Заев: Граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори


Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за […]

Папата Франциско ќе го добие првиот електричен папамобил (видео)


„Фискер“ планира да го испорача првото електрично возило со сончев покрив на папата Фрациско следната година, објави во петокот американската стартап компанија. „Фискер“ (Fisker) ќе го покрие својот модел Океан, наменет за папата, со подвижна стаклена купола, додека внатрешноста ќе биде изработена од одржливи материјали. На пример, подлогите ќе бидат направени од рециклирани пластични шишиња. […]

По 100 евра за секој над 16 години – Малта одвојува 50 милиони за поттикнување на потрошувачката


Владата на Малта соопшти дека ќе одвои 50 милиони евра за издавање ваучери во вредност од 100 евра за секој граѓанин над 16-годишна возраст со цел да ја поттикне потрошувачката по вонредната ситуација предизвикана од пандемијата на корона вирусот. – Ова е мерка што ќе влијае на сите, компаниите, семејствата и работниците – рече премиерот […]

Секој затвореник во просек државата ја чини 9.500 евра


Според податоците од Управата за извршување на санкции до кои дојде МИА, вкупната сума што се издвојува за сите казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом Тетово во земјава изнесува 1.119.634.000 денари или 18,2 милиони евра. Од нив, половина се наменети за затворска полиција и затворските службеници 555.675.000 денари, а околу 18 проценти или 199.500.000 денари за […]

Ди Каприо се поднови со нов дом во шпански стил за 7 милиони долари


Куќата во шпански колонијален стил од 1928 година има импресивна линија на познати сопственици, кои ги вклучуваат и Гвен Стефани и Роберт Патинсон   САД– Тука нема ништо повозбудливо отколку кога се судираат световитена славните. Оскаровецот Леонардо ди Каприо неодамна ги купил домот на Џеси Тајлер Фергусон и Џастин Микита во Лос Фелиз, Калифорнија – […]

„Ислахане“, тоа „добро место“ како нов инвестициски предизвик во Битола


Ислахане се училишта кои во Османлиската држава како објекти се појавиле во 1860 година или втората половина на 19 век. Во тоа време, на Балканот првото ислахане се гради во Ниш, потоа ислахане се отвора во Скопје, додека ислахането во Битола се гради од 1894 до 1899 година, а се отвора на 6 октомври во […]

На Шара има над 100 извори, но многу од жителите во Полог сè уште се жедни за вода


Иако се смета дека Шар Планина и дел од Полошката Котлина се места со изобилство на вода, голем број жители од многу населени места кои таму гравитираат и во 2021 година се уште се соочуваат со разни проблеми кога во прашање е водата за пиење. Така, некаде водата ја има ама не е исправна, некои […]

Финале: Кој ќе победи на Евросонг 2021?


Вечерва од 21 часот во арената Ахој во Ротердам е завршницата на годинешниот Евросонг- со финалето на кое ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници односно 39 земји. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев  и покрај својот одличен, сигурен, мошне емотивен настап со „Here I Stand“ не обезбеди влез за големата вечер, ама […]

Бугарија: Јанев најави смена на двајца началници на специјалните служби поради скандалот со прислушување


Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев синоќа изјави дека бара начин за смена на двајцата началници на специјалните служби по скандалот со прислушуваните опозициски политичари, јави дописникот на МИА од Софија. – Постои постапка, но ќе се побара опција за нивно отстранување и ставање на ново раководство и започнување на овие служби да работат во интерес […]

САД воведоа нови санкции поради Северен поток 2


САД вчера воведоа санкции против руски компании и бродови кои работат на гасоводот Северен поток 2. Но, санкции не се воведени кон операторот на гасоводот, компанијата „Норд стрим АГ“, директорот и соработниците. Северен поток 2 предвидено е да има два крака од гасоводот од брегот на Русија преку Балтиочко Море до Германија, со вкупен капацитет […]

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара да се решат проблемите со кои се соочуваат пациентите


Сојузот на здруженија на дијабетичари, денеска јавно ќе се обрати до Министерството за здравство и до Мој термин, со барање да се решат проблемите со недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија. – Како пациентска организација и како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на […]

Проектот „Сега“ – национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура


Со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА (Биро за инвентивна архитектура) нашата држава ќе биде претставена на 17-то Биенале на архитектура во Венеција, што ќе се одржи од денес до 21 ноември годинава. Проектот/изложба е на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата, ко-куратор е Јордан Шишовски, комесар на проектот е Дита […]

Викендов 52. издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021


Во спортско рекреативниот  центар Матка, денеска и утре се одржува традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС, една од трите најстари манифестации во кајак на диви води во Европа. Меѓународниот Илинденски кајак слалом ИКАС како симбол на кајак спортот во Град Скопје, РС Македонија и пошироко во Европа, оваа година повторно се најде на календарот на […]

Пријавени, а невакцинирани 150.000 граѓани, продолжува трендот на мал процент позитивни на корона вирус


Бројот на новозаболени со коронавирусот во земјава се намалува, а кај граѓаните има интерес за вакцинација. Досега се вакцинирани над 200.000 граѓани, од кои 40.000 се ревакцинирани, што значи дека досега во земјава се дадени 240.000 дози на вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека пријавени, а невакцинирани има 150.000 граѓани. Сите пријавени […]

Како 2021 да не биде изгубена за евроинтеграциите – шефовите на дипломатиите на Австрија, Словенија и Чешка денеска во Скопје


Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек. Османи, како што соопшти МНР, ќе информира за тековните теми со ЕУ, за европското досие на земјава, реформските процеси, добрососедските односи, а една од […]

Утрото свежо, преку ден сончево и топло до 29 степени


По свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната […]

Пендаровски: Португалското претседателство очекува Бугарија до 22 јуни да ја одобри преговарачката рамка за С Македонија


Португалското претседателство очекува до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за С Македонија,  изјави претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното интервју за „360 степени“ на Алсат М. Пендаровски кој денеска се сретна со шефот на дипломатијата на Португалија Аугусто Сaнтош Силва, рече […]

Кај младите што починаа од КОВИД-19, главен ризик фактор беше гојазноста, вели д-р Докиќ


Главен фактор кај младите што починале од КОВИД-19 била гојазноста, изјави вечерва пулмологот д-р Дејан Докиќ.  Во гостување во Тема на денот на Сител, д-р Докиќ, одговарајќи на прашањето зошто многу лица починаа од корона вирусот, рече дека секој од нас не знае каков имунолошки систем крие. „Не е нешто што можете рутински да го […]

Горан Сугаревски избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ


Горан Сугаревски денеска е избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, соопштија од партијата, по одржување на првата седница на новоизбраниот НО на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов. На оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа, се вели во соопштението. Надзорниот одбор […]

Аргентина девет денови без фудбал поради коронавирусот


Сите фудбалски активности се суспендирани во Аргентина во следните девет денови, воочи воведување карантин во поголемиот дел од државата поради пандемијата со Ковид-19. Аргентинската фудбалска федерација се одлучи на таков чекор три недели пред Копа Америка, што започнува на 13 јуни во Аргентина. Од одлуката на аргентински власти се изземени само натпреварите кои идната недела ќе се играат во рамки на Копа Либертадорес. […]