Европски земји со најмногу милијардери


Минатата година беше генерално повеќе од добра за милијардерите, па така и за оние европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на „Форбс“ за 2021 година – 117 повеќе од претходната година.

Нивното богатство изнесува дури 3 нилиони долари – билион повеќе од година порано, пишува „Форбс3. Од ова е јасно дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не беа посебно погодени со корона пандемијата. Токму спротивното.

Потсетуваме, бројот на милијардери порасна за дури 30 отсто, според годишниот извештај на угледниот „Форбс“ 0 сега ги има 2.755, од кои 493 нови членови на тој елитен клуб. Речиси 90 отсто денес се побогати отколку пред пандемијата.

Вкупното богатство на милијардерите нарасна за дури 8 билиони долари минатата година и сега изнесува околу 13 билиони долари, се вели во извештајот на „Форбс“.

Инаку, најбогатиот човек на светот повторно официјално е основачот и главен директор (иако оваа година ќе отстапи од таа позиција) на гигантот за онлајн продажба „Амазон“ Џеф Безос. Неговиот имот се проценува на надреални 117 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од лани.

Втор најбогат (донеодамна прв) е Елон Маск, основач, главен директор и најголем акционер (21 отсто) на произведувачот автомобили „тесла“, сега теок 151 милијарди долари, што е 126 милијарди повеќе од лани.

Трет најбогат човек на светот и најбогат европеец е Французинот Бернард Арнаулт чија семејна компанија LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton држи 70 елитни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живанши и Хенеси. Богатството на Арнаулт се зголеми за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.

Четврт најбогат на светот и втор најбогат европеес е Шпанецот Аманцио Ортега, сопственик на синџирот „Зара“, тежок 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе од 2020 година. Тој се наоѓа на 11 место на листата на „Форбс“.

А веднаш зад него е Французинката Бетенкот Мејес со фамилијата, ќекрата и наследничка Лилијан Бетенкот која почина во 2017 година, која беше ќерка на Еуген Шулер, основачот на козметичкиот гигант L’Oreal. Таа е најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари што е за 24,7 милијарди повеќе од 2020 гдоина.