Вино чувано на дното на Охридското Езеро на понуда на туристите


Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона. Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво […]

Осуммина загинати во пукотницата на железничката станица во Сан Хозе, Калифорнија


Осум лица загинаа во пукотницата што рано утринава се случи на железничка станица во Сан Хозе, а осомничениот за пукањето е мртов, соопштија калифорниските власти.   Само двајца пациенти биле донесени до болница, каде набрзо била констатгирана нивната смрт.   Заменик портпаролот на шерифот, Расел Дејвис, изјави дека осомничениот бил вработен во компанија која обезбедува […]

Средба Матарела – Пендаровски: Италија и Македонија имаат голема меѓусебна доверба


Интегрирањето на Македонија и целиот Западен Балкан во ЕУ е важно за регионалната безбедност и просперитетот. Затоа првата меѓувладина конференција меѓу Европската унија и Македонија е неопходно да се одржи што е можно поскоро. Ова го заклучија италијанскиот и македонскиот претседател, Серџо Матарела и Стево Пендаровски на нивната средба попладнево во Рим. Според соопштението на […]

Јовески и Русковска на средба со бугарскиот обвинител Гешев во Софија


На фонот на заедничкото патување на претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски во Рим, денеска во Софија се одржа и средба на двајцата јавни обвинители на Бугарија и македонија, Љубомир Јовески и Иван Гешев. Според соопштението на бугарското обвинителство на средбата присуствувала и Вилма Русковска, шефица на Одделението за гонење организиран криминал и корупција. Во […]

Рот: Не ја искачивме планината, но заедно можеме да го направиме тоа (Видео)


Толку е убаво повторно да си овде, ја почна прес-конференција Михаел Рот, германски државен министер за Европа, кој денес престојува во Скопје. „Сѐ уште не ја качивме планината, но само солидарно и заедно можеме да го направиме тоа. Некои од вас можеби се прашаа каде беше Европа изминатите месеци и недели. Сакам да ве убедам […]

(Видео) Пендаровски од Рим: Радев е културен и сериозен, но се држи до бугарските барања


Италија ќе се заложи за Македонија и за целиот Западен Балкан, кој предолго остана во чекална, процесите за интеграција да се забрзаат, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со претседателот на Италија Серџо Матарела. Околу спорот со Бугарија Пендаровски рече дека не разговарал со Матарела во деталји бидејќи тоа не е негова обврска, дека предлогот […]

Големите бугарски партии до последен ден чекаа за регистрација за изборите на 11 јули 


Во Бугарија денеска заврши рокот за регистрација на бугарските партии и коалиции за учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јули. Коалицијата ГЕРБ-УДФ го чекаше последниот ден од регистрацијата за до ЦИК да достави 9.999 потписи. Заменик претседателот на партијата, Даниел Митов, уверува дека и на овие избори тие ќе одат на победа. Како […]

Амбасадорите на ЕУ повторно ни го чистеа Скопје (фото)


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, амбасадорите на Австрија, Хрватска, Франција, Унгарија, Италија, Полска, Холандија, Романија, Шведска и Чешката Република, како и министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска учествуваа во акцијата за чистење организирана од Делегацијата на Европската унија. Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, акцијата беше организирана по повод […]

Врховниот суд на Шпанија се изјасни против помилување на каталонските сепаратисти


Врховниот суд на Шпанија денеска соопшти дека е против помилувањето на каталонските сепаратисти, кои се осудени за неуспешниот обид за независност од 2017 година, мерка што се разгледува од левичарската влада во земјата, јавуваат француските медиуми. Судот во денешното соопштение порачува дека е „против давање каква било форма на помилување, целосно или делумно“ за 12-те […]

Холандија без Ван Дајк на Европското првенство


Холандскиот селектор Франк де Бур го соопшти денеска списокот со 26 фудбалери за претстојното Европско првенство, на кое и дефинитивно, поради повреда, нема да настапи дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Холандија во воведните два натпревари од Групата Ц ќе игра против Украина и Австрија пред мечот од последното коло во групната фаза против македонската репрезентација, на 21 јуни […]

