Димитров – Која: Почетокот на пристапните преговори неопходен импулс за спроведување на реформите


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која било разговарано за тековните состојби и приоритетите во процесот на демократизација и европеизација на македонското општество. Посебен фокус бил ставен на областите каде ОБСЕ активно и во континуитет обезбедува поддршка како […]

Почна вакцинација на лица со ретки болести и нивните родители и старатели


Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираат од Министерството за здравство. – Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијагнози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична фиброза. Во оваа […]

Јанша за промените на граници на Балканот: Стратешка цел е регионот да стане дел од ЕУ


Белгија – Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, попладнево одржа прес конференција во Европскиот Парламент на која доби прашање за наводниот словенечки нон пејпер во кој се споменува промена на границите на западниот Балкан. Јанша нагласи дека членството на земјите од западен Балкан треба да биде стратешка цел за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. За […]

АППТ: Закрепнувањето на туризмот ќе почне со гостите од регионот


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денеска и во наредните неколку дена ја придружува екипата на Радио-телевизија Србија (РТС – „Око магазин“) при нивната тура во Охрид и низ источниот дел на земјава. Агенцијата соопшти дека идејата на екипата е да се стави акцент на источниот и западниот дел на државава при […]

Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино (видео)


Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и со средства од Владата. Овие проекти имаат за цел да ги откријат убавините на нашата земја, кои ги има многу, порача вицепремиерот за економски прашања […]

Лукашенко го обвини Западот дека водел „хибридна војна“ против Белорусија


Според автокртаскиот лидер реакцијата на Западот по приземјувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на новинарот била „планирана провокација“   Александар Лукашенко ги даде своите први јавни коментари во одбрана на неговото приземјување на летот на „Рајанер“ минатата недела, обвинувајќи го Западот за започнување „хибридна модерна војна“ против Минск и нарекувајќи ја реакцијата на инцидентот […]

Каролина Гочева со нов албум: Преработки на македонски евергрини со Бојаџиев и Лумановски


Есенва ќе биде готов новиот албум на поп-ѕвездата Каролина Гочева. Станува збор за албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. „Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со @dukebojadziev и @ismail_lumanovski работевме скоро две […]

Петгодишното дете, единствениот преживеан во падот на гондолата, се разбудило во болница


Петгодишниот Еитан Биран, единствениот преживеан од несреќата на жичарницата во северна Италија во која загинаа 14 лица оваа недела, се разбуди три дена по катастрофата. Биран бил под седативи во Торино и останува во сериозна состојба. Неговите родители и братчето загинаа во несреќата. Според израелските медиуми, неговата тетка била со него кога се разбудило.

Шахпаска: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи


 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи. -Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите коишто беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска […]

Бесими: Инвестициите во општински енергетски ефикасни објекти е од големо значење за заздравување на економијата


Од 50 илјади до 750 илјади евра е сумата за која општините во Република Северна Македонија ќе можат да аплицираат на јавниот повик за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, чиј вкупен фонд изнесува 10,5 милиони евра, а беше објавен пред една недела. -Инјектирањето средства во проекти што имаат силна додадена вредност […]

Очекуваме да го наплатиме побарувањето од стечајната маса на Еуростандард банка, велат од ФОД


Фондот за осигурување депозити очекува да ги наплати побарувањата кои што ги има од Еуростандард банка и покрај одлуката на Уставниот суд со кој се укина одредбата од Законот за банки, која му даваше предимство на ФОД пред другите доверители на банка во стечај. Од оваа институција, која се смета за еден од столбовите за […]

Во Косово најавено укинување на полицискиот час и на забраната за забави и веселби


Косово– По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, косовские власти најавуваат дека од средината на идниот месец ќе ја укинат забраната за одржување веселби и свадби, која беше воведена со цел спречување на ширење на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Асоцијацијата на општините на Косово (АОК), по денешнта средба со […]

Политика: По тест во Северна Македонија, па во Грција


Србија– Мнозинството српски медиуми денеска како главна вест ја соопштија одлуката на македонската влада за ослободувањето од плаќање патарина на коридорот 10 од 15 јуни до 15 август, а „Политика“ излезе со текст за „своевиден медицински туризам“ на српските државјани, со вадењето ПЦР тестови во Северна Македонија за одмор во Грција, јави дописникот на МИА […]

Нови 46 случаи со Ковид-19, 14 починати лица


Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 14 починати лица и 147 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.   Од 46 нови случаи, во Скопје се 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и […]

Пендаровски и Радев ќе ја обновуваат довербата меѓу двете земји


Македонскиот и бугарскиот претседател денеска од скопскиот аеродром порачаа дека е време да биде обновена довербата меѓу двете земји откако односите паднаа на најниско ниво по блокадата на Софија на европскиот пат на Македонија. Авионот со Румен Радев денска слета во Скопје за да го земе Стево Пендаровски  и заедно да заминат на чествувањето на […]

Дали одлуката на Уставен суд ќе се однесува и на Еуростандард банка


Mирче Jовановски Штедачите и депонентите на Еуростандард банка извојуваа значајна победа влијаејќи Уставниот суд да ја промени еднаш веќе донесената одлука и во повторената иницијатива да го укине приматот на Фондот за осигурување депозити што го при наплата на побарувањата во стечајна постапка на некоја банка. Станува збор за член 163 став 3 од Законот […]

Јапонија нарача 120 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“


„АстраЗенека“ и „Нипро корп“ потпишаа договор за испорака на вакцината на британско-шведската компанија во Јапонија. „Нипро“ соопшти дека договорот е за полнење на дозите во вијали и пакување, што треба да започне следниот месец. Јапонската влада се согласи да набави 120 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“, што е доволно за 60 милиони луѓе. Вакцината беше […]

Царовска: Промени во образованието мора да има


   Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има, порача и денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која рече дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка. И покрај  оспорувањето на дигитализацијата и иницијативата за собирање потписи со кои се бара референдумско изјаснување за реформите, министерката посочи […]

Попладнево пороен дожд, грмежи и локално невреме


Попладне и кон крајот на денот на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени, […]

Добрила Кацарска на чело на Уставниот суд


Неколку месеци по нејзиниот избор за уставен судија, Добрила Кацарска денеска беше избрана за нов претседател на Уставниот суд. Таа добила шест гласа од деветте уставни судии што претставува неопходното двотретинско мнозинство. Досегашниот претседател Сали Мурати ја закажа седницата за избор на нов претседател затоа што нему и на уште двајца уставни судии (Никола Ивановски […]