(ВИДЕО) Средба на Пендаровски со Радев


Во интерес на регионот и на македонскиот и бугарскиот народ е да ги негуваме добрососедските односи. Сите отворени прашања да ги решаваме во духот на меѓусебното разбирање и доверба, напиша на Фелсбук по кусата средба со бугарскиот претседател Румен Радев шефот на државата Стево Пендаровски, пред да заминат заедно за Рим.

Антонија Ристовска со нова колекција на венчаници: Во светот на „Алиса во земјата на чудата“ (галерија)


Најновата колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride е инспирирана од главниот лик во бајката Алиса во земјата на чудата. Алиса, која е епитом на љубопитноста, фантазијата, на магичниот свет кој можеме да го спознаеме доколку си дозволиме да сонуваме. Алиса, отворена кон нови можности и идеи. Алиса, која не се фокусира на реалниот свет, туку […]

Видео приказните на Седат Пекер ја растресоа турската влада


Мафијашот кој порано соработуваше со тајните служби во своите емисии на Јутјуб обвинува високи владини функционери за злосторства вклучувајќу убиство, силување, корупција и трговија со дрога   Турските телевизиски серии се популарни во целиот муслимански свет за време на Рамазан, полни со приказни за интригите во палатата и криминалното подземје. Оваа година изненадувачкиот хит не […]

(Во живо) Промоција на ПТТ средно стручно


 Во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, чија цел е запознавање на идните средношколци со перспективите и можностите кои ги нуди овој тип на образование,  министерката за образование и наука Мила Царовска ќе посети скопските средни стручни училишта „Здравко Цветковски“, „Георги Димитров“, „Владо Тасевски“ и […]

Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија


 Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре. Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност. Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека […]

Објавена драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Плевнеш


Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш. – Во ова драмско дело, познатиот драмски писател, поет и романсиер, како на филмско […]

Скопските улици „Женевска“ и „Хаванска“ утре без вода


Прекин во водоснабдување утре од 8.30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Женевска“ и „Хаванска“ во Скопје. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-125 милиметри на ул. „Женевска“ број 39. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата

СЗО: Индискиот сој пријавен во 52 територии


 Индискиот сој на коронавирусот е официјално пријавен на 53 територии, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии. Бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи се регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и […]

Саемот за книга 2021 ќе се одржи од 8 до 14 септември


Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, СЦ Борис Трајковски. Саемот традиционално е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи […]

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници


Србија– Три песни од покојниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во учебниците на српски јазик за основните училишта во Србија, пишуваат тамошните медиуми. – Тој е важен затоа што е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Така, тука ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека дека во тек е етапната исплата на  мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички […]

Студија: Само 0,01 отсто од Американците се заразиле со Ковид-19 по целосна имунизација


Само 0,01 процент од Американците биле повторно инфицирани по целосна имунизација против Ковид-19 во периодот јануари-април. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести во студија биле опфатени 101 милиони луѓе  подложени на целосен курс на вакцинација помеѓу 1 јануари и 30 април – 10.262 инфекции се пријавени во рок од две недели по […]

„Flamboyant Blossoms“ – прва модна колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade


Петнасеттината стилски изгледи за пролет и лето зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Pink Lemonade е името на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за да биде носен од девојки и жени […]

Официјалниот партнер на Олимписките игри во Токио повика да се откажат игрите поради коронавирус


Јапонскиот весник „Асахи“, кој е официјален партнер на Олимписките игри во Токио, повика на откажување на натпреварите поради ширењето на коронавирусот. – Ширењето на коронавирусот сè уште не е запрено. Во Токио и другите региони на земјата, вонредната состојба ќе мора да се продолжи. Не сметаме дека е разумно да се одржат Олимписките игри и […]

Пронајдена дрога, приведени две лица


Полициски службеници од Кичево синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје и Велес, откако кај нив е пронајдена и одземена марихуана, соопшти денеска МВР. – Синоќа во 22:00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н. (26) од Велес и М.С. (32) од Скопје. При […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот ,,Тортура”


Одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе ги дадат завршните зборови. На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и […]

Радев го спушта тонот во кавгата со Македонија


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Доаѓањето на Радев денес е гест на добра волја кон Македонија, но и потег во интерес на некоја друга попријателска и проевропска Бугарија   Кога ќе слета авионот на бугарскиот претседател Румен Радев во Македонија, ништо веќе нема да биде исто во односите со Бугарија. Не дека Радев ќе попушти пред македонските очекувања, […]

Поротата одлучува за подигање обвинение против Трамп


Окружниот државен обинител на Менхетен ја повика големата порота која треба да одлучи дали ќе биде покренато обвинение против поранешниот претседател на САД ДОналд Трамп, јави во вторникот вечерта Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица упатени во случајот. „Поротата е неодамна свикана и ќе заседава неделно три дена следните шест месеци“, објави Вашингтон пост. […]

Во Бразил 450.000 починаа од корона вирус


  Бразил во вторникот забележа повеќе од 450.000 смртни случаи од Ковид-19, објави Министерството за здравство. Во последните 24 часа во Бразил починаа 2.173 лица, а забележани се 73.453 новозаболени од корона вирус. Од почетокот на пандемијата во Бразил од тој вирус починаа 452.031 лице, а според официјалните податоци повее од 16 милиони луѓе досега […]

УЕФА ги тужи Реал, Барселона и Јувентус


Франција– Европската фудбалска асоцијација објави иницирање дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Причината за отворање на случајот е можно кршење на регулаторната рамка на УЕФА, заради проектот Суперлига. Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, за разлика од другите девет клубови основачи на турнирот, не ја напуштија Суперлигата. Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, […]