Словачка е втората членка на ЕУ која ја одобри вакцината „Спутник В“


Словачка е втората земја-членка на Европската унија што ја одобри вакцината „Спутник В“ од руско производство, која се уште не е одобрена од регулаторот за лекови во Унијата – ЕМА . Словачката Влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, до 7 јуни да ја направи вакцината достапна до граѓаните, пренесе Фена. Словачка има на […]

Безос стана газда на Џемс Бонд: Амазон го купи МГМ за 8,45 милијарди долари


Американската компанија за електронска трговија Амазон денес објави дека го купи филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, што е најамбициозниот потег во филмската индустрија, пренесува CNBC. Ова е втора најголема аквизиција на Амазон откако во 2017 година го купи синџирот продавници за прехранбени производи Whole Foods. Амазон соопшти дека сака да ја искористи богатата […]

Советот на НАТО бара итна и независна истрага за инцидентот со авионот во Минск


 Северноатлантскиот совет остро го осуди присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск, се вели во соопштението на НАТО издадено по состанокот на постојаните претставници на членките на Алијансата. Советот го осуди и апсењето на познатиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој беше во авионот и Софија Сапега, се вели во соопштението. Во документот се нагласува дека притворот на Протасевич е „навреда […]

Шефот на бугарското контраразузнавање соопшти дека е сменет заради откриените руски шпиони


Првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Димитар Георгиев, кој денеска беше предложен за разрешување од привремената влада, попладнево соопшти дека причина за неговото заминување од функцијата е откриената руска шпионска мрежа на крајот на март. Георгиев изјави дека на вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, пред две години му бил […]

Шаќири: Именувањето на политичари на високи раководни места доведува и до политички влијанија во постапките за вработување


Именувањето политичари на високи раководни места понатаму доведува и до политички влијание во постапките за вработување со тоа што оваа постапка развива незадоволство. Затоа, со професионализацијата на менаџерските позиции ќе се оневозможи пренесување на политички влијанија од функционерите на администрацијата и останатите вработени во јавниот сектор, изјави министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, […]

Трговската размена меѓу ЕУ и Велика Британија после Брегзит падна за една четвртина


Трговската размена меѓу Европската унија и Велика Британија падна за речиси една четвртина во првите три месеци по Брегзит, покажуваат податоци на британскиот Завод за национална статистика. Најголем пад е забележан во трговијата со Ирска и Германија, пренесува бриселскиот портал Еурактив. Извозот во Ирска се намалил за 47,3 проценти во периодот од декември до јануари, со најголем пад на извозот […]

Чествување во Небрегово: Македонскиот јазик и делото на Конески не може да бидат загрозени


Со манифестацијата „Поетско читање во Небрегово“ , членови на Друштвото на писателите на Македонија во родната куќа на Блаже Конески и  спомен-дом во прилепско Небрегово, со стихови и беседа го чествуваа делото на првиот претседател на ДПМ и негов основач. Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ, рече дека оваа манифестација е во програмата за чествување на […]

Барди позитивен на корона вирус, нема симптоми и контакт со останатите во репрезентацијата


 Репрезентативецот Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на македонската фудбалска репрезентација. Тој е без симптоми и во добра здравствена состојба, објави попладнево ФФМ. Фудбалерот на шпански Леванте при доаѓање на собирот на А репрезентацијата ги почитуваше мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и […]

Одбиено барањето на Берлускони за прекин на судењето


 Италијански суд денеска го одби барањето на поранешниот премиер Силвио Берлускони да го прекине судењето поради тешка болест. Судијата Марко Тремолада сепак го закажа следното рочиште за 8 септември, што му дава на 84-годишниот милијардер повеќе од три месеци да закрепне од последната акутна фаза на болеста. Берлускони, кој беше италијански премиер четири пати, годинава […]

ГИС: Потребни се одржливи решенија против измамите со горива


Проблемот со злоупотреба на тарифните броеви за мазут, при што наместо мазут се испорачувало отпадно масло, има многу аспекти и зафаќа различни државни институции, истакнаа денеска на прес-конференција од Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС), посочувајќи дека бараат одржливи решенија против овие измамите во кои отпад се користи како гориво, што се актуелизираа во последниот период по […]