Автомобил се залета во пешаци во Кина, пет мртви


  Автомобил се залета во група пешаци во североисточниот кинески приморски град Далаин и притоа загинаа пет лица, јавија државните медиуми во неделата. Црна лимузина се залетала во луѓе кои приминувале улица во саботата и побегнала од местото на несреќата, наведува новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на канцеларијата за јавна сигурност во Далаин. Четворица загинале […]

Алтернативните мерки „вакцина“ против криминалната инфекција во затворите


Вкупно 441 лице изминатите две години добиле „втора шанса“ по сторено кривично дело за кое им била пружена можноста наречена „Алтернативна мерка“. Овие мерки, кои ги отсликуваат универзалните определби на современото казнено право, како што вели професорот Никола Тупанчески од Правниот факултет „Јустинијан Први“, се само за вклучување на „црвено светло“ дека некое лице се […]

МААЕ веќе нема да има пристап до податоците од Иран


Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Бејкер Калибаф денеска изјави дека вчера истече тримесечниот договор за надзор меѓу Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). – Од 22 мај и на крајот на тримесечниот договор, агенцијата нема да има пристап до податоците собрани од камерите во нуклеарните постројки договорени со спогодбата, рече Калибаф. МААЕ претходно оваа недела соопшти дека […]

(Видео) Најмалку 21 жртва за време на ултрамаратон во Кина


Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата. Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони […]

ЕУ бара начин да ја заобиколи Унгарија по серијата блокади


ЕУ може да започне да издава соопштенија во име на 26 членки, наместо на сите 27 по серијата вета на Унгарија за низа прашања, им рече на новинарите во петокот (21 мај) дипломат на ЕУ. Забелешката следи по голем број на вета на Унгарија на ниво на ЕУ за прашања од надворешните работи. Во април […]

Македонските војници мировници и во мисии и на вежбите со сојузниците


Мировни операции во патроли со возила и пеш, обезбедување на база, ескорт на конвои, но и проигрување на голем број инциденти како наидување на раселени лица, напад на конвои и патроли и реализација на голем број на боеви гаѓања се темите на увежбување во првата недела од воена вежба „Одлучен удар 21“ која се одржува […]

Зголемениот криминал е главна тема за изборите за градоначалник на Њујорк


Напади со ножеви во подземната железница, масовни престрелки, вклучително и на Тајмс Сквер: откако долго време се фалеше дека е една од најбезбедните метрополи во светот, Њујорк се соочува со зголемен криминал, што стана централна тема на кампањата за општините. По седумдесеттите и осумдесеттите години од 20-от век, кога во најголемата метропола во САД, зафатена […]

САД: Бројот на новозаразени најмал од 18 јули


Бројот на новозаразени со коронавирусот во САД опаѓа, што шири оптимизам дека вакцинацијата придонесува за намалување на тешките форми на болеста и намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19. Просечниот број на нови случаи во последните седум дена е под 30.000, а директорката на Националниот центар за контрола на болести, Рошел Валенси, потсетува дека […]

Аудио рурална авантура низ Мариово


Само-водечки аудио тури низ Мариово на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик од сега се достапни за секој што ќе посака да и пристапи на природата со мобилен телефон како водич. Домашната и меѓународната јавност во функција имаат нов проект, „Рурална авантура“ (http://www.ruraladventure.mk), кој го реализираше здружението OFF ROAD Macedonia, за што финансиска поддршка […]

Тел Авив: Илјадници демонстранти бараа соживот на Евреите и Арапите


Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите. Демонстрациите во Тел Авив се само еден од протестите во бројни градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11 дена вооружени конфликти. Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел. – Овде живеат два […]

Саудиска Арабија ќе засади десет милијарди дрвја


Саудиска Арабија планира да засади десет милијарди дрвја како дел од амбициозната кампања што ја почна принцот Мохамед Бин Салман. Пустинското кралство соопшти дека овој потег е во согласност со намалувањето на емисиите на штетни гасови, борбата против загадувањето и оштетувањето на почвата, кои се закануваат во следните децении. Бин Салман рече дека државата планира да ги намали емисиите […]

