опрема за лаборатории, со цел успешен старт на реформата на основното образование од учебната 2021/2022 година. Една од причините за намалување на квалитетот на образованието е недоволното и несоодветното вложување и финансирање на образованието во последните три децении, […]

Аплицирајте за субвенции за набавка на инвертер клими онлајн


Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.   Во обид да се намалат штетните чадови, Град Скопје нуди субвенции за купување на нов инвертер за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, […]

Заев ги почна разговорите во Брисел со заеднички македонски став


И власта и опозицијата имаат унисон став: Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ без натамошни условувања и Унијата треба да го испорача она што го вети   Како ретко кога македонски премиер отиде на разговори во Брисел со поддршка од целата македонска политика дека државава направи сѐ што од неа бараше Европската унија […]

ММФ: Подгответе се за зголемување на каматните стапки


Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека е потребно многу внимателно да се повлекува поддршката која што државите ја даваат во борбата против пандемијата на корона вирусот и дека светот треба да биде подготвен за зголемувањето на каматните стапки. Георгиева зборуваше за состојбата на глобалната економија преку видео конференција организирана од Европскиот […]

Елон Маск откри дека боледува од Аспергеров синдром


Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу Saturday Night Live изјави дека има Аспергеров синдром. Во воведното обраќање пред гледачите, тој рече дека тој е првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел ова шоу, но тоа не е точно. Имено, канадскиот актер Дан Ајкројд беше првиот гостин-домаќин […]

Првата жена шеф на дипломатијата на Либија притисната да поднесе оставка


Најла Ел-Мангуш бара да си заминат од Либија странските платеници и труските трупи и се најде под лични закани   Првата министерка за надворешни работи на Либија се најде под притисок да поднесе оставка и беше подложена на лични злоставувања седум недели на работа, откако повика турските трупи и платениците да ја напуштат нејзината земја. […]

Лекарот од Омск кој лажно твреше дека Навални не бил отруен „исчезна во шумите“


Александар Мураховски бил во лов близу Омск каде наводно биле забележани мечки   Лекарот кој славно и лажно објави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални не е отруен, но имал напад на панкреатит и хипогликемија исчезнал во мочурлива шума, според повеќе руски медиуми. Медиумот пријателски настроен кон Кремљ, Life.ru, сугерираше дека „може да има несреќа“ […]

„Групер“ на Нина Ангеловска стана дел од полската групација „Асеко“


Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk, соопштија од компанијата. Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции, оствари уште една стратешка инвестиција во е-трговијата, преку аквизиција на онлајн платформата Grouper, со седиште […]

Спасовски и директорот на БЈБ им одадоа почит на осумтемина загинати полицајци во „Диво Насеље“


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, им оддале почит на вечни почивалишта на осумтемина припадници на полицијата кои загинаа во „Диво Насеље“ пред шест години. -Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан […]

Вардар испадна од Првата лига


 Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга во претпоследното коло од сезоната 2020/21 Во струмичкото дерби бодовите ги освои тимот на Академија Пандев, додека во Ѓорче Петров, Македонија ЃП загуби важен меч кој може да ги чини пласман во евро-куповите. […]

Емануел Макрон сака Европа која „одлучува побрзо и посилно“


Во Стразбур, во хемисиклот на Европскиот парламент, со говорот на францускиот претседател  Емануел Макрон и на претседателите на трите европски институции, започна јавната дебата за Конференцијата за иднината на Европа, поточно на Европската Унија, јави дописникот на МИА. Со жалење за „амбиенталниот дефетизам“, Емануел Макрон ја бранеше ефективноста на европскиот одговор на кризата „Ковид-19“, истовремено […]

Сасоли на почетокот на Конференцијата за иднината на Европа: Не смееме да имаме табуа


Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, при обраќањето на почетокот на Конференцијата за иднината на Европа, потсети дека од почетокот на мандатот на овој состав на ЕП, Конференцијата за иднината на Европа е приоритет на Европскиот парламент, што тоа тој и го побара. Дури и пред пандемијата, Парламентот беше убеден во потребата да се приближат […]

Иницијаторите за стопирање на законот за учебници чекаат покана за нова средба од МОН


 Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети. Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека […]

Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар и опрема за кајакарење, планински велосипедизам, возење четвороцикли и опрема за алпинизам


Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Тејада, денеска во Бислимска клисура го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“. Во изјава за медиумите, градоначалникот Димитриевски се заблагодари на швајцарската амбасадорка Зутер Тејада и министерот Милевски за поддршката која […]

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година


Саудиска Арабија– Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година, но под посебни услови со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јави денеска саудиската државна телевизија. „Механизмот и условите за одржување на аџилакот ќе бидат објавени подоцна оваа година“, се вели во соопштението на Министерството за аџилак. Минатата година Саудиска Арабија дозволи ограничен број […]

Курц: Пандемијата ги покажа слабостите на ЕУ


Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска, по повод Денот на Европа, дека пандемиската криза ги покажа слабостите на ЕУ во споредба со другите актери, а министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, подвлече дека минатата година е изгубена година во однос на проширувањето на ЕУ, и тоа не смее да биде сега бидејќи ЕУ […]

Малолетници нападнале полицајци


Во саботата, во 21.40 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства. Истиот ден, во 21.30 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје, затоа што се однесувал агресивно […]

Европски земји со најмногу милијардери


Минатата година беше генерално повеќе од добра за милијардерите, па така и за оние европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на „Форбс“ за 2021 година – 117 повеќе од претходната година. Нивното богатство изнесува дури 3 нилиони долари – билион повеќе од година порано, пишува „Форбс3. Од ова е јасно дека европските […]