Сојузот на дијабетичари бара терапијата да биде достапна


Технички проблеми прави инсулинот и целокупната терапија за пациентите зависни од оваа терапија да им биде недостапна. Проблемот е стар веќе трети месец посочија на денешната прес-конференција во Штип претставниците од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија. Претседателот, Диме Велев вели дека инсулин, игли, ленти и терапија има во сите инсулински депоа и аптеки […]

Николоски: Дали Бугарија би дозволила да се отвори филијала на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“


Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средба со граѓаните во општина Сопиште, при што потоа одговори и на прашања поставени од медиумите, соопштија од партијата. Едното од прашањата беше како коментира за новиот универзитет „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново. „Имам две работи што би сакал да ги кажам. Прво, апсолутно мислам […]

Вакцинирани над 216 илјади граѓани, ревакцинирани речиси 39 илјади


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани. Во државата, како што соопшти Министерството за здравство, вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години […]

Канаѓанка им давала на колегите војници колачиња со канабис


Припадничката на канадската армија Челси Когсвел ќе биде изведена пред воен суд под обвинение дека за време на воена вежба на војниците од нејзината единица им давала колачиња со канабис без нивна согласност. Таа се соочува со 18 точки од обвинението – подготовка на колачиња, давање на штетни материи и несоодветно однесување. Когсвел се соочува […]

Титулата останува во Мадрид, вечерва ќе се знае дали кај Атлетико или кај Реал


Титулата во шпанското фудбалско првенство, кое завршува викендов, ќе остане во Мадрид, а дали Реал ќе го одбрани трофејот или градскиот ривал Атлетико по 11. пат ќе стане шампиони ќе биде познато вечерва околу 20 часот. Атлетико Мадрид влегува во завршното коло со 83 бодови, два повеќе од единствениот конкурент за титулата Реал на второто место. […]

Министрите на Австрија, Чешка и Словенија застанаа зад предлогот на Португалија


Министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек дојдоа денес во заедничка посета на Македонија што министерот Бујар Османи ја опиша како посета на силни поддржувачи на нашата држава. Тој порача дека сме блиску до јунскиот самит кој преставува можност за Македонија да ги почне преговорите […]

Нови 518 заразени во Хрватска, починаа 27 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 518 новозаразени, а бројот на активни изнесува 4.361. Меѓу нив 1.217 пациенти се на болничко лекување, од кои 123 на респиратор. Починаа 27 пациенти или досега вкупно 7.883. Од почетокот на пандемијата во Хрватска досега се забележани 353.735 заразени, а оздравеа 341.491. Досега тестирани се 1.965.385 лица, […]

Од јаболка и мед до маџун и зимница по порачка – онлајн платформа за продажба на земјоделски производи


Ресенски јаболка, калитетен мед, домашно произведен маџун, но и подготовка на зимница по порачка, е дел од понудата на онлајн платформата Ефарм, што ја промовира Националната федерација на фармери. На интернет страницата има и совети за одгледување на земјоделски производи, како и за аплицирање на финансиска помош. Од Националната федерација на фармери велат дека интернет […]

Во две одделни сообраќајки настрадаа двајца пешаци


Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје и во Охрид, прегазени се двајца пешаци, кои завршиле во болница. Во петокот, околу 20.45 часот во Скопје пред хотел на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. […]

Прв шаховски турнир со награди во криптовалути


Циклусот од 10. турнири за најдобар светски играч во брзопотезен шах продолжува со Шестиот шампионски турнир, што ќе се одржи од утре до 31 мај на интернет страницата chess24. com. Турнирот ќе се игра под името „FTX Crypto cup“ и ќе влезе во историјата како прво шаховско натпреварување на кое дел од наградниот фонд ќе биде исплатен во биткоин, најпопуларната крипто […]

Приведени две лица во Тетово барани со потерница


Две лица од Тетово барани со потерница за издржување затворска казна утрово се приведени од страна на полициски службеници од Полициската станица Тетово. – На 22 мај 2021 во 7:30 часот од страна на полициски службеници од ПС-Тетово се приведени Х.Ф. од Тетово, кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење […]

Се проширува булеварот „Никола Карев“


Градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот „Никола Карев“, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток влегуваат во завршна фаза. На терен се работи на траса долга околу 1 километар, постојниот коловоз се проширува на четири 4 сообраќајни ленти, се прави простор за разделно зеленило и се оформуваат мешани пешачко-велосипедски патеки […]

Казнети 390 граѓани за неносење маска


Во текот на вчерашниот ден до 4 часот утринава на територијата на државава казнети се 20 граѓани кои се движеле за време на полициски час. Како што соопшти МВР, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги […]

(Видео) Филипче: Убедете ги оние што се двоумат да се вакцинираат


Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање вели дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината. „Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“. Министерот вели дека вакцинацијата е […]

Светскиот фудбал пред промени, 166 членки на ФИФА сакаат мундијалски турнири на секои две години


Светските фудбалски првенства во машка и женска конкуренција да се одржуваат на две години, наместо на четири како досега, предложи Саудиска Арабија на годишниот состанок на ФИФА, добивајќи поддршка за иницијативата од дури 166 членки, наспроти 22, кои се изјаснија против. ФИФА се заложи да работи на изготвување физибилити студија и внимателно да ги разгледа сите аспекти од […]

Зголемена фреквенција на ГП Богородица за продолжениот викенд


 Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден. – Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1.300 до 1.400 патници на излез и […]

Почнува подготовката за изработка на новите наставни материјали за четвртодделенците, објавен огласот за автори


По усвојувањето на новите наставни програми за четврто одделение чија примена започнува со новата учебна 2021/2022 година, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието ги продолжуваат активностите за етапна имплементација и ефектуирање на новата Концепција за основно образование која треба значително да ги подигне стандардите за квалитет и суштински да […]

Почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски-Гањо кој прв ги сними рушевините од скопскиот земјотрес


Почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски, Гањо. Легендарниот Гањо е познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година но и човекот на кого му се поклонуваше целата снимателска фела и еден од ретките кој ги снимаше настаните на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Неговата кариера ја краса бројни […]

Наградени еко-училници во Карпош: Спој на корисно и урбано


Еко – училницата на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ (Влае) го освои првото место на јавниот повик на општина Карпош, за најдобро уреден училишен двор или дел од дворот. Второто место и припадна на училницата на отворено на ООУ „Братство“ (Тафталиџе 2), а третото место го доби основното училиште „Лазо Трповски“ (Карпош 3). Еден од […]