Во Скопје шеста година по ред моторџиите ќе дефилираат во чест на машкото здравје


Скопје и годинава е дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое се одржува во чест на машкото здравје. Стотина вљубеници во класичните мотори облечени во елегантни костими денеска ќе продефилираат низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата. За разлика […]

Сончево и топло со температура до 33 степени


Времето ќе биде сончево и топло. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе […]

Фаворитот Италија со рок песна победи на 65. Евросонг


Италија со групата „Манескин“ и песната „Ziti e buoni“ победи на Евросонг благодарејќи на гласовите од телеволтингот. До крајот се водеше битката меѓу Франција и Швајцарија за да на крај со 524 гласови победи Италија. Ова е трета победа на Италија на музичкиот настан по Џинола Чинквети и Тото Кутуњо во 1964 и 1990 година […]

Дали во фатаморганата има оаза?


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Бугарија е на пат да ја уништи политиката на ЕУ за регионот. Тоа ќе биде целосен пораз за Унијата. За тој пораз ќе нема зборови за објаснување, освен можеби еден – фатаморгана, како што рече амбасадорката Анке Холштајн      (Колумна за Дојче веле) Би можеле да избирате: дали од вашиот хи-фи систем да […]

Овчар од Албанија обвинува дека го чуваат како заложник во гостварско Топлица


Жител на селото Џир, кај албанскиот град Либражд обвинува дека веќе четири месеци го чуваат во заложништво во селото Топлица, гостиварско. -Џевахир Хоџа, е еден од многуте Албанци, кои одлучиле да работат во кој било сектор, надвор од Албанија, за да обезбедат колку толку приходи за семејствата. Но, и покрај напорната работа како овчар, за […]

Со корона заразени 100 алпинисти на Монт Еверест


Експертски водич за планинарењерече дека епидемијата на ковид на Монт Еверест заразила најмалку 100 алпинисти и помошен персонал. Тоа е прва сеопфатна проценка на избувнувањето на заразата по официјалните деманти на кластерот на Ковид- 19 на највисокиот врв во светот. Лукас Фуртенбак, Австриец кој ја запре експедицијата во Еверест поради страв од вируси минатата недела, […]

Хакери украле податоци од 4,5 милиони клиенти на „Ер Индија“


Индиската национална авиокомпанија „Ер Индија“ соопшти дека во хакерски напад се украдени податоци на 4,5 милиони клиенти, вклучително и информации за пасоши и телефонски броеви за контакт. Ова се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на авиокомпанијата. Според авиопревозникот, преземањето на податоците се случило по либер напад против швајцарската компанија СИТА, која се занимава со резервации на билети и обезбедување на телекомуникациски услуги. – Нарушувањето се однесува […]

Во Велика Британија аплицирани повеќе од 50 милиони вакцини


Велика Британија направи голем чекор во кампањата за вакцинација, откако денеска бројот на аплицирани дози на вакцини против Ковид-19 надмина 50 милиони. Ова достигнување го објави министерот за здравство Мет Хенкок и додаде дека во бројката се вклучени двете дози, пренесе „Мирор“. Повеќе од 37 милиони Британци примиле дна доза, а повеќе од 21 милион […]

Драма до последниот свиреж на судиите – Атлетико нов шампион на Шпанија


Атлетико Мадрид го обезбеди првото место во Шпанското фудбалско првенство во сезоната 2020/21. Во последното коло, вечерва мадридскиот клуб извојува победа над Ваљадолид со резултат 2:1 и си ја загарантира првата линија. Атлетико по 11 пат стана фудбалски шампион на Шпанија. Реал Мадрид имаше шанса да го стигне градскиот ривал, но победата на Атлетико ги […]