Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати


По извештаите, кои ќе ги достават задолжените институции, кои имаат рок од две недели да утврдат секоја во својата надлежност во врска со информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, ќе се знаат следните […]

Ќе секнат ли „Спутник“ вакцините по протерувањето на рускиот дипломат?


Нема најава за политизирање на руските вакцини „Спутник“ кои треба да пристигнат  во земјава, откако вчера Министерството за надворешни работи прогласи еден дипломат од руската амбасада во Скопје за непожелна личност во Македонија, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. Владата во февруари во директни преговори со рускиот производител нарача 200.000 вакцини, но досега стигнаа […]

ЕУ ќе ги отвори границите за вакцинираните


Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги отворат границите за сите патници кои примиле двете дози на вакцина против коронавирус, пренесува АФП, повикувајќи се на европски извори. Иако амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, на состанокот утрово во Брисел донесоа одлука за укинување на ограничувањата за патување за сите државјани на трети земји кои ги примиле […]

Мијалков понудил 10,8 милиони евра кауција за да излезе од притвор


Со дваесет години затворски казни во прв степен за „Таргет Тврдина“ и „Трезор“ и со обвинение за имотите на Водно Сашо Мијалков може да излезе од притвор. Според извори од судот, екс шефот на УБК Сашо Мијалков добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор. […]

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња


Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во […]

Брнабиќ: ЕУ не знаат за некои важни работи кои функционираат во регионот


-Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изрази надеж дека 2021 година ќе биде поуспешна и за Србија и за регионот на Западен Балкан, кога станува збор за евроинтеграциите, јави дописникот на МИА од Белград. По работната вечера подготвена за лидерите на Западен Балкан од страна на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност […]

Спогодбата за одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија ќе се усогласи со ОЕЦД конвенцијата


Министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада го потпишаа Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите. Со Протоколот ќе се зајакнат постојните одредби за […]

Се истражуваат уште две кривични дела на Рашковски


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на еден од хонорарно ангажираните соработници во Владата, воедно и најплатен од сите, од месечните примања од 80.000 денари му земал секој месец по 500 евра, открило Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За Рашковски и двајцата од претходно осомничената група за незаконска набавка на софтвер кој […]

Извештај на бугарските служби: Пандемијата создаде предуслови за интензивирање на прекуграничниот организиран криминал


 Во Годишниот извештај на Државната агенција „Разузнавање“ на Бугарија за нејзините активности во изминатата 2020 година се информира за влошување на глобалната економска состојба поради постојаната пандемија со Ковид-19 и создаде предуслови за зајакнување на прекуграничниот организиран криминал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот контраразузнавачки документ, зачувана е тенденцијата за користење […]

Жител на Струшко пронајден мртов до превртен автомобил


Седумдесет и шест годишен жител на струшкото село Ливада пронајден е мртов во близина на превртен автомобил во атарот на селото Делогожда.  СВР Охрид информира дека вчера во 19 часот и 40 минути во Одделението за внатрешна контрола – Струга било пријавено превртено возило марка „Нисан примера“ со струшки регистарски ознаки на шумски пат во […]

Амбасадата во Москва речиси празна, кого ќе протера Русија?


Празна страница – вака изгледа делот од сајтот на Министерството за надворешни работи на кој треба да стои листа на пресоналот во нашата амбасада во Русија. Откако нашата Влада реши да протера еден руски дипломат поради недозволени активности во земјата, очекувањата се истото тоа да го стори и официјална Москва, од која сѐ уште нема […]

Директорката на МАА сведочеше во ,,Меѓународен сојуз”


Директорката на Македонска авторска агенција, (МАА) Нина Старделова, денеска беше сослушана како сведок во предметот „Меѓународен сојуз”.  Предложена од одбраната таа објаснуваше како функционира агенцијата што ја води, а за соработката со невладината „Меѓународен сојуз”  наведе дека била според закон. – Договорот меѓу ,,Меѓународен сојуз” и ,,Пелистер” не го сметавме како авторски. Данок беше платен […]

Иницијативата за референдум против законот за учебници неуредна – заклучи собраниската комисија


 Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница заклучи дека иницијативата  за распишување  референдум за одлучување на државно ниво доставена преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум. Заклучокот ќе му биде […]

Пет навики опасни колку и пушењето


 Познато е колку е штетно тутунот за човековото тело. Но, современието се одликува со нови навики кои постепено го изместуваат тоа од врвот на списокот смртоносни навики. Следат пет навики присутни во нашето секојдневие, а кои, како што предупредуваат некои американски научници, се барем еднакво опасни како и пушењето. Осаменост Најновите истражувања покажуваат дека социјалната […]

Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување


За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка. Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување, ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања […]

Црна Гора вакцинираше речиси една четвртина од своето население


Во Црна Гора до денеска се искористени 148.255 дози вакцини против коронавирусот, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата е вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство. Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани примиле прва доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани. – Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население […]

Мисијата на ММФ прогнозира раст на БДП од 3,8 отсто, може да биде и повисок ако забрза вакцинацијата


Раст на БДП од 3,8 проценти, на потрошувачките цени со умерено темпо од 2,2 проценти, како и дефицит од 5,4 проценти од БДП, предвидува во прелиминарните наоди тимот на Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Берглјот Баркбу, по виртуелната посета на земјава од 6 до 17 мај во тек на која одржа состаноци […]

„Фајненшл тајмс“: Трета доза од „АстраЗенека“ дополнително ја засилува ефикасноста на вакцината


Третата доза од вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд се покажа добро во производството на антитела и дополнително ја зголеми ефикасноста на вакцината кај учесниците во истражувањето, соопшти денеска весникот „Фајненшл тајмс“. Веста доаѓа во момент кога производителите на вакцини предупредуваат дека на светот најверојатно секоја година ќе му треба довакцинација […]