Утре се вакцинираат шест министри


Од Владата вечерва јавија дека утре, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Северна Македонија:

Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,
Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи – министер за надворешни работи,
Бојан Маричиќ – министер за правда,
Фатмир Бесими – министер за финансии,
Крешник Бектеши – министер за економија,
Горан Милевски – министер за локална самоуправа.

По вакцинацијата, со почеток во 10.50 часот е предвидена изјава на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања – Никола Димитров и министерот за правда Бојан Маричиќ на платото пред вакциналниот пункт.

Досега се вакцинираа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други.

Исто така, пред неколку недели беа вакцинирани и членовите на македонското Собрание. Покрај нив и повеќе градоначалници беа вакцинирани во претходниот период.

Најпрво беа вакцинирани здравствените работници, а потоа и други граѓани кои работат во критичната инфраструктура, како пожарникари, полицајци, војници, возачи во јавниот транспорт, воспитувачки во градинки, дел од наставниот кадар и други.

Во моментот се вакцинираат граѓани на возраст над 40 години, кои добија термини за вакцинација за оваа недела.