Мицкоски ќе барал одговори од Себастијан Курц за клиничкиот центар


Вмровскиот лидер не верува дека австриската влада помогнала во изготвувањето на физибилити студијата за новиот клинички центар и рече дека СДСМ го „поганел“ името на Курц. СДСМ го обвини Мицкоски дека користел „подмолна“ стратегија на средбата со Заев   Еден ден по соопштението на СДСМ, во кое Христијан Мицкоски беше обвинет дека и покрај ветувањето […]

По сообраќајна несреќа кај делчевското село Град, загина 18 годишно момче од Делчево


Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево Берово, доцна попладне кај делчевското село Град по излетување на возило, загина 18 годишно момче. На местото на несреќата  интервенирала екипа на Итната медицинска помош, од каде информираа дека по укажаната интервенција, со нивно возило заедно со сега веќе починатиот (Ф.А) се упатиле кон најблиската Клиничка болница, кој […]

Тони Блер пуштил коса како рокер


Повеќе отколку неговите политички пораки косата на Тони Блер, поранешниот британски премиер, предизвика жешка расправа на социјалните медиуми. Гледачите беа прилично изненадени кога го видоа Блер со таква фризура пред некој ден во интервјуто за ИТВ во кое се разговараше за локалните избори идната недела и за изборите во Шкотска. Неговата коса пораснала во времето […]

И социјалистите ќе го вратат мандатот веднаш, Бугарија оди на нови избори


Веќе е сигурно дека Бугарија ќе оди на нови избори откако денеска врвот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) на затворен пленум одлучи да му го врати мандатот на претседателот Румен Радев веднаш кога тој ќе им го врачи на 5 мај. Лидерката на партијата, Корнелија Нинова, повеќе била наклонета и за партиска и за експертска […]

Берлускони е пуштен од болница по 24 дена, дома го чека соба слична на болничката


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е пуштен од болницата во Сан Рафаеле во Милано, каде мина 24 дена вршејќи прегледи, изјави близок извор во саботата. Осумдесет и четири-годишниот Берлускони се врати во својата вила во Аркор, северно од Милано, откако во петокот беше отпуштен од болница, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“ на својата официјална […]

Од Ковид-19 починаа 36 лица, стапката на позитивни е 9,4 отсто


Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Стапката на позитивни примероци е 9,4 отсто. Министерството соопштува дека 14 пациенти од денешниов биланс се починати од 1 до 17 април. Најголем број од новозаболените се […]

Се степале две семејства од селата Буковиќ и Раовиќ, имало и пукање, приведени десет лица


Полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров вчера привеле десет лица по физичка пресметка меѓу две семејства од селата Буковиќ и Раовиќ, во Општина Сарај која завршила со престрелка и еден повреден со прострелни рани. Лицата биле приведени, постапувајќи по пријава според која во 20:45 часот во село Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и […]

Ф1: Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката во Португалија


Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Португалија, откако возачот на Мерцедес беше најбрз на денешните квалификации. За Ботас ова е прва пол – позиција сезонава и вкупно 17. во кариерата. Покрај него во првиот ред на неделната трка ќе му биде клупскиот колега и актуелен […]

(Фото, видео): Демонстрации низ целиот свет по повод 1 Мај


Демонстранти ширум светот се судрија со полицијата кршејќи ги анти-ковид правилата за да учествуваат во традиционалните протести на 1 Мај. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Берлин, Истанбул, Мадрид, Париз и Торино на Меѓународниот ден на трудот, јави „Дејли меил“. Во Турција демонстрантите се судрија со полицијата, при што беа уапсени стотици лица. Атмосферата и во Париз беше напната, кога припадниците на Жолтите елеци се соочија […]

Стефановски четвртопласиран во Монца


Македонскиот автомобилист Игор Стефановски имаше денеска забележителен старт на новата сезона во првенството на ТЦР Италија, освојувајќи го четвртото место на патеката во Монца во конкуренција на 24 возачи Стефановски стартуваше од четвртата позиција на дождливата патека, но веднаш изби на лидерската позиција на која остана осум минути пред да биде престигнат од крајниот победник […]

Полицијата се судри со демонстранти во Истанбул, најмалку 100 лица се уапсени (видео)


Голем број демонстранти се уапсени во Истанбул кога се обидоа да го одбележат 1 мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата во рамките на анти-ковид мерките. Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот. На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири […]

Заев и Филипче даруваа крв по повод Денот на трудот – 1 Мај


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во Службата за трансфузиска медицина во Струмица, по повод 1 Мај – Денот на трудот. – Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во […]

Велигден без полициски час, во сила останатите мерки за заштита од Ковид-19


Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот. Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата […]

Во Хрватска починаа 49, а во Босна 28 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.046 нови случаи на корона висрусот, а починаа 49 лица. Во овој момент во Хрватска има 14.276 активни случаи; на болничко лешење се 2.210 пациенти, од кои на респиратор се 246. Во Босна и Херцеговина има 381 нови случаи на Ковид-19, а починаа 28 лица.

Бектеши: Новиот закон за трговија предвидува сто проценти поголема дневница за вработените ангажирани во недела


Министерот за економија, Крешник Бектеши во објава на својот фејсбук профил  напиша дека со новиот закон за трговија се предвидува 100 проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела.   – Сто проценти проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија, стои во објавата на Бектеши. […]

Бугарија: Расте популарноста на Има таков народ на Слави Трифонов


Според последната анкета, ГЕРБ и Има таков народ се изедначени во поддршката, а во мал пораст е изјаснувањето и за другите протестни партии   Постизборната конфузијата во Бугарија околу формирањето на новата влада донесе поместување во рејтинзите на политичките партии. Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов три недели по изборите ја зголеми популарноста кај […]

Неверојатно: Да се промаши гол од пенал не е невообичаено, но цела трибина… (видео)


Неверојатно промашување од белата точка се случи на натпревар од втората лига во Холандија помеѓу Алмере и Јонг Ајакс (вториот тим на Ајакс). Имало секакви пенали, но некој да биде толку непрецизен што покрај голот, ја промаши и целата трибина зад стадионот – тоа е веќе „уметност“. Токму тоа му се случи на Брајан Броби, […]

Три илјади луѓе со негативен ПЦР тест се забавуваа во Ливерпул


По повеќе од една година љубителите на ноќниот живот во Ливерпул конечно уживаа. Три илјади луѓе синоќа се собраа на огромна забава во ноќниот клуб Circus (некогашен магацин), а други 3.000 ќе се забавуваат утре на истата локација. Всушност станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога […]

На аукција ДНК на Наполеон Бонапарта


Приватните колекционери ќе имаат ретка можност следната недела да купат ДНК на Наполеон Бонапарта. По повод два века од смртта на францускиот војсководец, на аукција ќе биде ставено парче од платното, со кое тој бил покриен за време на обдукцијата. Францускиот император почина на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена […]

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај


Одлуката на грчката Влада за привремено затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен […]