На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти, слободни кревети има


На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, од кои 264 во болниците низ земјава и 193 на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите има околу 680 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство. Поради намалениот број на болни, од МЗ информираат дека болниците […]

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки


Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, […]

Наришкин: Руската разузнавачка служба не стои зад кибер нападот врз институции и компании во САД


Русија– Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, денеска негираше дека агенцијата што ја раководи стои зад кибер нападот врз САД. Нападот, со кодно име „Кибер ветрови“, ја загрози работата на девет американски федерални институции и стотици приватни компании. САД и Велика Британија ја обвинија руската надворешна разузнавачка служба за нападот, а Наришкин посочи […]

„Тело на вистината“ со проекција на отворено кај МСУ


Филмскиот дел од 11. Филозофски филмски фестивал неофицијално ќе започне вечерва со проекцијата на документарниот филм „Тело на вистината“(Body of Truth) на Евелин Шелс (Evelyn Schels). Ова е прв настан „под ѕвезди“ како најава на претстојното 11-то издание на Фестивалот коешто ќе се одржи од 27-ми мај до 3-ти јуни во Кинотеката на С. Македонија. […]

МНТ со праизведба на комуникациската современа музичка драма „Само глас“


На 26 мај на сцената на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац. Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и […]

Биенале на млади уметници „Страст за лутање“ во МСУ


„Страст за лутање“ е насловено годинашното, 13-то по ред Меѓународното биенале на млади уметници, кое ќе биде отворено утревечер од 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Како што стои во соопштението од МСУ, годинешното Биенале, се проширува вон архитектурата на музејот, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природнонаучниот Музеј и зградата […]

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст


Премиерот Зоран Заев, одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за РС Макеоднија, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон. Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се дискутираше за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што […]

Стигна нова пратка вакцини од „Фајзер“


Вупно 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“ вчера стигнаа во државава. Од нив, 4.680 се преку директен договор што земјава го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.   Како што соопшти Министерството за здравство, според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во С Македонија испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени […]

„Атинска“ варијанта на мутација на Ковид-19 ги загрижува епидемиолозите во Грција


Варијанта на веќе постоечка мутација, што се појавила во центарот на Атина, претежно кај мигранти, предизвикува загриженост кај грчките епидемиолози, пишуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките медиуми, мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој, ја нарекуваат „атинска“ и пренесувајќи изјави на епидемиолози и професори, пишуваат дека […]

Мистериозната болест повторно во Белата куќа, се истражува нов случај


Белата куќа се уште ги истражува случаите на мистериозна болест откако кон крајот на минатата година двајца службеници во Вашингтон доживеаја ненадејни симптоми слични на синдромот Хавана. Еден случај се случи во близина на големиот овален тревник на јужната страна на Белата куќа кога на еден функционер ненадејно му се слоши. Имаше главоболка и несоница, […]

Зошто Бугарија е последна во ЕУ со темпото на вакцинација


Доцнењата во испораките, вакциналниот скептизицам и скромното управување ја оставија земјата на најниско ниво со вакцинирани луѓе во Унијата   СОФИЈА – Додека кампањите за вакцинација низ Европската унија добиваат забрзување, една земја-членка продолжува да заостанува далеку зад останатите: Бугарија. Измачена од доцнењето на испораките, скептицизмот кон вакцините и лошото управување, земјата има најниска стапка […]

Балканските лидери ќе вечераат со европските, но „без многу апетит“


Нешто повеќе од 24 часа по средбата на претседателите на Западен Балкан со оние на Словенија и Хрватска, лидерите на балканските земји што не се дел од ЕУ денес во Брисел ќе вечераат со нивните колеги од земјите што се дел од Унијата.  Според хрватското издание на Дојче веле, дел од менито може  „тешко да […]

Илон Маск сега е трет меѓу милијардерите, зад неприкосновениот Џеф Безос и Французинот Бернар Арно


Пронаоѓачот Илон Маск е трет на листата најбогати луѓе во светот. Состојбата на Маск се смени на полошо во услови на пад на вредноста на акциите на компанијата „Тесла“ што ја раководи, објави „Блумберг“. Како што се наведува, богатството на Маск дојде на 160,6 милијарди долари. Така, Бернар Арно, извршниот директор на францускиот конгломерат ЛВМХ […]

Австралиски истражувачи: Има 50 милијарди птици на Земјата


Околу 50 милијарди птици ја населуваат планета Земја, според екстраполација на австралиски научници објавена во Зборникот на Националната академија на науките на САД. Ова значи дека на планетава има околу шест пати повеќе птици отколку луѓе. Тим предводен од проф. Вилијам Корнвел од Универзитетот на Нов Јужен Велс (УНСВ) во Сиднеј разработил податоци за 9.700 […]

Турција ќе продолжи да купува руско оружје, и покрај предупредувањата на САД


Турција се заканува дека ќе продолжи да купува оружје од Русија, и покрај предупредувањата на Вашингтон, пишува Гласот на Америка. Додека САД го интензивираат притисокот врз Анкара да се откаже од купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар овој месец ги отфрли американските приговори. – Тоа не е […]

Реал најскап фудбалски бренд на светот, вреди 1,49 милијарди долари


Британската консултантска компанија „Brand Finance“ претстави рејтинг на најскапите фудбалски брендови во светот. Првото место, како и минатата година, му припадна на Реал Мадрид, иако вредноста на брендот падна од 1,572 милијарди на 1,499 милијарди долари. Второто место на рангирањето го задржа Барселона, чија вредност на брендот изнесува 1,487 милијарди долари. Третото е Манчестер јунајтед […]

Веран: Во Франција наскоро ќе прекине носењето на маска на отворен простор


Франција наскоро ќе ја достигне точката кога маската повеќе нема да биде задолжителна на отворено, изјави министерот за здравство, Оливие Веран, без да даде притоа датум, кога тоа ќе се случи, јави дописникот на МИА. -Се уште не сме на ова ниво, но ќе стигнеме наскоро, рече Веран во интервјуто за БФМТВ. „Кога сте надвор, […]

Индонезија воведе шема на приватно компаниско вакцинирање против Ковид-19


Индонезија денеска ја почна шемата на приватно вакцинирање со која ќе се имунизираат најмалку 10 милиони луѓе против Ковид-19, јави ДПА. Овие вакцинации ќе ги плаќаат компаниите, почнувајќи од трудоинтензивни производители до микро, малите и средни претпријатија. -Мило ми е што почна приватната шема за вакцинација. Се надевам дека сите ќе бидат заштитени од Ковид-19 […]

Добра вест за македонските навивачи: Во Букурешт со примени две дози вакцина или со негативен ПЦР тест


Навивачите на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги следат настапите на нивните миленици на Европското првенство во Букурешт доколку покрај обезбеден билет, имаат и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа при влезот во Романија, или пак имаат потврда за примени две дози на вакцини против Ковид 19. Престојот во Романија нема да биде […]