Во Србија повеќе од 600 новозаразени, а починаа 15 пациенти со Ковид
Според последните податоци во Србија регистрирани се 609 случаи со корона вирус, а починаа 15 лица.
На респиратор се 80 пациенти.
Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 10.761 лица.
Вчера пак, беа тестирани 11.870 од кои позитивни беа 686. Починаа уште 14 лица,додека на респиратор имаше 86 пациенти.
Минатата среда пак имаше 1.046 новозарзени.
Денеска пак, на белградскиот аеродром слета авион со 440.000 дози кинеска вакцина против корона вирус „Синофарм“.