Почина 27-годишен работник


Во понеделникот, околу 14 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во с.Николиќ, гевгелиско, додека извршувал работни задачи во фирма каде бил вработен, Б.Н.(27) се здобил со повреди и починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

На Сали Бериша и семејството им е забранет влезот во САД поради корупција


Порнешниот албански претседател, премиер и екс лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша и семејството прогласени се за персона нон грата во САД. Во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен објавена на 19 мај 2021 година, како и на официјалната веб-страница на Стејт департменот, стои дека „во негово официјално својство, посебно како премиер на […]

За субвенции за инвертери во Скопје поднесени 1656 пријави


На јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери поднесени се 1656 пријави со што се исцрпени средствата предвидени за оваа мерка, соопштија од градот. Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои […]

Промовирано колективното издание „Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“


Историјата на Македонија и македонската култура воопшто не се и не треба да бидат теми за политичко пазарење. Се надевам оваа книга, како и книгата „Прогласот на Константин Филозоф – Свети Кирил“, што деновиве излезе од печат и која содржи прилози на старословенски, словачки и македонски јазик ќе послужат како водилка за долгоочекуваното и посакувано […]

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ (фото)


Стопанска банка АД – Скопје денеска иницираше постапка за реализација на донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Универзитетската клиника за  хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Оваа опрема се надоврзува на донацијата на ултразвучниот апарат наменет за хируршки постапки од 2019 година, соопштија од Стопанска банка – Скопје, нагласувајќи дека со ова […]

Во Србија повеќе од 600 новозаразени, а починаа 15 пациенти со Ковид


  Според последните податоци во Србија регистрирани се 609 случаи со корона вирус, а починаа 15 лица. На респиратор се 80 пациенти. Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 10.761 лица. Вчера пак, беа тестирани 11.870 од кои позитивни беа 686. Починаа уште 14 лица,додека на респиратор имаше 86 пациенти. Минатата […]

Холштајн: Бугарија нè држи сите како заложници


 Германската амбасадорка  Анке Холштајн денеска изјави дека португалското претседателство во моментов работи напорно да се најде консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија до Советот на ЕУ што е закажан во јуни и изрази жалење што Германија не успеала да го постигне овој консензус за време на нивното претседателство со ЕУ. Вели дека за Северна […]

Одбраната во ,,Меѓународен сојуз” одби да му поставува прашања на Стефан Богоев


 Неприфаќањето на предлогот на одбраната, пред сослушување на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев како сведок, да бидат изведени материјални докази, беше причина што одбраната на обвинетите во случајот ,,Меѓународен сојуз” не му постави прашања на сведокот Богоев. Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, откако судијката Софче Ефремова, одлучи да не го прифати […]

Од КОВИД-19 починаа 17 лица, нови 87 заразени и 197 оздравени


Нови 87 заразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа од 2.953 тестирања. Починаа 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени се 197, соопшти Министерството за здравство.   Од новите дијагностицирани, 26 се во Скопје, девет во Радовиш, по шест во  Куманово и Кратово, пет нови случаи има Прилеп, по […]

Веруваме дека ќе се донесе законско решение прифатливо за сите, вели Арсовски за предлог законот за дивоградби


Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение. Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто […]

Во регионалниот пункт во Охрид досега вакцинирани околу 13 илјади граѓани


Одѕивот на граѓаните за вакцинирање во Регионалниот центар за имунизација во Охрид е добар. Од стартот на вакцинирањето пред две седмици досега во Охрид се вакцинирале околу 13 илјади граѓани на Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски изрази задоволство од текот на процесот на имунизација и […]

Филипче: Да се дозволат свадби, се уште е рано да се тргнат маските


 Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и се уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на […]

Пуштен во употреба булеварот „Босна и Херцеговина“ во Бутел


Денеска официјално беа пуштени во употреба последните 500 метри од новопроектираниот и новоизведениот булевар „Босна и Херцеговина“, кој што сега се спојува со булеварот „Словенија“. Како што информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов при пуштањето на употреба на овој булевар, тој чини 100 милиони денари и е во целост изведен во рамките на буџетските средства […]

Италијанска обвинителка потврди дека Силвио Берлускони е тешко болен


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е сериозно болен и неговото судење под обвинение за подмитување сведоци треба да биде прекинато, изјави денеска миланската обвинителка Тицијана Сицилијано. Берлускони (84), откако беше заразен со ковид-19 минатиот септември, повеќе пати е приман и отпуштан од болница, а во последните денови неговата состојба наводно се влошила. – Дефинитивно веруваме […]

Во јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“


Последната најава  преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на  следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој […]

Русите го одобрија производството на вакцината „Спутник В“ во Србија


Рускиот  Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена на белградскиот Институт „Торлак“ и го одобри производството на вакцината „Спутник В“ против коронавирусот во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцина „Спутник В“, соопштено е на […]

Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува


Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оцени мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6-17 мај. Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од Ковид-19 кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните. Станува збор […]

Археолошкиот музеј го покренува проектот „Прашај го археологот“


Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија ја покренува активноста „Прашај го археологот“. Преку оваа активност на младите посетители ќе им овозможат да постават прашања за сѐ она што ги интересира од областа на археологијата. Целната публика на оваа активност, како што велат од музејот, претставуваат децата од школска возраст. Идејата е да им се овозможи […]

Од следната недела ќе се издаваат и електронски ковид сертификати за патување


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави. – Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и […]

„Матица“ објавува ново издание со поезија на Славко Јаневски


Во рамките на јубилејот –триесет години од основањето, „Матица македонска“ објави избор од поезијата на Славко Јаневски. На страниците од изданието се застапени песни од сите фази од богатиот поетски опус на еден од најзначајните автори, кој има оставено длабоки траги во развојните процеси на македонската литература. -Изборот на изданието го подготви Раде Силјан, кој […]