Репортери без граници отвораат платформа за „брендирање на сигурни медиуми“


Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот  на Интернет стави дигитална апликација преку […]

Нова линија на фронтот го дели Израел


Меѓу израелските Евреи и израелските Арапи избувна жестока борба и таа е поопасна од конфронтација со Хамас во Газа, предупредува Питер Мунк, новинар во германскиот весник „Зидојче Цајтунг“. Израел минува низ тешки денови, но земјата е навикната на војни. Искуството покажува: гранатите паѓаат, но во одреден момент ќе завладее мир. Но, сега, среде новата битка […]

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со нападите врз терористичките цели во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Израел ќе продолжи со „нападите врз терористички цели во Појасот Газа“ по еднонеделниот судир со палестински екстремисти. По состанокот со највисоките претставници на одбраната, Нетанјаху соопшти дека Израел „ќе продолжи да дејствува колку што е потребно за да ги врати мирот и безбедноста за сите израелски граѓани“. Судирите […]

Бајден: Следните шест недели ќе испратиме 80 милиони вакцини низ светот


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини – претходно најавените 60 милиони дози вакцини на Астра Зенека и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа. Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во […]

Онлајн информативна сесија за сезонска работа


Онлајн информативната сесија за сезонска работа ќе се одржи денеска, активност на Македонското здружение на млади правници во партнерство со Националнатa комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Северна Македонија преку проектот „Подигнување  на свеста за трговија со деца преку интернет и трудова експлоатација на сезонски работници во Северна Македонија поддржан […]

Изложба „Нови правила“ на косовската авторка Заке Прелвукај во Чифте амам


Во Чифте ама денеска ќе биде отворена изложбата „Нови правила“ на косовската авторка Заке Прелвукај. Изложбата, која е во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија, за посетителите ќе биде достапна до 31 мај 2021 година. Официјалното отворање на изложбата, чиј куратор е Ана Франговска, виш кустос во Галеријата, е закажано за 25 мај […]

Гарванлиев пее вечерва на првото полуфинале: Евросонг само со 3500 публика со негативен ковид тест


Васил Гарванлиев вечерва пее на првото полуфинале на 65. Евросонг во Ротердам Ахој како шести учесник со песната „Here I Stand“ . Шеснаесет земји ќе учествуваат во првото полуфинале покрај Македонија. Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта, плус Германија, Италија и Холандија ќе гласаат во […]

Пендаровски и Радев заедно патуваат во Рим на чествување на светите браќа Кирил и Методиј


Македонска и бугарска делегација на 26 овој месец со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе […]

Пендаровски ќе се вакцинира во Куманово, Бочварски во Штип, дел од министрите во Скопје


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово. Министерот за транспорт и врски, пак, Благој Бочварски ќе ја прими првата доза вакцина против Ковид -19 на вакцинален пункт во Штип. На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се вакцинираат […]

Ердоган ја проколна австриската Влада за кревањето на израелското знаме на зградата на канцеларот


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ја проколнува австриската Влада откако го крена израелското знаме во австриските федерални министерства. -Ја проколнувам австриската Влада што го закачи израелското знаме на зградата на администрацијата на канцеларијата. Кревањето на знамето на терористичка држава на своја државна зграда значи идентификување со теророт. Австрија очигледно се обидува да ги […]

Собранието ќе ја одржи 41. седница, на дневен ред се и интерпелациите за Маричиќ и Николовски


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 41. седница на која на дневен ред се 70 точки – предлог одлуки и закони од повеќе области, како и интерпелации за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и за човечки ресурски Љупчо Николовски, […]

Германија од 7 јуни ќе им понуди вакцини на сите возрасни лица


Германија до 7 јуни ќе заврши со вакцинирањето на ранливите групи и ќе им овозможи на сите возрасни лица бесплатно да се вакцинираат, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан. -Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни, рече Шпан, посочувајќи на постојните […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од […]

Американската амбасадорка во Бугарија разговараше со новите министри на надворешни работи и за економија


Новите бугарски министри за надворешни работи и за економија во техничката Влада, Светлан Стоев и Кирил Петков, со американската амбасадорка во Софија, Херо Мустафа, ги разгледаа темите од агендата на стратешкиот дијалог Бугарија-САД и претстојното бугарско претседателство со иницијативата за три мориња. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за надворешни работи Стоев […]

Институциите ќе подготоват акциски планови за реализацијата на ИПА 2 проектите


Владата на тематска седница што се одржа вечерва го разгледа напредокот на проектите финансирани преку ИПА 2 и проектите што се финансираат од меѓународните финансиски институции со прогрес за нивна реализација. Како што соопшти владината прес-служба, Владата  на 70-тата тематска седница ја разгледа информацијата за статусот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите […]

Балканските лидери не ги осудија бугарските уцени спрема Македонија


Во завршната Декларација се споменува барањето Албанија и Македонија веднаш, без одлагање, да ги почнат преговорите со ЕУ, но не и бугарската блокада   Денешниот самит на претседателите на државите од Западен Балкан, плус домаќините Словенија и Хрватска на самитот на процесот Брдо-Бриони заврши со компромисна декларација, во која беше силно нагласена потребата сите земји […]

Утре се вакцинираат шест министри


Од Владата вечерва јавија дека утре, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Северна Македонија: Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи – министер за […]

Њусвик: Пентагон создаде досега невидена тајна армија од 60.000 луѓе


Во изминатата деценија Пентагон создаде досега невидена тајна армија од десетици илјади војници, изведувачи и цивили кои дејствуваат под прикритие на терен и во кибер просторот, дознава Њусвик. Американскиот неделник денеска објави ексклузивен материјал за „овој таен свет… од малку познатите сектори на американската армија“, составен од над 60.000 луѓе. Истражувањето е плод на двегодишна […]

Градоначалници на најголемите хрватски градови ќе се избираат во втор круг


 Градоначалниците на најголемите хрватски градови ќе бидат избрани во вториот круг од изборите за две недели, откако никој од кандидатите вчера не успеа да освои повеќе од 50 проценти од гласовите од излезените на локалните избори. Во Загреб, силите во вториот круг ќе ги одмерат кандидатот на зелено-левата коалиција Томислав Томашевиќ (39), кој е убедлив […]

Бочварски: Законот за легализација на дивоградби може да реши 50.000 проблеми


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините. Точната бројка ќе се знае доколку законот повторно биде донесен и откако […]