Наближува јунскиот Совет на ЕУ, ќе се тргне ли блокадата од Бугарија


Премиерот Зоран Заев е уверен дека Европа го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор и оти Северна Македонија, која чека 16 години, има над дваесетина вета, а е на врвот со извршување на реформите, треба да ги почне преговорите и треба да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, тој нагласува дека […]

Рано е за симнување на маските, но може да се очекува организирање свадби и прослави


Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни. За ослободување од маските е рано, но може да се очекува организирање свадби и прослави во угостителските објекти само на отворено со протоколи, како […]

Блинкен и Лавров разговараа за нормализација на односите: Разлики има, потребни се дијалог и соработка


Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров,синоќа разговараа за нормализирање на билатералните односи, за време на нивната прва средба во Исланд, јави ДПА. Блинкен во коменар пред средбата нагласи дека САД бараат „предвидлив, стабилен однос со Русија“, се наведува во белешка на Стејт департментот. Но, пред состанокот што се одржа […]

Прва научна конференција на МФ и МАНУ за предизвиците на Ковид-19 и идните економски политики


„Предизвици на фискалната политика во периодот на пандемијата од Ковид-19 и перспективи во посткризниот период“ е тема на првата научна конференција што ќе се одржи денеска во организација на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите. Заедничката конференција меѓу Министерството за финансии и МАНУ е дел од активностите на Министерството за финансии […]

САД почнале со производство на авионите „Ф-16 Блок 70“ за Бугарија 


Во САД почна производството на американските борбени авиони „Ф-16“, нарачани од Бугарија, соопштија американските воено-воздухопловни сили, јави Бугарското национално радио. Освен за Бугарија, во производствената линија во САД ќе се составуваат борбени авиони и за Бахреин, Словачка и Тајван. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението на американското воено воздухопловство, […]

Јувентус по четиринаесетти пат го освои Купот на Италија


Тимот на Јувентус синоќа ја победи Аталанта со 2:1 во финалето на Купот на Италија одиграно во Реџо Емилија. Во 31. минута Дејан Кулушевски му донесе предност на Јувентус. Руслан Малиновски го изедначи резултатот во 41. минута. „Старата дама“ победата ја обезбеди со голот на  Федерико Киеза во 73.минута. Јувентус го освои Купот на Италија […]

Продолжение на 41. собраниска седница, ќе се именуваат неизвршни членови на Советот на Народната банка


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 41. седница, на чиј дневен ред се предлог одлуки и закони од повеќе области. Пред пратениците на разгледување ќе се најдат Предлог изборот на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Предлогот за именување на неизвршни членови на Советот на Народната […]

Облачно и дожд во поголемиот дел од земјава


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени. Во […]

Бугарија се скара и со Хрватска поради Македонија


Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац денеска била повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев. Ова се случува поради изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој јавно се спротивстави на Бугарија за условите што ѝ ги поставува на Македонија за почеток на преговорите […]

ФФМ им додели премија на репрезентативците од 150.000 евра за победата над Германија


Македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе поделат премија во износ од 150.000 евра за остварените резултати во трите мартовски мундијалски квалификациски натпревари, во кои избраниците на селекторот Игор Ангеловски  приредија сензација со триумфот над Германија од 2:1 на гостински терен. Одлуката вечерва ја донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа одредени и […]

Бочварски: Оставаме простор да отвориме широка јавна расправа за легализација на дивоградбите


На вчерашната седница на Владата дискутиравме за законот за легализација на бесправно изградените објекти и оставаме простор да отвориме широка јавна расправа и низ транспарентна постапка да ги отстраниме што е можно повеќе од спорните делови поради кои претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение што беше донесено во Собранието, информира вечерва министерот за […]

Седум студентски домови до 2024 година ќе станат енергетски ефикасни


Менување прозорци и врати, замена на кровните конструкции, инсталација на фасадни системи, инсталација на канализациони и дренажни системи во и околу објектите, замена на електрична инсталација, поставување на нови системи за греење – онаму каде постојат можности ќе се постават и системи кои ќе работат со обновлива енергија, во седум студентски домови низ републикава најавува […]

ЕЦБ предупредува на ризик од банкроти и финансиска нестабилност во еврозоната по корона кризата


Ризикот од финансиска нестабилност ќе се зголеми во еврозоната по крајот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). – И покрај економското закрепнување, бројот на корпоративни банкроти се очекува да се искачи од многу ниско ниво во 2020 година, делумно поради нерешените побарувања за банкрот, се нагласува во најновата анализа […]

Заев: Европскиот инвестициски план кон Западен Балкан доаѓа во вистинско време за обнова на економијата


Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, […]

Вархеи: ЕУ ќе инвестира милијарди во Западен Балкан за да се интегрира побрзо


Еврокомесарот Оливер Вархеи учествуваше денес на форумот „Економски разговори за Западен Балкан“ во Виена каде што ги престави економскиот, енергетскиот, транспортниот, планот за дигитализација, за развој на пазарот на трудот, за запирање на одливот на мозоците од регионот и слично, кои според него ќе повлечат 28 милијарди инвестиции и ќе го забрзаат интегрирањето на земјите […]

Белорусија го затвори најсилниот медиум за вести во силен напад против слободата на печатот


Водечка информативна страница во Белорусија е офлајн и нејзините новинари ги испрашуваат владини претставници во она што борците за човекови права го нарекуваат „целосен напад“ на правото на слобода на изразување во земјата. Tut.by, веб-страница за вести, која ја читаат повеќе од 40% од белоруските корисници на интернет, е блокирана, а нејзините уредници се испрашуваат […]

Културно-информативниот центар во Тирана ставен во функција


Албанија– Амбасадата на Северна Македонија во Тирана, преку објава на Фејсбук, денеска,  информираше дека веќе е ставен во функција Културно-информативниот центар, постирајќи при тоа повеќе фотографии. Од Амбасадата оценуваат дека со отворањето на Културно-информативниот центар се заокружува значаен сегмент во позиционирањето на нашата држава во делот на билатералната културна соработка со Албанија. -Центарот во соработка […]

Мицкоски незадоволен што Апелација ја вратила пресудата за Русковска на повторно разгледување


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти преку Фејсбук дека Апелацискиот суд во Скопје го врати на повторно одлучување случајот во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужеше партијата заради нејзината (зло)употреба во кампањата за ланските пшарламентарни избори. Тужбата беше отфрлена од граѓанскиот суд со првостепена пресуда. Мицкоски сега тврди дека одлуката на Апелацискиот суд е донесена под политички […]

Средба на Мишел и Заев: Одлуката за почнување преговори треба да се спроведе


Премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на денешната средба во Брисел заклучиле дека треба да се спроведе одлуката на земјите на Унијата од март 2020 Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори за членство. И двајцата се надеваат дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема […]

Хајко Мас со најава за можно заминување на разговори со Палестинците и со Израелците


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави дека се надева дека ќе замине за Израел на разговори утре со Израелците и Палестинците за конфликтот во Газа. Запрашан да ги потврди извештаите на израелските медиуми за такво патување, Мас изјави во Берлин дека: – „Не можам да кажам сто отсто, бидејќи секако такво патување го […]