Битиќи: И јас имам возило на лизинг, така што Владата не погреши при набавката на возила


Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш  со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Правевме одредени анализи […]

Битиќи: Назначувањето на Божиновска е одлука на министерот за надворешни работи


Назначувањето на Валентина Божиновска за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи, е одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Познат сум по ставот дека сум човек кој овозможува севкупно вклучување на луѓето затоа што […]

Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники, позитивните пациенти ќе се примаат само на Институтот за ТБЦ и на Инфективна


Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза, ковид позитивни пациенти ќе примаат само во Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации […]

СЗО: Два до три пати повеќе жртви од Ковид-19 од официјално соопштените во 2020 година


До три пати повеќе лица умреле  од пандемијата отколку што е официјално соопштено за смртните случаи од Ковид-19 во текот на минатата година, соопшти денеска Светската здравствена организација. -Вкупните смртни случаи се најмалку два до три пати повисоки од официјално пријавените, изјави во Женева, Самира Асма, помошник генерален директор на СЗО, одговорна за податоците, во […]

Пожарот во Грција гори втор ден, изгоре 20 км шума


Пожарот кој ги зафати планините над Коринтскиот залив во Грција и денеска годи, втор ден по ред, поттикнат од силниот ветар. Поради огнената стихија стотици луѓе мораа да бидат евакуирани. Во текот на целата вечер спасувачите и пожарникарите ја продолжија борбата против првиот поголем пожар во сезоната кој веќе уништи 20 километри шума, пренесе грчката […]

Општина Центар бара учесници за изработување детални урбанистички планови


Општина Центар распиша Јавен оглас за доброволно пријавување на членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот, согласно член 46 став 3 од Законот за урбанистичко планирање и член 49 од Статутот на Општина Центар-Скопје, со цел да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ѝ овозможи на […]

Вакцинирани повеќе од 206.000 граѓани


 На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 206.013 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.561 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани, соопшти Министерството за здравство.   Во државата вкупно се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Со последните бројки, како што посочуваат од Министерството,  44,7 отсто […]

Растурена домашна забава во Скопје, приведени 28 лица


Полициски службеници од Полициската станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ноќеска во 3 часот на подрачјето на Центар привеле 28 лица поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравествените прописи за време на епидемија“. – Постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна […]

Деспотовски: Инвестираме 15 мил. евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален економски развој


Технолошко индустриската развојна зона ги проширува можностите за инвестирање на локално ниво како и отворање заеднички зони со општините со државна поддршка, како дел од новиот концепт. Како што се наведува во соопштението, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остварил средба со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово и со градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, со што […]

Грција задоволна од договорот за европскиот дигитален Ковид сертификат


Исклучително позитивна разврска, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го карактеризираше договорот меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет за дигиталниот Ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина. -Привремениот договор за ЕУ- дигитален Ковид-19 сертификат е исклучително позитивна разврска. Грција е силен поборник од самиот почеток, бидејќи тоа ќе ја олесни слободата на движење во рамките на […]

Стоев до Силва и Вархеи: Бугарија не ја менува позицијата околу Македонија


  Нема промена во позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија. Ова го изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој денес се состана со министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, јави  БГНЕС. Бугарија продолжува да биде доследна во поддршката […]

Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе ја унапредуваат финансиската стабилност


Финансиската стабилност е заеднички приоритет, но и обврска на финансиските регулатори и во изминатиот период се потврди дека унапредената соработка меѓу регулаторите и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност, во којшто се вклучени сите финансиски регулатори, придонесува за заедничката цел – финансиската стабилност, па затоа сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, […]

РКЕ и Регулаторното тело за вода на Албанија склучија меморандум


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги склучи Меморандум за соработка со Регулаторното тело за вода на Албанија. Како што соопштија од РКЕ, размена на искуства, информации и практики од регулирањето на водните услуги и управување со системите за отпадни води се дел од точките за кои Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ и Ндричим Шани […]

„Молитва по Достоевски“ премиерно во битолскиот театар


На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Молитва по Достоевски“ што ја подготви Валентин Светозарев. Станува збор за колаж од избрани делови на дела од Достоевски, почнувајќи од првиот роман „Бедни луѓе“, опис на амбиент од избраните дела, како и еден настан во Катарга, Сибир, најави во пресрет на премиерата, Светозарев. – Нашата претстава почнува […]

Премиера на „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски во Драмски театар


Во НУ Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес. Претставата „Кармен“ е монодрама на актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска. -Преку внатрешниот дијалог на жена во криза – Кармен, нејзиниот протагонист – Делибес, открил најголем дел […]

Џонсон: Велика Британија и СЗО ќе соработуваат на развојот на „пандемиски радар“


Велика Британија заедно со Светската здравствена организација (СЗО) ќе работат на развојот на „пандемиски радар“, систем што ќе помогне брзо да се идентификуваат сите нови соеви на коронавирусот и да се следат болестите на глобално ниво, осигурувајќи дека светот „никогаш повеќе нема да биде фатен неподготвен“. Британскиот премиер Борис Џонсон го соопшти планот за стартување […]

Куомо најави лотарија од пет милиони долари за жителите на Њујорк кои следната недела ќе се вакцинираат


 Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, вчера најави дека од следната недела за жителите на „Големото јаболко“ ќе почне лотарија со добивка од пет милиони американски долари, како поттик да се вакцинираат против коронавирусот, и притоа на сограѓаните им порача дека треба да се стремат да победат.   Лотаријата обезбедува бесплатни грепки за […]

Вархеи ги почна разговорите во Софија со Борисов


Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов се состанал утрово со еврокомесарот за проширување на ЕУ,  Оливер Вархеи, во седиштето на партијата. Главниот фокус на разговорот бил Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Притоа, Борисов ја истакнал клучната улога на Бугарија во враќањето на темата за европска интеграција на Западен Балкан […]

Евросонг 2021: Данкан Лоренс позитивен на Ковид-19, нема да пее на финалето


Холандија–  Победникот на Евросонг во 2019 година Данкан Лоренс беше позитивен на Ковид-19 и нема да пее во живо утре на финалната вечер во арената Ахој. Лоренс, кој победи за Холандија со својата песна „Аркада“ во Тел Авив пред две години, требаше да настапи пред  3.500 –та публика. “Денес е еден од најтажните денови во […]

Конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година


 Компанијата за собирање и управување со амбалажен отпад Пакомак, во соработка со Шпаркасе банка, а во организација на Балкан Еко Институт, организира конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година. Пријавувањето за конкурсот е веќе започнато, а општините можат да ја испратат нивната апликација на веб страната на Пакомак. Право на учество во конкурсот […]