Јовески и Русковска на средба со бугарскиот обвинител Гешев во Софија


На фонот на заедничкото патување на претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски во Рим, денеска во Софија се одржа и средба на двајцата јавни обвинители на Бугарија и македонија, Љубомир Јовески и Иван Гешев.

Според соопштението на бугарското обвинителство на средбата присуствувала и Вилма Русковска, шефица на Одделението за гонење организиран криминал и корупција.

Во соопштението се наведува дека Гешев и Јовески разговарале за „борбата против организираниот криминал, соработката во кривични прашања и прашањата од заеднички интерес“.