Евросонг 2021: Данкан Лоренс позитивен на Ковид-19, нема да пее на финалето


Холандија–  Победникот на Евросонг во 2019 година Данкан Лоренс беше позитивен на Ковид-19 и нема да пее во живо утре на финалната вечер во арената Ахој. Лоренс, кој победи за Холандија со својата песна „Аркада“ во Тел Авив пред две години, требаше да настапи пред  3.500 –та публика.

“Денес е еден од најтажните денови во мојот живот. Не можам да настапувам на сцената в сабота во живо за вас, и да го прославите заедно овој убав момент … сеќавајќи се од каде започна сè и да ви покажам кое е моето следно музичко патување. Никогаш порано не сум го почувствувал ова немоќен “, објави Лоренс на Фејсбук откако вчера неговиот тест покажа дека е позитивен.

“Бев толку внимателен. Сите бевме толку внимателни, но за жал вакви работи сè уште можат да се случат. За среќа, и Евровизија и мојот тим го бараат најдобриот начин за мене сепак да се појавам на финалето! Значи, сепак, сепак, сепак ќе бидам дел од големото шоу в сабота”, напиша Лоренс.

Натпреварот оваа година се одржува под строги мерки на претпазливост од Ковид-19, и публиката е намалена на 20 проценти од капацитетот на арената Ахој кој собира 16 илјади гледачи. Изведувачите и делегациите од различни земји се држат на дистанца, има славење без гушкање и сите се тестираат на секои 48 часа.