Грција в петок излегува од шестмесечниот карантин


Од петок, заедно со туризмот, во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември 2020 година, односно задолжителното испраќање смс пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу региони, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион, јави дописничката на МИА […]

Радован Караџиќ ќе биде префрлен во Британија на издржување на казната


Англија – Велика Британија прифати на нејзина територија заради издржување на казната да биде префрлен поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Караџиќ е во притворскиот центар на ОН во Хаг. Тој чека да биде префрлен во затвор надвор од Холандија, […]

Учиме многу од тебе: Европската јавност за Васил Гарванлиев


По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара. Овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев веќе е во Ротердам, Холандија подготвувајќи се за настапот […]

Заев се сретна и со шпанскиот премиер Санчез


Шпанскиот премиер Педро Санчез и неговиот колега Зоран Заев попладнево на нивната средба заклучија дека посетата на македонскиот премиер на Мадрид е историска, затоа што е прва и отвора нова страница во натамошниот развој меѓу двете земји. На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот Никола Димитров, Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на […]

Георгиески: Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охрид


Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, по повод вчера усвоениот Закон за легализирање дивоградби појасни дека станува збор за правен акт со кој се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти, но истиот не важи за спорни објекти во рамки на Охридскиот регион. Според Георгиески, Законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното […]

Уште 150 нови случаи на Ковид-19, починаа 16 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, […]

Сијарто: Унгарија ја поддржува С. Македонија на патот кон Европа


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес во Скопје му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто за време на неговата работна посета на Република Северна Македонија. Целта на посетата, покрај можноста, двајцата хомолози да разменат мислења за развојот на односите меѓу двете земји, пред […]

УЕФА отвори истрага против Реал, Барселона и Јувентус


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) започна дисциплинска постапка против шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и најтрофејниот италијански клуб Јувентус поради плановите да играат во ново натпреварување од затворен тип. – Етичките и дисциплински инспектори на УЕФА денеска се задолжени да спроведат дисциплинска истрага поради можно кршење на законските рамки на УЕФА од страна […]

Приведени 11 криминалци во меѓународна истрага во која учествуваше и Секторот за компјутерски криминал и форензика при МВР


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, во соработка со Европол и Еуроџаст учествуваше во меѓународна истрага, предводена од полициските служби во Германија, а со координирани активности помеѓу полициски служби од Германија, Бугарија, Израел, Латвија, Полска, Шпанија и Шведска. Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се […]

Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски


Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”. Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај. Освен за осомничениот Камчев, […]

Израелско Министерство за одбрана: Засега не планираме прекин на огнот


Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави денеска дека воените операции во Појасот Газа ќе продолжат онолку време колку што е потребно. – Израел не се подготвува за прекин на огнот. Моментно нема датум за завршување на операциите, истакна Ганц. Во текот на посетата на градот Ашкелон, тој нагласи дека Израел нема да ги слуша […]

Со дигитализација на царинските постапки ќе се намалува корупцијата кај цариниците


Дигитализација на царинските постапки и намалување на човечкиот фактор, го намалува ризикот од корупција, а ја зголемуваме ефикасноста и одговорноста на царинските службеници. Мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и […]

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од унгарската Влада


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против Ковид-19, како пријателски чин на Владата на Република Унгарија. Министерот Спасовски […]

Поднесено обвинение за случајот „Плацеви на Водно”: Како Камчев и Груевски купувале земја


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК. На обвинетиот Н.Г. според известувањето на обвинителството му се става на товар дека сторил кривично дело […]

Пандемијата можеше да се спречи, вели независниот извештај нарачан од СЗО


Независниот панел составен од светски лидери ги прекори глобалните лидери за бавното дејствување и филозофијата „да се причека“ и повика на големи промени за да не се случи повторно ваква пандемија   Пандемијата на Ковид-19 беше катастрофа што може да се спречи и не мораше да чини милиони животи ако светот реагираше побрзо, според независен […]

Независната угостителска комора ќе издава златен сертификат за ковид безбедна зона


Сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителите кои ќе ги применуваат протоколите за работа ќе издава Независната угостителска комора. Добивањето на таканаречениот „златен сертификат“ со којшто се гарантира Ковид безбедна зона е верификација на сите протоколи направени од страна на Комисијата за заразни болести. – За добивање на сертификатот од поканети 40 фирми, 11 се регистрирале […]

Претседателката на шпанскиот Сенат изјави дека Македонија е пример за моќта на дијалогот


Претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Куенка, денеска на средбата со премиерот Зоран Заев во Мадрид му порача дека „преку договорот од Преспа и преку севкупната ваша домашна и меѓународна политика вие сте пример за моќта и важноста на дијалогот и кога е во прашање водење успешен дијалог. Можеме да учиме од вас“. Според […]

Во тек потрага по 39-годишниот Александар Черговски од Берово


Во тек е потрага по Александар Черговски, 39 – годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце. […]

Антикорупциска ќе покрене постапка пред Уставен суд за законот за дивоградбите


Државната комисија за спречување на корупцијата ќe поднесе иницијатива до Уставниот суд за вчера донесениот Закон за легализација на дивоградбите. „Ако Законот за легализација на дивоградбите стапи во сила тогаш можеме да ставиме крст на сите други закони. Затоа сме на мислење да поднесеме иницијатива до Уставниот суд, па судиите нека ценат“,вели претседателката на Антикорупциската […]

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години


Во следните три години Комерцијална банка АД Скопје ќе биде спонзор на Фудбалската репрезентација на Македонија, со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери. – Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска […]