Индија бара социјалните мрежи да отстранат содржина во која се споменува „индиска варијанта“


Владата на Индија побара од социјалните мрежи да ја отстранат целата содржина во која се споменува „индиската варијанта“ на коронавирусот, пренесува Би-Би-Си. Министерството за информатичка технологија вели дека Светската здравствена организација ја класифицира оваа варијанта под шифра Б. 1.617 и оти е „неточно“ да се нарекува „индиска“. Не е невообичаено варијантите на коронавирусите да се опишуваат со географски одредници, како што се британските и бразилските […]

Левандовски го надмина рекордот на Герд Милер за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постави нов рекорд за најмногу погодоци во Бундеслигата во една сезона. Левандовски попладнево го постигна 41. гол во Германското фудбалско првенство во 9+1. минута во последното, 34. коло на средбата со Аугсбург (5:2). Полјакот го надмина достигнувањето на легендарниот германски фудбалер, Герд Милер, кој имаше 40 гола во германскиот […]

Поранешниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка во Британската галерија после критики поради интервју со принцезата Дајана


Поранешниот директор на британскиот јавен сервис Би-Би-Си Тони Хол, денеска поднесе оставка од функцијата претседател на управниот одбор на Британската национална галерија, откако беше критикуван за интервјуа со сега покојната принцеза Дајана од 1995 година. Во извештај објавен во четвртокот, Хол е остро критикуван поради неуспешната истрага за тоа како новинарот Мартин Башир обезбедил интервју со принцезата Дајана, […]

Средба на Пендаровски со Шаленберг, Логар и Кулханек: Час поскоро првата меѓувладина конференција


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министрите за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, на Република Словенија, Анже Логар и на Чешката Република, Јакуб Кулханек. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се разговараше за евроинтеграцијата на Северна Македонија и регионалните предизвици на земјите од Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења и информации за […]

Епидемијата на Ковид-19 се стабилизира во делови на Индија


 Епидемијата на Ковид-19 во Индија се стабилизира во некои делови на земјата, соопштија денеска локалните власти, но бројот починати денеска се зголеми за 4.194, а заразата продолжува да се шири во руралните области каде што јавните здравствени служби се ретки и веќе преоптоварени. Индија на почетокот на мај пријавуваше повеќе од 400.000 заразени на ден, но бројките постепено се намалуваа. Денеска се евидентирани 257.299 нови случаи. Бројот […]

Со пешачка тура до планинарскиот дом Љуботен на Шара беше одбележан 22 мај- Меѓународен ден на биолошката разновидност


Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата на ООН за животна средина УНЕП (UNEP) денеска го одбележа 22 Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност со планинарска пешачка тура до најстариот планинарски дом на Шар Планина „Љуботен“, изграден во 1931 година. Освен министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, […]

Привршува првата рунда гласање за граѓанските предлози на МојГрад


Според досегашните резултати од гласањето на партиципативната платформа МојГрад, трите граѓански предлози кои во среда ќе бидат ставени на агендата на Советот на Градот од советничката Драгана Велковска се предлог за субвенции за стерилизација на милениците, предлог за пристапни улици и тротоари за лицата со хендикеп и предлог за отстранување на хаварисаните возила од Скопје. […]

Полска од Турција купува борбени дронови


  Полска ќе купи 24 беспилотни летала „Бајрактар“ од НАТО сојузничката Турција, рече денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блажчак на полското јавно радио. Борбените дронови ќе бидат вооружени со противоклопни проектили. Полска покрај леталата ќе купи логистички пакет за обука. Првата пратка ќе стигне во 2022 година. Дроновите имаат напаѓачки способности и се докажале […]

Почина човекот кој го створи хибридниот ориз и помогна да се нахрани Кина


  Угледниот кинески научник Јуан Лонгпинг, познат по развојот на првите сорти хибриден ориз, почина во саботата на возраст од 90 години, јавија кинеските медиуми. Кинескиот „татко на хибридниот ориз“ почина во болница во Чангши, во провинцијата Хунан. Агрономот, роден во Пекинг во септември 1930 година, се смета за кинески јунак. Неговите први хибридни посеви […]

Кабинетот на чешкиот претседател почна да бојкотира дел од локалните медиуми


 Кабинетот на чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека повеќе нема да одговара на какви било прашања од пет чешки редакции „затоа што нивното критичко пишување, пред сè за луѓето околу претседателот Земан, но понекогаш и за самиот претседател“ го толкува како ширење дезинформации. – Во согласност со законот, канцеларијата на претседателот Земан се грижи за нејзината репутација, а споменатите […]

Двајца мртви, осум ранети во престрелка во Минеаполис


  Убиени се двајца мажи, а осуммина се ранети во пукање во центарот на Минаеполис, објави полицијата. „Од 10 жртви сеите се возрасни, пет мажи и пет жени. Двајца од починатите се мажи, а еден маж е во критична состојба“, напиша полицијата на Твитер. „Вратен е редот на местото на инцидентот и блиската околина“, наведе […]

Медиуми: Елмас не е на трансфер листата на Наполи


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со сигурност останува во редовите на Наполи во следната сезона, откако неговото име не е на трансфер листата за претстојниот преоден рок што денеска ја објавија италијанските медиуми. Весникот „Газета дело Спорт“ објави пет имиња, кои летово ќе го напуштат италијанскиот прволигаш, наведувајќи дека од Наполи заминува и тренерот Џенаро Гатузо. […]

Над 60 земји со официјално писмо до СТО за откажување од патентите за вакцини


Повеќе од 60 земји во посебен документ испратен до Светската трговска организација (СТО) побараа откажување од заштита на интелектуалната сопственост за вакцините против Ковид-19 и други медицински инструменти, додека беснее пандемијата, пренесе Бгнес. Податоците за документот ги презентирала добротворната организација Доктори без граници и невладината организација Knowledge Ecology International (KEI). КЕИ објави преработен текст со […]

Шаленберг, Логар и Кулханек на средба со Заев: ЕУ да го испорача ветеното


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек, кои се во еднодневна работна посета на нашата земја. Во разговорите за време на средбата во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на […]

Од КОВИД-19 починаа уште 16 лица, регистрирани 51 позитивни и 84 оздравени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1. Пријавени […]

ОН: 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење


 Обединетите нации денеска соопштија објавија дека околу 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до чиста вода за пиење, бидејќи скоро 50 проценти од мрежата за водоснабдување е уништена во неодамнешниот вооружен судир меѓу Хамас и Израел. Како што јави телевизијата Ал Арабија, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи соопштила дека околу 17.000 станбени, […]

На инфективните оддели се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19


На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19. Има околу 559 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 129 лица сомнителни и […]

МЗ: Во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и тој им е достапен на пациентите


Пациентите не се оставени без инсулин. Во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, тие […]

Почина поранешниот јавен обвинител Коста Петровски


По кратко боледување денеска на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител, кој својот работен век го посвети на Јавното Обвинителство во Република Северна Македонија. Петровски беше роден на 16 ноември 1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во […]

„Преспа фиш” основана од 22-ца риболовци наредните шест години ќе стопанисува со Преспанско Езеро


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Претор потпиша договор за управување со водите на Преспанското Езеро со концесионерот, „Преспа фиш” компанија основана од 22-ца риболовци од регионот. Договорот го потпишаа ресорниот министер Ајранит Хоџа и управителот на „Преспа фиш” Самедин Ајрулаи, во присуство на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски. Компанијата „Преспа фиш […]