Палестинците во Израел почнаа генерален штрајк, бомбите и натаму паѓаат во Газа


Израелските сили ја урнаа и зградата во која се наоѓаа библиотеки и едукативни центри кои припаѓаа на Исламскиот универзитет   Палестинците во Израел и окупираните територии започнаа штрајк во ретка колективна акција против израелската политика во вторникот, додека израелските бомби паѓаат врз Газа а милитантите испукаа десетици ракети од територијата што ја управува Хамас. Бидејќи […]

ССМ: Владата да донесе задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација


 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство. Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира […]

Светска банка продолжува да му помага на Западен Балкан преку инвестирање во чисти извори на енергија


 Загадувањето на воздухот и понатаму останува водечки фактор на ризик за животната средина придонесувајќи на вкупниот број смртни случаи и инвалидитет во Западен Балкан. Проценетите годишни економски трошоци поврзани со штетите по здравјето предизвикани од ова загадување се запрепастувачки, со просечни 240 милиони долари во Косово (3,6 отсто од БДП), 750 милиони долари во Северна […]

Шпанско истражување утврдило дека мешањето на вакцините е безбедно


 Шпанско истражување посочува дека ревакцинирањето на лицата со вакцината „Фајзер“, а кои веќе ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ е крајно безбедна и ефикасна, наведуваат самите истражувачи. Истражувањето „Комбивакс“, предводено од шпанскиот Институт за јавно здравје „Карлос III“, открило дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле втора доза вакцина „Фајзер“ е меѓу 30-40 пати […]

Здружението на лекари во Токио бара откажување на Олимписките игри


 Здружението на лекари во Токио повика на откажување на Олимписките игри на околу два месеци пред нивниот почеток во јапонската престолнина поради пандемијата на коронавирусот, наведува ДПА. Во писмо испратено до јапонскиот премиер Јошихиде Суга, меѓудругите, групата од околу 6.000 лекари побара од владата и организаторите да се консултираат со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за […]

МНР протера руски дипломат од Македонија


Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската амбасада во Северна Македонија за непожелна личност. „Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија“, стои во соопштението на МНР. Во оваа насока, додава МНР, […]

Архитектите бараат бесправното градење да се казнува, а не легализира


Асоцијацијата на архитекти на Македонија(ААМ) е против новиот Закон за повторно утврдување правен статус на бесправно изградени објекти бидејќи ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува. Од ААМ порачуваат дека ако законот сепак се донесе, […]

Собранието ја усвои оставката на Владе Богдановски од член во Судскиот совет


Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 41 седница ја усвои оставката на Владе Богдановски на функцијата член на Судскиот совет заклучно со 31 мај, годинава. Како што посочи претседателот на Собранието Талат Џафери, Богдановски се откажал од можноста да ја образложи оставката. Во рамки на седницата при утврдување на дневниот ред беше усвоено […]

Општина Аеродром ја одбележа годишнината од раѓањето на Јане Сандански


Денеска се навршуваат 149 години од  раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански.  По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“ во истоимената населба. Во одбележувањето се приклучија претставници од Советот на Општината предводени од претседателката Ивана Цветковска, директори од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност […]

Во ЕУ администрирани повеќе од 200 милиони вакцини против Ковид-19


Во земјите од Европската унија досега се администрирани повеќе од 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, а скоро 53 милиони Европејци се целосно вакцинирани. Во 27 земји се аплицирани најмалку 200 милиони дози на околу 148 милиони луѓе, што е 32 проценти од населението на Унијата. До сега во Унијата целосно се вакцинирани најмалку 52,90 милиони луѓе со две дози или една доза […]

Неделава ќе биде објавен огласот за ваучерите за домашен туризам


Веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари. Откако за два до три […]

Избрани победниците на првиот виртуелен хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговија”


Три тимови чии концепт решенија се состоеа од: веб платформа со можност за рецензии за е-трговци, веб платформа за пријавување на нерегуларности при е-купување и надградување на регистарот на е-трговци со рејтинзи, како и екстензија со автоматски систем за проверка на легитимноста на е-трговците се прогласени за победници на првиот виртуелен хакатон за намалување на […]

Промовирана платформата savetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“


Министерството за економија денеска ја промовираше платформата  savetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) и протоколи за безбедно патување на Светскиот совет за туризам и патување, како и спотот со кој земјава ќе се обиде да привлече странски туристи како безбедна ковид дестинација. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека туризмот во […]

Германскиот Уставен суд ја отфрли жалбата на програмите за поттик на ЕЦБ


Германскиот Уставен суд денеска ја отфрли жалбата на програмите за поттик на Европската централна банка (ЕЦБ), заклучувајќи дека централната монетарна институција на еврозоната не го нарушила клучниот принцип на пропорционалност. За да ја поддржи економијата и да ја задржи инфлацијата на нешто помалку од два проценти ЕЦБ од март 2015 до крајот на 2018 година […]

Повеќе од 90 отсто од Британците развиле антитела по првата доза на „АстраЗенека“ или „Фајзер“


Повеќе од 90 проценти од Британците развиле антитела на коронавирусот откако ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ или „Фајзер“, а по втората доза развиле речиси 100 проценти од вакцинираните, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на 8.517 луѓе во Англија и Велс.   Истражувањето на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 отсто […]

Нордвинд го одложува почетокот на летовите Москва-Скопје


Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата. Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во известувањето од авиокомпанијата. Од Нордвинд […]

Бочварски задоволен од реализираните над 15 проценти на капиталните инвестиции во првиот квартал


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека е задоволен од остварувањето на над 15 проценти од капиталните инвестиции во првите три месеци од годинава. -Што значи продолжуваме и во вториот квартал со работа. Сите заеднички ќе се бориме, ова е наша заедничка битка, не само на здравствениот систем, туку и на сите […]

Музејот на Народната банка со презентации и шест едукативни видеа по повод Меѓународниот ден на музеите


Со изработка на шест куси едукативни видеоматеријали за најексклузивните и најзначајните парични изданија коишто биле произведувани на територијата на современата македонска држава и презентации за ученици Музејот на Народната банка, ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај. Како што сопштија од НБ, во соработка со основните училишта во општина Центар, Музејот на Народната банка организира […]

Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби


Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите,.. да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој […]

Членот на Судски совет Зоран Теофиловски тврди дека е жртва на монтирано обвинение


 Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, обвинет за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување”, во случајот за Тениско спортско здружение Љуботен Тетово, изјави дека воопшто не се чуствува виновен и посочи дека станува збор за монтирано обвинение. – Имам докази за сите, сите ќе бидете изненадени по чиј налог тоа се прави, рече […]