Светлан Стоев вети дека ќе ја продолжи политиката на Захариева кон Македонија


Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, денеска при преземањето на функцијата вети дека нема да има никаква промена во политиката на Софија кон Македонија и во наредните неколку месеци ќе ја следи рамковната позиција на неговата земја. „Немаме овластување да ја смениме оваа позиција. Привремениот кабинет и министерот за надворешни работи ќе […]

Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора


Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство. Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се […]

Вечерва без полициски час, од денес отворени фитнес центрите


Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција информираа за најновите мерки кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести.   Со усвоените мерки, забраната за движење почнува од 24 часот и ќе трае до 4 часот наутро, почнувајќи од […]

Покрената истрага против Курц, тој не планира да даде оставка


Австриското државно обвинителство за стопански кримиан покрена истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц и шефот на неговиот кабинет Бернхард Бонели поради наводно давање лажни изјави пред истражните органи околу аферата „Ибица“, рече самииот канцелар. Зборувајќи пред членовите на кабинетит, Курц истовремено ја отфрли можноста за оставка. „Јас сакам да продолжам со мојата работа, а истото […]

Кој ќе си „заработи“ Пежо од Спорт Лајф


Остана уште малку време до крајот на акцијата „Двојна шанса за Peugeot 3008” на „Спорт Лајф“. Во неа, типувачите, членови на СЛ клубот се натпреваруваат за новиот кросовер на „Пежо“, а во игра се не едно, туку две возила. Се одбираат натпревари од посебната акциска понуда, од која дури 50 натпревари може да се наредат […]

Владата демантира дека премиерот Заев имал контакти или соработка со Пекер


Владата денеска како лаги и манипулации ги оквалификува информациите дека премиерот Зоран Заев имал контакти со Седат Пекер. -Премиерот Заев и неговото семејство немале и немаат никакви средби и соработки со споменатото лице. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации сите вести во кои премиерот Заев и неговото семејство се доведуваат во каква било врска […]

Во март издадени над 50 проценти повеќе одобренија за градба од лани


Во март се издадени 338 одобренија за градење што е за 54,3 проценти повеќе од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 милијарди 216 милиони 352 илјади денари, што е за 91,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Најголем дел од издадените одобренија за градење […]

Хоџа: Со Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти ќе се спречи урбанистичкото дивеење


Со Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти што вчера беше усвоен во Собранието, ќе се реши урбанистичкото дивеење, велат од Владата. Прогрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира, нагласуваат од Владата и додаваат дека во законот точно е прецизирано каде и кои објекти […]

ООУ „Димитар Македонски“ конечно заличи на училиште


При крај е изградбата на основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче, каде се направени современи кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, денеска извршија увид во градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата […]

Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден


 Без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, коментирајќи ги реакциите за членот од новиот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што беше изгласан вчера по скратена […]

Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ се враќа на репертоар во МКЦ


На 26 и 27 мај во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“.    Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.    Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk   Да […]

Проектот „Сега“ е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција


Проектот „Сега“ на група архитекти на чело со Бекир Адеми е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција (20 мај-29 ноември). „Сега“ е проект на проектантското биро „Бина архитектура“ на Адеми со групата коавтори Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Амине Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Дрен Невзати, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита […]

Бектеши не ја исклучува можноста да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани за патување


Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата. Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека 90 проценти од овие аранжмани биле за Грција. – Со уредба […]

Објавени седум повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор


Јавните повици се дел од шестиот антикризен пакет во износ од 17,8 милиони евра, со кој ќе се поддржат околу 10 илјади компании и 60 илјади вработени Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор. Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, […]

Филипче: Улогата на медицинските сестри во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас


Министерот за здравство Венко Филипче по повод 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри, денеска се сретна со медицинските сестри вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство соопштија дека Филипче на средбата им се заблагодарил на медицинските сестри од Клиниката за нивниот целокупен придонес во текот на пандемијата. -Вашата […]

Од денеска почнува исплата на 30+30 евра државна помош во Србија


Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали изјави дека од денеска и утре, на околу два милиона пријавени граѓани ќе почнат да им се исплаќаат првите 30 евра државна помош, јави дописникот на МИА од Белград. – Денеска, до седум часот и 30 минути, вкупно три милиони и 814 илјади граѓани на Србија поднеле барање […]

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ


Црна Гора – Во чест на големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, во Подгорица, Црна Гора, е отворен парк посветен на славниот пејач од Нови Сад, Војводина, Србија. Паркот е официјално пуштен синоќа, на денот кога славниот новосаѓанец би го прославил својот 68. роденден. Со овој гест, Подгорица се прости од Балашевиќ. Тој почина на 19 февруари, на […]

Реисот Шаќир Фетаи, упати честитка по повод Фитр (Рамазан) Бајрам


Празникот Фитр Бајрам е триумф на верата над неверството, на доброто над злото, на великодушноста над скржавоста, на солидарноста над понижувањето, на приближувањето едни на други над изолација и одвојување од другите, на мирот над конфликтот, на духовноста до материјализам и помирување над одмаздата; накратко: овој голем празник е симбол на исполнување на аманетот доверен […]

Пролетни економски прогнози: ЕУ предвидува раст од 3,7 отсто за Македонија


Македонската економија годинава ќе има раст од 3,7 отсто, предвидува Европската комисија во Пролетните економски прогнози објавени денеска. Слична стапка за раст на БДП (3,8 отсто) се предвидува и за наредната година. Во делот за нашата земја се посочува дека економскиот подем нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ги погоди домашната и странската побарувачка. […]