Мицкоски незадоволен што Апелација ја вратила пресудата за Русковска на повторно разгледување


Видео спотот во кој се оцрнуваат Вилма Русковска и Добрила Кацарска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти преку Фејсбук дека Апелацискиот суд во Скопје го врати на повторно одлучување случајот во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужеше партијата заради нејзината (зло)употреба во кампањата за ланските пшарламентарни избори. Тужбата беше отфрлена од граѓанскиот суд со првостепена пресуда. Мицкоски сега тврди дека одлуката на Апелацискиот суд е донесена под политички притисок.

„Доаѓаат изборите и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството.

Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон.

Тужбата на Русковска за видео спот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациоскиот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелацискиот суд очигледно ја уважува ‘душевната болка и претрпен страв’ од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа провизии, тоа што светски мафијаши сѐ уште ‘хараат’ низ светот со пасошите на Спасовски…

Ако мислат дека ќе нѐ исплашат, се лажат.

Ако мислат дека ќе победат, дебело ќе загубат!

Правдата ќе ги стигне и нив“, пишува Мицкоски на Фејсбук.