Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ се враќа на репертоар во МКЦ


На 26 и 27 мај во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“. 
 
Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. 
 
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk
 

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде театарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат :

Бојан Кирковски

Наташа Петровиќ

Ненад Митевски

Симона Спировска Костовска

 

Режија: Билјана Радиноска

 

Претставата не е наменета за лица под 16 години!